Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
имам гледано само еден дел,оној кога го бараат тоа за хамбургери,го даваа на телма.
иначе кога искача филмов?
 
Rise of the Planet of the Apes
rise%20of%20the%20planet%20of%20the%20apes%20caesar-620x.jpg


Вил се обидува да развиеа лек против Алцхејмерова и експериментите ги врши на шимпанза. Вирусот мутира со тоа што на шимпанзата им дава интелегенција иста како и на луѓето...не е потребно повеќе.

Досега најбоље филм за мене за оваа 2011 година.

-Интересен ,има моменти и каде што е бајаги емотивно , одлични специјални ефекти ,приказната добро сработена , ти го држи вниманието , мене ми се допадна ,од кога го гледав римејкот молев за продолжение и задоволен сум.
Ова е римејк на вториот дел од старите филмови или е посебна приказна? Мене првиот римејк не ми се допадна се надевам дека овој е подобар. Како и да е, има само кино снимка засега, ќе се стрпам...
 
Ова е римејк на вториот дел од старите филмови или е посебна приказна? Мене првиот римејк не ми се допадна се надевам дека овој е подобар. Како и да е, има само кино снимка засега, ќе се стрпам...

Не ,не ова е посебна приказна ,имам феноменална кино снимка ако сакаш ќе ти пратам ,има скриншот па види...Т.е. ова ко да е DvdRIp снимка не кино...
 
не е за тука ова ама ајде.. ви се смени на imdb приказот за my movies? :@@@@@@@ да им тит тоа промените нивни глупи... начин да се врати старото?
 
Вчера ко гледав беше сменет дизајнот на оцените кај филмовите, денеска уклучувам по старо е.
 
не е за тука ова ама ајде.. ви се смени на imdb приказот за my movies? :mad:@@@@@@ да им тит тоа промените нивни глупи... начин да се врати старото?
Абе напрај си вочлиста да те види Господ :)
 

610_poster_1_f.jpg

Се работи за екс ФБИ агент кој работел 25 години, па е префрлен во одделот во Вашингтон, каде што се наоѓаат сите доверливи информации. Но, тие информации им ги издавал и на Советскиот Сојуз, за што дознава ФБИ и поставуваат друг агент кој ќе работи кај него како секретар со цел да извлече повеќе информации и заврши приказната со предавникот.​
Не којзнае колко добар филм, но интересен за гледање и релаксација.​

Досада од филм е, најискрено :)
 
Не ми е јасно како може американциве во Battle:Los Angeles 5 души да ги заебат ванземјанците кои имаат неверојатна технологија и планетата земја ја окупираа за 3 саати ,а додека во Rise of the Planet of the Apes се мучеа со 100 мочани мајмуни и 10 горила.

-The Change-UP ,го погледнал некој филмчево ? Не дека е нешто ново ,но ми изгледа интересен.
 
Не ми е јасно како може американциве во Battle:Los Angeles 5 души да ги заебат ванземјанците кои имаат неверојатна технологија и планетата земја ја окупираа за 3 саати ,а додека во Rise of the Planet of the Apes се мучеа со 100 мочани мајмуни и 10 горила.

-The Change-UP ,го погледнал некој филмчево ? Не дека е нешто ново ,но ми изгледа интересен.
мене па не ми е јасно како сите вонземјани у америка одат и како најлошите работи на америка и се случуваат. :cautious:
 
Здраво,

доста нервозен од техномаркет и нивната приказна, налетав на овој форум. И скоро цел го прочитав, изгубив доста време, но овој е единствен форум во мк активен на оваа тема, затоа ќе се пробам да споделам, а можеби и да добијам некој совет.

