Книги кои НЕ би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Степски волк- Херман Хесе
Некако многу удира во психа оваа книга ( да не речам , многу психопатска) :D
 
не можам да поверувам кои книги не ги препорачувате!!!
најголемите раскажувачи во историјата на човештвото!!
неверојатно!
и тоа се препорачуваат за нечитање непрочитани книги?!
нејсе.
книги што не ги препорачувам се сите бестселери за тоа како да станете среќни преку ноќ: Моќта на потсвеста, Ког го украде моето сирење, Најголемиот трговец на светот и слични; сите квази мистериозни книги од типот Дневникот на Микеланџело, Правило на четворката, Историчарка, Ракописот Q, (Ден Браун е класик за овие);
потоа као еротските 100 потези со четка и другата која не се сеќавам како севикаше, од истата авторка, кој веројатно ни не е авторка, ама колку што е скандалот поголем, толку подобро се продава книгата, Бадем - изнасилено пополнување страни, морало да бидат 100, инаку книгата може да заврши мнпгу порано...

грев-аир, јас уште не можам да се изначудам кои книги не ги препорачувате!
можеби овие што ајс ги анбројав ТРЕБА да се прочитаат, за да се види што е лоша литература...
уште сум задумана...
 
Не ви препорачувам да ги читате книгите на Хенри Џејмс, Ернест Хемингвеј, Џејн Остин, Вирџинија Вулф
--- надополнето: Aug 25, 2011 5:54 AM ---
Смрт во Венеција - попедофилска книга неам читано! Си мислам ај нешо со љубов и смрт ќе биде оно само мањачење има!
Вероника реши да умре - Коељо - И шо ако сакала да се убие ..као демек после сфаќа дека животот е убав али ништо посебно. Има мн други книги кои доловуваат вистинска слика за тоа како треба да се живее и помине убаво животот како на пр Ками.
Еве уште една попедофилска книга од онаа на Томас Ман: Лолита од Набоков
 
Степски волк- Херман Хесе
Некако многу удира во психа оваа книга ( да не речам , многу психопатска) :D

Баш ја почнав, некои 70 страни. Удара многу. А и периодот не ми се погоди.
Неможам да ја дочитам..
 
Не ви препорачувам да ги читате книгите на Хенри Џејмс, Ернест Хемингвеј, Џејн Остин, Вирџинија Вулф
--- надополнето: Aug 25, 2011 5:54 AM ---

Еве уште една попедофилска книга од онаа на Томас Ман: Лолита од Набоков
Ти нешто шовинист слеш анти-самоубијци си?
Зошто нема дислајк опција, зошто?
 
Немам ништо против самоубијците само овие автори не ги поднесувам нивните дела се здодевни
 
Не ви препорачувам да ги читате книгите на Хенри Џејмс, Ернест Хемингвеј, Џејн Остин, Вирџинија Вулф
--- надополнето: Aug 25, 2011 5:54 AM ---

Еве уште една попедофилска книга од онаа на Томас Ман: Лолита од Набоков

Не ми се верува што читам. Книгите на Џејн Остин се класици на англиската литература и романтизам, грев е да не прочиташ барем една од нив ! Истото важи и за Вирџинија Вулф, "Г-ѓа Деловеј" е едно од најпочитуваните дела воопшто. За Ернест Хемингвеј не сакам ни да почнам да се расправам. А Владимир Набоков своевремено направил револуција со "Лолита" и ако се потрудеше да и навлезеш во суштината на книгата ќе размислеше двапати пред да го напишеш постов.
 
Па што ако направил револуција со Лолита тоа не значи дека книгата е квалитетна
 
Немам ништо против самоубијците само овие автори не ги поднесувам нивните дела се здодевни
Знам дека сум оф топик ама може да ти препорачам нешто, онака, недосадно?
Еве на пример, читај го Дитас. Уствари не, чим Набоков ти е педофил, овој не ти одговара баш.
Епааа...штом Набоков и Ман ти се педофили а Хемигвеј, Остин и Вулф ти се досадни, јас би ти препорачала да читаш хороскоп. Не е долго, нема да ти здосади и ќе се пронајдеш.
Или читај хаику поезија, ама не често, во момени кога ќе сакаш духовно просветлување.

Инаку за да не бидам скроз оф топик еве ќе пишам уште некои автори кои не би ти ги препорачала:
Достоевски, Толстој, Џејмс Џојс, Флобер, Иго, Тургењев.
Никако овие. Сите се досадни педофили без попаметна работа од чкртање на хартија.
 
Немам ништо против самоубијците само овие автори не ги поднесувам нивните дела се здодевни
Знам што ти треба.
Фати го новиот број на Свет или Скандал, има многу литература за бистрите како тебе.
 
Сите книги на Александра Потер.
Ако некој ви понуди нејзина книга, можете слободно да му мавнете едно два-три шамари.
Поголеми глупости, понеоформени ликови и приказни немам сретнато. Толку ретардирана фантазија, бесмислено редење зборови и лупетање не се видело.
И симнувам капа за нејзиниот талент со непроценлива вредност-being an idiot.
*превртува очи*
 
малку оф топик.
работата е многу посериозна отколку што изгледа.
заради нечитањето на „здодевните“ автори од типот на Толстој, Балзак, Ман и други, денешните генерации не знаат да спојат две реченици, не знаат да кажат што мислат, ако мислат нешто.

тоа е тажно, зашто ако не знаете што да кажете, тогаш некој друг ќе го направи тоа во ваше име.

читајте ги сите книги за лектира и обработка и ќе видите дека освен фејсбук, твитер, смс, Дитас, има и нешто друго.

забелешка: на оние што не им се допаѓа „Демијан“ од Хесе, им препорачувам да ја прочитаат на друг јазик (српски, хрватски, некое постаро издание во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во СКопје). Македонскиот превод не е добар.
 
Даниела Стил - Зајдисонце во Сен Тропе. Поглупа книга во живот немам прочитано. Па Даниела Стил ако има талент за пишување, јас сум the Queen of England. Значи буквално се нервирав дури ја читав. Ни убаво разработени ликови, ни убаво разработени настани, ни некоја приказна, абе ништо. Приказна за мали деца. Ама озбилно. Сексот и градот за ова е книгиште.
Прва и последна прочитана книга од Даниела Стил.
Те разочарала Дани но мене ми се свиѓа. Ја нема читано оваа книга но имам читано други од неа и би и дал едно 8/10. Добар и е стилот макар што нејзините книги се тесно поврзани само на една тема.
А јас не ви ја преферирам „Пасија според Кармела“ од.. го заборавив името на писателот.
Се излажав кога на корицата прочитав „прекрасна еротична приказна за време на Кубанската револуција“. :tapp:
 
“Крик на душата“ од Сашо Борисовски.... звани Ориз

не ја читајте без дадена писмена изјава на нотаар потпишана од дваја сведоци и дури од како од куќата ќе се тргнат сите остри предмети, лекарства, ортоми и ќе ја исклучат струјата.

мене како на наивен љубител на книга ми ја утрапија истата ..... подоцна најмив луѓе да го пронајдат и да ми го донесат тој што ми ја даде и се смеев среќен додека го скалпирав

http://www.facebook.com/profile.php?id=1171028795

(профил на авторот)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom