Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
не е за тука ова ама ајде.. ви се смени на imdb приказот за my movies? :mad:@@@@@@ да им тит тоа промените нивни глупи... начин да се врати старото?
Абе напрај си вочлиста да те види Господ :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.528


Се работи за екс ФБИ агент кој работел 25 години, па е префрлен во одделот во Вашингтон, каде што се наоѓаат сите доверливи информации. Но, тие информации им ги издавал и на Советскиот Сојуз, за што дознава ФБИ и поставуваат друг агент кој ќе работи кај него како секретар со цел да извлече повеќе информации и заврши приказната со предавникот.​
Не којзнае колко добар филм, но интересен за гледање и релаксација.​
Досада од филм е, најискрено :)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Не ми е јасно како може американциве во Battle:Los Angeles 5 души да ги заебат ванземјанците кои имаат неверојатна технологија и планетата земја ја окупираа за 3 саати ,а додека во Rise of the Planet of the Apes се мучеа со 100 мочани мајмуни и 10 горила.

-The Change-UP ,го погледнал некој филмчево ? Не дека е нешто ново ,но ми изгледа интересен.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.365
Поени од реакции
30.768
Не ми е јасно како може американциве во Battle:Los Angeles 5 души да ги заебат ванземјанците кои имаат неверојатна технологија и планетата земја ја окупираа за 3 саати ,а додека во Rise of the Planet of the Apes се мучеа со 100 мочани мајмуни и 10 горила.

-The Change-UP ,го погледнал некој филмчево ? Не дека е нешто ново ,но ми изгледа интересен.
мене па не ми е јасно како сите вонземјани у америка одат и како најлошите работи на америка и се случуваат. :cautious:
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118

Само што го изгледав :)

Патем, филмов е далеку подобар од неговиот предходник во 2001-ва, и меѓудругото, е добра драма со sci-fi основа, но без посебна длабочина :/ Би се надевал (пошто остава простор за инзворедни идеи) на некој добар продолжеток од филмов во иднина :)

Оценка: 91/100
_________

Квалитет А9 /V 9 ..но нема симпл снимка, you just have to trust this one :))

Инаку, соседот на главниот лик (што (ќе) го пренесе вирусот), беше главна фаца во Стар Гејт Атлантис, што ми бидна посебно мило кога го видов тука :)

Едит од модератор: линкови од торенти не се дозволени
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
"5ft 7 Tom Cruise to act as 6ft 5 man mountain in new movie"

Well, if CGI can make monkeys talk, blue aliens, and entire worlds, I'm sure they can make it look like Tom Cruise can act. :pos:
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
На тој томкрузоцгимразачо вака ќе му реплицирам.

In CGI they can make your mom look so fat...
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ридли Скот јава на стара слава.Прво со Осми патник,сега и со Блејд ранер.

The director is currently committed to the Prometheus project but once that's done, he's signed up for a new Blade Runner film in partnership with Alcon Entertainment, which picked up the rights to the film earlier this year. It's unclear whether the new flick will be a prequel or a sequel, but according to Starburst Magazine, Alcon's deal for the rights to the Blade Runner franchise specifically excludes a straight-up remake of the original.

http://www.escapistmagazine.com/news/view/112425-Ridley-Scott-Commits-to-New-Blade-Runner-Film

Е сега,дали ќе биде приквел или сиквел останува да се види.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Transformers: Dark of the Moon
Captain America: The First Avenger


X-men: First Class (2011)


Ми се здосади од искористувањето на познати историски настани со сменета позадина , шема беше тоа пред некое време ,ама сега во секој трет филм втора светска војна ,руси против американци ,слетувањето на месечината...

Преголеми срања се филмовиве значи ,сакав да напишам рецензија ,али 20 минути не одвојувам за нив па да ме утепаш ! Никако не ги гледајте !
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Dune


Базиран на истоимената научнофантастична епопеја од Френк Херберт Дина се случува во една многу далечна иднина,каде човечката цивилизација се потпира на зачинот меланж.,од исхрана до оружје.Овој зачин може да се најде само на планетата Аракис/Дина,позната не само по зачинот туку и по џиновските црви кои го штитат зачинот и жителите на планетата кои се нарекуваат себеси Слободници.Еден ден,Аракис,кој долго време беше под управа на Харконените,по наредба на царот Падишах Шадам треба да и се препушти на Атреидите,кои се нивни крвни непријатели...

