Книги кои НЕ би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Не препорачувам тинејџерски книги и општо филмови каде што најголемата губитничка на крајот станува популарна и обожавана од сите....даваат погрешна слика на младината.Едноставно не се реални.
 
Не препорачувам тинејџерски книги и општо филмови каде што најголемата губитничка на крајот станува популарна и обожавана од сите....даваат погрешна слика на младината.Едноставно не се реални.

Иако таквите книги и филмови не се нешто што не би смеело да се пропушти и во најголема мера се вистинско ѓубре, што значи и дека делумно се согласувам со тебе, сепак ме заинтригира последниот дел од твојот пост.
Воопшто не е нужно едно дело да биде реално. Тоа не е поентата. Во тој случај би требало да читаме научни студии, телефонски именици или црна хроника. Книжевноста има друга цел и пренесува други пораки покрај реалноста. Како уметност таа служи да разубави нечиј живот, да укаже на некои вредности, како истрајноста, трудољубивоста, стрпливоста и нивното значење во секојдневието. Не треба се да се сфати буквално и да се оценува според реалните состојби, оти тоа е погрешен начин на разбирање на работите.
Да не зборуваме за еден куп извонредно квалитетни и талентирани автори на кој реалноста им била од второстепено значење...
 
Не зборувам за тие автори кои сепак имаат цел во книгата...туку за книги со тотално изфризирана розова реалност која не постои.Е такви книги ни ја трујат младината...
 
"Белиот Ден"- Џек Лондон

,,Ден одеше пешки во зима на Алјаска со мокри чорапи..." Ова за жал не хиперболизирање него цитат од книгата, каде Ден е претставен како некој си Херкулес.
Ја прочитав книгава пошо многу го фалат Лондон на форумов, и не знам дали му е оваа книга утка или преводот е срање (а е постаро издание тие обично се подобри), али книгава побезвезе не можеше да биде. Книгата не е во фантастичен стил, но работите се сосема нереални.
Добро дознав за како почнала и на која основа функционира берзата во Америка, али освен тоа стилот и содржината се срање. Единствено добро е како го вклопува алкохолот во книгава, што го прави во секоја книга.
 
Не е книга, туку автор кој не би го препорачал! Пол Кристофер, дефинитивно најголемиот аматер кој го имам сретнато... По славата на Ден Браун прави обид за пишување на книги со слична содржина, но многу конфузни. Избира бомбастички наслови како „Евангелие по Луцифер“ или „Бележникот на Микеланџело“, а темата на делото ја обработена само во 2-3 страни на самиот почеток или крај. Останатиот дел е исполнет со аматерски глупости, неинтересни шали, невозбудливи авантури кои се одвиваат толку брзо и се опишани толку површно што жалиш што си потрошил време за да го прочиташ делото. Иако се евтини книгите и имаат примамливи наслови, никогаш не ги купувај! :)
 
Истово, сосема истово, ама за Стив Бери.
 
Смрт во Венеција - попедофилска книга неам читано! Си мислам ај нешо со љубов и смрт ќе биде оно само мањачење има!
Вероника реши да умре - Коељо - И шо ако сакала да се убие ..као демек после сфаќа дека животот е убав али ништо посебно. Има мн други книги кои доловуваат вистинска слика за тоа како треба да се живее и помине убаво животот како на пр Ками.
 
Фотографија од Пенелопи Лајвли-книгава е малечка ама ме утепа за сите пари,ништо посебно не се случува,депресивна до немај каде.
Фактор бивши од Андреа Семпл-типична љубовна приказна дечкото и признава дека ја изневерува,таа го остава,сретнува друг бивши,дознава дека со пријателката ја изневерувал бившиот,ги фаќа на дело..бла,бла,бла..ништо поучно.
Автостоперски водич низ галаксијата од Даглас Адамс ми е врв од катастрофалните книги.Случајно налетав на неа,ја прочитав само првата мислам дека беше серијал од пет книги,но останав само на првата.Буквално за џабе трошење време.
 
100 години самотија од Маркес.
Ретардиран обид да се напише нешто иако не е дефинирано што точно...
Еден куп ликови на кои и самиот автор им изгубил трага, а немањето никаква наративна кохезија е покриена со измислување на сосема нов жанр “магичен реализам“ во кој ... anything goes... или во превод хартијата трпи се жанр, немора да се замараш ниту со содржината ниту со некаква осмислена карактеризација на ликовите, некој временско-просторен континуитет секако е непожелен...
Но аплауз за авторот,имал среќа да пишува во време на деривативите.
Овој пат литературни.

Секако неодминливо четиво за ванаби млади урбани интелектуалци...

Класичен пример како може да се лоботомира раја и да се придава вредност на нешто што ја - нема.

800px-Buendia.gif

„Касандра„ на спид...
 
Кодот на Да Винчи.Е сега кој е мапетен ќе му текне зошто. :smir:
 
Ne bi js preporacala knigata :POSLEDNATA KONKUBINA!a pisatelot ne mi teknuva koj e,podosadna kniga neam videno
 
Од сите автори кои барем еднаш во животот некој ги нарекол филозофи.
 
Шангај Бејби - Веј Хуј, подобро да ја наречат еротски прирачник отколку книга.
 
Даниела Стил - Зајдисонце во Сен Тропе. Поглупа книга во живот немам прочитано. Па Даниела Стил ако има талент за пишување, јас сум the Queen of England. Значи буквално се нервирав дури ја читав. Ни убаво разработени ликови, ни убаво разработени настани, ни некоја приказна, абе ништо. Приказна за мали деца. Ама озбилно. Сексот и градот за ова е книгиште.
Прва и последна прочитана книга од Даниела Стил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom