The Mummy
The world is not enough
- Член од
- 3 мај 2006
- Мислења
- 5.415
- Поени од реакции
- 181
Кога ја гледам нашава игра не можам, а да не коментирам дека немаме тренер. Арсиќ беше уште полош од Марин, сега барем одбрана играме, а да не беше Арсиќ на минатото можевме и тогаш да ја добиеме Хрватска, а подоцна и Русија. Ама ајде да не забегуваме во тие води.Да немавме тренер немаше за прв пат во наша историја да ја победиме Хрватска и да играме таква одбрана 2 натпревари по ред, не мора упорно да се трола за тоа дека Марин е тиња, бар не после еден ваков голем за нас триумф.
Антиќ ко прв пат вака да игра, со Арсич исто шутираше 5ки ама тогаш беше попрецизен па на никој тоа не му сметаше ...
Проблемот е што типот си зима голема слобода а без него се десеткувани на терен бидејќи адекватна замена по повредата на Кире немаат, а и по повредата на Гечевски кој сеуште не е закрепнат целосно. Сигуно Докузовски не му рекол на Антиќ шутирај од кај стигнеш, нема везе што имаме уште 15 сек од напад, напад кој е круцијален за нас, али еве, ќе го седне на клупа ... и ?! Самарџиски девојчето ли ќе покрива ? ( со тие предиспозиции што ги има, игра ко женско ) или Чековски кој за 2 минути у 4та 100 лични направи и на 7 мин до крај веќе 5 лични имаа направено нашиве.
Како и да е не знам што работат на тренинзите и подготвителните натрпевари, јас кога тренирав со 12 години секој тренинг скоро имаше вежбање акции, а сега дури после 25 минути им текна дека кошарката не се состои само од шутирање 3ки. Е за тоа е тренерот тука да каже нешто, да измени.
Се согласувам за тоа дека Самарџиски не знае да ги користи своите предиспозиции, а и дека нема адекватна замена за Перо, ама ја да сум тренер не дозволувам играч што е 2.10 да ми шутира 8 тројки (или подобро кажано 5ки) на еден натпревар. Ако не ги слуша инструкциите ќе седи на клупа и готово. Барем ти со Мурињо знаеш што значи конкретни задачи на теренот, и што следува ако не се почитува тоа.