Неколку работи во врска со класиково:
Прво, не ги сфаќам луѓето што викаат дека не бил добар фудбалот. Па добро, го видовте ли темпото со кое се играше натпреварот. Ненормална работа. 200 на саат. Јас искрено не сум видел нешто слично во последниве години, посебно првите дваесетина минути, лудо.
Второ, по мене Реал беше подобриот тим земено вкупно на двете класика. Пресингот на Мурињо.... , едноставно GODLIKE. Секоја чест и на Барселона и нивниот стил на игра, ама ова беше веќе уметност.
Трето, мислам дека на Реал им требаат подобри центрлни дефанзивци. Ај Пепе би поминал, ради физичките карактеристики мада не е многу паметен, ама Карваљо мислам дека треба да се замени. Супер е во тактичкиот дел, ама еден на еден се губи многу лесно против сите од напаѓачите на Барса. Некој ко Тиаго Силва би бил идеален да го замени според мене. Коентрао е супер играч, паметна инвестиција на Реал дефенитивно. Ја мислам дека треба да стартува лево редовно.
Четврто, нема да коментирам за општата тепачка на крај, само ќе кажам дека треба малце поспортски однос и од едните и од другите. Реал, не гледам потреба да идат со цел да заколат некого во дрес на Барса. Мислам ок е да идеш со малку пофизички фудбал против противниците ама не прва цел да ти биде да удриш некого, а втора да ја одземеш топката. А за Барса, искрено претеруваат со тој мазохизам на терен. Континуираното паѓање и на најситен допир. Прават натпреварот на секои 2-3 минути да изгледа како западен фронт во Прва светска војна. И не го прават само против Реал туку против било кој посилен противник, кога противникот ќе има иницијатива. Не видов некој да го комнтира потегот на Иниеста против Пепе во прво полувреме, кога буквално му се стави во рака и се удри самиот од неа, патетично.