Знам дека филмот доживеа фијаско,како кај публиката така и кај критиката,но Дина е ес еф филм на моето детство.Првпат го гледав на МТВ и иако не разбирав многу работи,од некоја необјаснива причина не можев да се тргнам од екранот.Атмосферата,пустината,специјалните ефекти,борбите,музиката беа одработени топ и изгледаат подобро и од некои филмови снимени со најсовремена CGI технологија.Ако има некоја маана тогаш тоа би било костимографијата и Стинг(не знам што си мислел Линч кога го ставил во сцена облечен само по пластични гаќи).
Дина е еден од моите најомилени sf серијали. Линч е еден од моите најомилени режисери. Дина на Херберт има повеќе делови, а во филмот се екранизирани првите. Треба да се каже дека оваа приказна не е баш најзгоден избор за екранизација, поради повеќе причини - се бара добро сценарио, спектакуларни специјални ефекти, добар (важен) дел од книгите е посветен на филозовски, односно квазифилозовски размисли и мисли, мудрувања кои е речиси невозможно да се обработат преку снимка, во филм кој трае сат, два или три. Поради тоа снимање на ваков филм е храброст. Многумина, ако не и сите, не би сфатиле се` доколку не ги прочитаат книгите.
И покрајт тоа Линч одлично се снајде со атмосферата, ефектите и музиката, па филмот воопшто не е негледлив, напротив, се работи за солидно (ама само солидно!) остварување.
Имаше грешки и во изборот на актерите. Кајл Меклахан е престар за Пол Атрејдис кој е момче од 14-16 години и некако е премногу вкочанет, неубедлив. Стинг е пропуст исто така, а истото би можело да се каже и за некои други, помалку важни улоги. Ама атмосферата е феноменално пренесена. Според мене, многу подобро од подоцнежната кратка серија за Дина.
За поздравување се и некои споредни улоги. На пример баронот Владимир Харконен - тој на пример, е прикажан малку поинаку отколку во романот. Всушност се работи за одлична идеја на Линч, преку неколку кратки сцени, да го долови сложениот, перверзен, бескрајно расипан карактер на баронот, не само преку постапките, туку и по физичката нагрденост (баронот е навистина дебел, но Линч додава и чиреви, отоци, па дополнително ја засилува нашата одвратност кон него).
И за мене Дина е еден од првите sf филмови, па сум пристрасен. Сепак, филмот и покрај многуте квалитети, изгледа недовршен, недоречен, на моменти непотребно развлечен (два дела и неколку измени и можеби се` би било подобро). Дури и самиот Линч, како што сум читал, не бил пресреќен што го снимил.
Не би се согласил дека филмот е тотално срање, ама факт е дека и книгите можеле доста подобро да се пренесат и дека Линч може многу,многу повеќе од тоа што го направи со Дина.
 
S

Sattva

Гостин
Za site onie shto sakaat da "kopaat" po dnoto: Michael Haneke (eden i edinstven!), David Lynch, Lars von Trier...

Evropa e prvak vo dlaboki filmski ostvaruvanja! Vo posledno vreme me impresionira romanskata i turskata kinematografija, Shpanija i Almodovar ne hranat so godini, Belgija so brakjata Dardenne ("The Kid with a Bike" - najnovoto od niv shto mislam deka ne smee da se propushti), neshta koi izleguvaat, a pred se, izlegle odamna od Italija, nashiot Manchevski... Meksiko so Alejandro Gonzalez (ne celosno), neverojatnite realizacii od Carlos Reygadas... i cela Latinska Amerika, pogotovo Argentina... a moze da pobarate neshto od istok, nema da zazalite ;)

Da ne go zaboravime Kanskiot Filmski Festival i rechisi se shto izleguva od nego ;)
 
T

Tetro

Гостин
http://www.imdb.com/title/tt0884328/

Одлична , одлична , одлична приказна. Приказна за тоа како човек би реагирал кога знае дека смртта е блиску до него. Дали би барал спас со разум .. со борба ( во овој случај со разни суштества ) или па ќе се сврти со верба кон бога............
Можеше и подобро да испадне, да му дадеа на Кинг да го режира.
Го препорачувам http://www.imdb.com/title/tt0129871/ ;)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Не му е место на прашањево тука ама ако.
Како беше таа страницата македонската со филмови онлајн гледање со македонски превод ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom