Новески нормално дека не е баш тоа што беше, ама не значи дека не се замара за репрезентација туку едноставно 32 години напраи човекот и нормално нема да биде во иста супер форма ко пред 5 години, али искрено и јас како Наум не се согласувам дека е ДО ТОЛКУ послаб (од порано) за сеа да не заслужува да игра! Ипак ни е најдобар огранбен играч во моментов, а после него се Мојсов и Шиков (ај кажи кои други подобри опции ги имаме па он што не бил за во тимот)?
И исто, искрено за голот на Кержаков повеќе беше крив Нурединоски - Новески може не успеа да му ја земе топката ама барем го чуваше да не иде кон голот и го однесе на страна, а тоа што Един успеа да прими гол од таков мртов агол не е Николче крив!
А за голог на Кин па да не коментирам, кај беше Новески крив за тоа - правилно си беше поставен, се обиде да одбрани и делумно успеа (ја одби топката) ама за жал во лош правец отиде и на крај у гол заврши, ама не беше тоа негова грешка или кривица!