Поентата е дали сакаш автомобил од Б или поголем, од Ц сегментот. Ако ти треба поголем, од Ц сегментот, од Хјундаито тешко подобра понуда да најдеш. Евентуално Фиат Линеа, ако уште имаат попуст, или Астра Класик (не верувам дека е подобра од Хјундаито - веројатно не е)... Од Б сегментот за тие пари имаш повеќе избор - Корса, и20, Фиеста...
Јас би одел со Фордовите, заради возните својства, но тоа е мој, личен вкус.
ЕДИТ: По грешка го избришав претходниот коментар, каде ги предложив Хјундаи 1.4 и30 за 11000, Фиеста 1.25 за 11200 (со 5 врати)... Ако можеш да доплатиш малку, го имаш стариот Фокус (на ново) 1.6 Тренд за 12500...
--- надополнето: Aug 22, 2011 3:12 PM ---
Гледам уште стои попустот за Фиат Линеа 1.3 дизел (со 6-брзински менувач мислам беше!) за 11000... така, да, и тоа не би ти бил лош избор.