Вистинско другарство, постои ли?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
пријатели се оние со кои се дружиш онака на кафе за излегвање, некогаш на одмор заедно , ко ке се видиш на улица здраво ова она.
другари се оние на кои му кажваш со која си бил , си позајмувате пари од време на време, ги знае поголемиот дел од твоите тајни и глупости итн.
е вистинските другари се оние со кои си ги правел сите оние глупости тајни итн на кои симу ги кажувал на другарите.
но ништо не е вечно па ни другарството и на крај сите завршуваме со двајца тројца некогаш еден а некогаш и ни еден вистински другар.ке го познаете по тоа што кога ке му се јавите во 3 сабајле да дојди да ве влечи со колата пошто ти си заглавил некаде на швалерај( онака за пример реков само), а тој гости дома па уште и ја лажи женаму и гостите и тргнува без збор.
е повеќе од тоа нема што да се бара од вистински другар.се друго е претеризам
 
С

Сатори

Гостин
Неколку.
Тие се причината поради која се обидувам да бидам личноста која што еднаш одамна сум ја замислила и поводот да не жалам за тоа што денес сум.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Само едно знам.
Тешко е да најдеш вистински пријатели денеска.
Мислам на такви пријатели на кој можеш да им кажеш се.
Оние за дружење и забава се друга работа.
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Среќна сум што имам три вистински другарки на кои можам да им верувам и да се потпрам на нив во кое и да било време. :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Пријателот кој го имаш и ако го гледаш како вистински, ако за тебе тој е вистински пријател, ако можеш да му веруваш и да ти верува тогаш тоа е тоа. Имаш вистински пријател. Но според мене само од нас зависи дали ке имаме вистински пријатели... А кога велат дека денеска и не може да се најде вистински пријател не е така. Може да се најде но сепак ништо не трае вечно, за се постои почеток и крај. Па така и пријателството за кое сметаш дека е вистинско има почеток и крај... И крајот на едно вистинско пријателство е можност за почеток на друго :)
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Имам само еден. Другари сме више 10 години. Моите проблеми се и негови, неговите и мои. Ирелевантно кој на кого повеќе му помогнал, секогаш се помагаме и сме тука еден за друг. А за такви кој шо сум мислел дека ми се другари, ги има со лопата да ги ринеш.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Кога во животот ќе ви затреба помош мислите ли дека пријателите СЕ ТИЕ кои ќе ни помогнат??? НЕ!!! во животот секогаш ќе ни помогнат оние на кои најмалку сме се надевале,оние кои сме ги чуствувале далечни,или некои кои не сме ги ни сакале покрај нас.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Vistinski prijatel e ova
1.A te rcnat tebe ko nego da go rcnale
2.ne te ogovara, te fali javno te kori na nasamo
3.Se raduva na tvojata sreka
Vikaat postoele ama jas ne sum videl so retki isklucoci
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Доколку сакате да зборувате за вистински пријател или вистинско пријателство, тогаш морате да тргнете од себе. Колку сте вие лојални на вашите пријатели? Дали сте покажале верност во правиот момент и колку го вреднувате пријателството? Зборот и гордоста се имаат изгубено низ годините, така да и нормално е вистинскиот пријател да не го најдете така лесно, но колку сте вие лојални на вашите пријатели? Нема да прашам до каде би оделе со другарот доколку влезе во некоја тешка невоља, али ке прашам до каде сте отишле со пријателот додека му било најтешко и додека сте му биле најпотребен?
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
секој има своја приказна за своето пријателство и секој од нив кога тогаш бил разочаран од своите пријатели но сепак има некој кој ќе застане на твојот пат за да ти помогне и да ти даде подршка !!!!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Пријателство не постои. Постои само корист. Не буквално корист за материјални нешта. Пример сите имаме пријатели. И сите ги користиме тие пријатели за да излеземе со нив, да помуабетиме со нив и сл., убаво ни е со нив и ги користиме за тоа. Но кога ќе престане да ни биде убаво си тргаме секој на своја страна. Пријателство во вистинска смисла на зборот не постои.
 
Член од
16 јули 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Ги имам трите најслатки суштества на цел свет, за кои знам дека се слободни и во 4 сабајле ако ми треба помош или утеха. А тие знаат дека мојата врата е секогаш отворена за нив. Вистинските пријателства се ствараат од поминато време, некои случајни незгоди, навикнување на твоите, но и на нивните маани и истакнување на добрите особини...
 
A

Antigona

Гостин
Нема вистински пријатели во денешно време. Поаѓам од себе за време на редовна настава а посебно сесија ѕвонат по телефони пишуват на фб , мсн и слично а за време на распустот ги нема никаде иако спијат на чет :( . Имав една другарка и ме напушти “ заради дечкото“ подоцна открив дека воопшто не е тоа причината. Сеедно во денешно време нема вистински пријатели имаш кампањски пријатели и непријатели кој црпат информации и те озборуват зад грб и прават дупки за да паднеш
Апсолутно така. Знаеш што е најинтересно кај мене ? Со машко никако не можам да бидам пријателка бидејќи досегашното искуство покажало дека кај некој мора да се појават чувства и почнува да се губи пријателството бидејки некој ќе инсистира на врска :( А што се однесува до женските во МАКЕДОНИЈА, значи потенцирам во Македонија, до сега апсолутно секоја со која имам излезено на кафе секоја гледа конкуренција во мене.......не знам што е работата , јас сум толку незаинтересирана и ладна за да потпрашувам било што, но македонките ( значи оние кои до сега ги имам запознаено во живо и со кои имам излезено) мислат дека ќе сум им го превземала дечко им и постојано постои некој страв, несигурност кај нив , хммммм чудна работа

Е затоа пак братучетките се тука постојано за кафе шема, бидејќи на нив им е доволно јасно дека сум личност која не се меша во туѓ живот , така да, со нив имам разбирање ( изгледа поради роднинската врска ќе да е :cautious: )

Чудно е тоа колку чуден народ е нашиот, изгледа културата, менталитетот, сфаќањата, размислувањата на нашите се ептен обратни кон сите останати нации и затоа мене ми е полесно да се социјализирам со странци отколку со македонци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom