неколку работи.
прво, ја разлистав темава од почеток. почетните постови и крајните - тажна слика.
неиздржано величење на хрватска (чиниш кукоч, раџа и петрович играат моментално) и безобразно омаловажување на нашите после еден изгубен натпревар завчера во продолжение.
после победата сите коментари - вака се игра!!
не се игра вака, исто игравме и со црна гора, среќа фалеше да победиме. сега имавме среќа. во заблуда се сите оние што мислат дека драстично изигравме подобро.
мораме да бидеме реални. немаме квалитет. нема скоро никаква поврзаност во нашите редови. супер е да сме дел од европско (веќе не е ни успех да се биде дел, со оглед што пола еврпа е тука) поразите и победите се составен дел од играта, секогаш треба да сме со нив.
хрватска е великан во кошарката, но во моментов (неколку години) кубурат и они со квалитет. далеку се од фаворити на првенство, се знае шпанија, турција, франција, литванија, грција па и србија...
со грција воопшто нема да биде лесно. имаат голем избор на играчи, кај нив нема промашени положувања, утки од под кош, подавање во аут и слично. преголема конкуренција имаат за такви луксузи да си дозволат. ќе биде тешко, сакам достоинствен отпор, зошто да не и изненадување. спортски е да се надеваме.
со среќа нека ни е.
п.с. да не се летаме дека со босна и финска е завршена работата. не е ни малку. се надевам марин ќе се фокусира на тие натпревари, а со грција да испроба нови варијанти. најтешкото доаѓа.