Климата која ја купивме лани во август од техномаркет е HITACHI RAS/RAC-E14H2

Баравме H1 (јапонска, така видов на нет), но немале такви во техномаркет и не убедија дека иста е и оваа. Планот (кој им го кажавме на техномаркет) беше да загреваме дома 40-45 квадрати. Во принцип ние тоа намерно го кажувавме, но потреба од тоа имавме можеби само 2-3дена во годината, најчесто потребата за греење беше 25квадрати (по потреба може да се смали и на 16). И тоа не преку цело зимо, туку само во октомври и ноември и во пролет, март - мај. За другиот дел од годината имаме одлично парно. Изолацијата на куќата е добра (не велам одлична, но добра) затоа што во лето е многу поладно внатре од надвор, а и во зимо дома е осетно потопло од надвор.

Е сега се покажа во октомври дека климава не може да загрее 45 квадрати, па решивме да се задоволиме со 25 и на крај со 16. Но во ноември се покажа дека не може ни 16. Ајде сервис - празна била. По 1недела нешто подобро работење, пак иста песна, дува ладен воздух. Ај пак сервис, грешно ја намонтирале као, свиткале некои цевки, ајде пак поправка. Овој пат ни 2 дена не работеше ко шо треба и пак почна да дува ладно. Престанаа да идат, игнорантски однос, помина цела зима, за конечно во март да дојде сервис. Констатира - исправна била. Ајде пак молење дојде сервис во јуни, и констатира дека не е исправна. Ја зедоа на сервис (демонтажа) и ја вратија во почеток на август назад. Ја вратија исчукана, исцрнета, и и недостигаа 3 дела (видливи). Ми велат ги загубиле во транспортот, и ја оштетиле во транспортот. Недостигаа 1 на надворешниот дел, и 2 пластики од внатрешниот. Не сакавме да ја примиме таква, но не убедија дека за некој ден ќе ги донесат деловите што фалат. До денес никој ништо не донесол. Апсолутно ништо. Гаранцијата истекува во вторник, јас појма немам дали ја поправиле и дали ќе ги донесат деловите. Да проверам дали работи не можам на 35степени надвор :) Као ако сум плател 1000денари за сервис, ќе ми продолжеле гаранција за 1година. И на тоа се сложив, и сега не идат ни сервис да направат, како да чекаат да помине гарантниот рок.

Откако многу се изнервирав од вчера почнаа да ми вртат друг филм, дека кој ме терал да купам ваква клима, немало никогаш да сум задоволен, затоа ќе ми ги врателе парите, или ќе ми заменеле со друга со доплата, демек тие ќе ми препорачале. После никаквово искуство се што сакам е да си ги земам парите од кај нив ( и се надевам ќе се случи тоа) и да си купам нов климатизер. Дури и да не си ги земам сега (можеби ќе успеам некогаш), сакам да купам нов затоа што моето здравје и време ми е поважно од тие 500евра. Што препорачувате? Јас имам одлично искуство со Mitsubishi MSZ-GA25VA / MUZ-GA25VA. Кога велам одлично тоа значи навистина одлично, тестирана на температури до -15, грее без проблем 24квадрати и тоа постигнува пријатна температура за многу брзо време. Кога ќе ја пуштиш 10-15мин не прави ништо, дреми, нешто се слуша тивко, и потоа почнува да работи. Кога ќе почне да работи - е тогаш прави чуда :) Кога сакав да купиме овој бренд во мк никаде не го најдов. Гледам низ темава доста добри коментари за Toshiba од енергија. Како една фирма во мк не сети да носи нормални клими, па макар и да се скапи. Си велам има нормални луѓе во Македонија кои би дале и до 1000евра за клима што ќе ја користат 10+ години. Иначе, во Бугарија не мислам да одам, ниту во Грција ниту во Србија, освен ако некој не знае добар совет како да нарачам, да платам транспорт и да ја добијам климата во мк. Кога купувавме клима лани, се јавив во Фонко и ми рекоа дека за греење не препорачувале и не продавале од нивните клими. Чудно!? да се сменило тоа досега, затоа што видов овде беше спомнуван и фонко. Како што реков - совет навистина ми е потребен и ќе бидам навистина благодарен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom