Утре доаѓа во предвид одмор само во случај на поволна разврска од првите два меча (олеснителна околност е што играме последни)
еве ја табелата:
7 Грција
7 Македонија
6 Хрватска
6 Босна
5 Финска
5 Црна Гора
има четири комбинации
1. финска* - црна гора / хрватска* - грција
2. финска* - црна гора / хрватска - грција*
3. финска - црна гора* / хрватска* - грција
4. финска - црна гора* / хрватска - грција*
најповолни би биле 1 и 3 во тој случај, без разлика што ќе направиме со босанците префрлуваме 4 бодови.
во тој случај со една победа од 3 меча ние правиме сензација!
е сега во случај на 2 и 4.
во случај 2: грција 9, хрватска 7, финска 7, црна гора 6.
доколку изгубиме од босна ќе имаме 8, одиме понатаму, но и босна ќе има 8. што значи ние пренсуваме бодови од грција, босна од нас, грција од босна. хрватска испаѓа.
доколку победиме, ќе имаме 9, босна 7 и хрватска 7 но и финска 7. без разлика што се прави круг помеѓу хрватска-босна-финска (кош разлика бидејќи се изедначени) ние сите три сме ги добиле во овој случај, па кој и да оди од нив, ние си ги пренесуваме бодовите.
во случај 4: грција 9, хрватска 7, црна гора 7, финска 6.
истата ситуација како во случајот 2, само наместо финска тука црна гора има 7 бода. значи ако изгубиме повторно ги пренесуваме само бодовите од грција, ако тепаме се праи круг хрватска-црна гора-босна. во овој круг смета малку црна гора, но не е страшно бидејќи овде босна иде даље што нас пак ни одговара.
се на се - на хрватска и е императив да победи, бидејќи ако изгуби, ќе чека на нас да тепаме, плус ќе чека финска да тепа, па ќе чека кош разлика.
грција исто има императив да победи, бидејќи можно е да не префрли ништо ако одиме ние и хрватска.
замрсено у ПМ! ај нека поминат првите две утакмици па ќе биде многу појасно.
ако ни заврши работа хртватска супер, ако не натпреварот со босна според мене ќе биде најважниот на ова првенство за Македонија. за сите оние на кои малку ова им е сложено, ќе сватите подоцна колку ќе биде важна победата.