Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

П

Пепси_

Гостин
Што кола е ко прво и основно. Ако не ти мирасало на изгорено и ако не чурело тогаш најверпајтно немаш штета пошто не ти била крената многу рачната или па не ти држи убаво.
--- надополнето: Aug 17, 2011 9:25 PM ---

Може јас на југо сум ставал 4x100 ( југото е 4x98) Само ке пазиш во центар да го наместиш бандажот.
Пунто 2002 година,иначе не била скроз крената точно е тоа :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Што е подобро Мерцедес Ц 220 cdi (2007-2008) или Ауди A4 2.0 tdi (2007-2008)
92 KW (123 KS)

125 KW (170 KS)

Aко ме прашаш мене јас би Мерцот... не за друго Ц класата ми е преубава, и внатре и надвор.

Инаку, разумно ако размислуваш Аудито. 2,0 TDI е многу подобар мотор, помала потрошувачка, поголема снага. Уште ако е во quattro изведба... мераци.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Абе феномен некој :D Јас мислев колата со крената рачна нема шанси да мрдне од својата положба (укопана е) и без да се симне колата нема шанси да тргне,се додека не го видов ова.
Сеа под хитно да се мењат добоши или гуртни ? скапи ли се овие :tapp:
Ако си возел кратко може и да немаш проблем, а зависи и од брзината. Добошите и гуртните не се проблем, лошо е кога ќе прегрее цела главчина и ќе се упропасти грес-маста во лагерите. Кај поновите возила најчесто се менуваат сосе главчина и се од 50тина евра нагоре (квалитетни). Во иднина внимавај дали ќе се појават чудни звуци како гребење, тоа е јасен показател дека отишле лагерите.
 
5-10 минути возеше 1-2 брзина (низ уличките де).А гребење у вожњата или како мислиш ?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
5-10 минути возеше 1-2 брзина (низ уличките де).А гребење у вожњата или како мислиш ?
Друже уживај нема ништо вози си ја колата, кога ќе дојде време ќе смениш гуртни сега цепај ја ... не си ни прв ни последен што возел со малку крената рачна
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
Со целосно крената ручна не си возел сигурно туку со делумно крената. А знам и јас еден човек кој има поминато 15км со крената рачна на рено 4 а и не е за мааана кај треба да се наведнува да спушта тоа сајлата дека нема на средината ко во секоја нормална кола. :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да не беше мокро ќе ги оставеше гумите на асфалтот.
 
Член од
18 август 2010
Мислења
119
Поени од реакции
55
Здраво
Сакам да ве прашам доколку некој знае .... Сакам да земам ланчиа либра или ланчиа капа, е сега ме интересира, доколку знаете како се за одржување дали се скапи деловите, дали имаат некој поголеми проблеми, бидејки како што гледам има премногу електроника, а онака стилски многу ми се допагаат...
Благодарам
 
П

Пепси_

Гостин
Да не беше мокро ќе ги оставеше гумите на асфалтот.
Да не беше мокро немаше ни да тргне ја мислам,ама кај мене колата одеше глатко без гасење или некакви проблеми ама не била цела крената :pos:
 
Night Crawler

Fear of the dark
Член од
26 јануари 2007
Мислења
187
Поени од реакции
5
Здраво дечки имам едно прашање. Денес возев на автопат и достигнав брзина од 190км на час и по одредено време колата како да ми изгуби моќ, со гаста до крај ми падна брзината на 150-160 и повеќе од 3500 обртаи не одеше. До што би можело да биде проблемот дали некој има претстава? Мое мислење е дека рикнала турбината бидејки колава веќе има поминато 300,000 км и турбината не е пипната...Фала би однапред.поздрав
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725

Што кола е што мотор е ? Нас така ни праеше леон мк 1 1.9 тди 115 коња кога го бркаш малце подолго време ја затвараше клапната за турбината и кога ке се случеше тоа го гасевме и пак го палевме и ко ништо да не било.
 
Night Crawler

Fear of the dark
Член од
26 јануари 2007
Мислења
187
Поени од реакции
5
Станува збор за Ровер 620 SDi 105 коња. Да ти кажам истото и кај мене се случи откога стигнав дома по 30 минути пак ја запалив и свртев еден круг си влечеше без проблем, но изгледа ова е показател дека турбината е пред мењавање...Во секој случај фала ти на одговорот
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Станува збор за Ровер 620 SDi 105 коња. Да ти кажам истото и кај мене се случи откога стигнав дома по 30 минути пак ја запалив и свртев еден круг си влечеше без проблем, но изгледа ова е показател дека турбината е пред мењавање...Во секој случај фала ти на одговорот
Доколку откажува турбина се слуша звук на свирење (драстично поголемо од нормалното) опаѓањето на снага е постепено и се јавува дим. Така да според мене во друго ти е проблемот турбината остај ја на раат.
 
Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Edno prasanje planiram da zemam kola pa se dvoumam megu Ford Fiesta 1.25 2006 ili novo chevrolet aveo ??
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.916
Поени од реакции
7.009
Edno prasanje planiram da zemam kola pa se dvoumam megu Ford Fiesta 1.25 2006 ili novo chevrolet aveo ??
Јас би за новото и тоа новото Авео 2012 уффф топ е како Трансформес е :)

Инаку јас пак сакам да прашам колку се вкупно отприлика сите давачки да се платат до регистрација за кола увезена од Германија, од тип на пример како...Опел Астра Класик 1.4 од 2000/2001 година
 
Kajgana Shop

На врв Bottom