Го гледав целиот натпревар. Премногу оптимистично очигледно излезе Бабунски. Формацијата е премногу офанзивна, што ми се свиѓа.. меѓутоа од така поставени играчи најмногу се бара од Демири и Шумуликовски - а двајцава играа како загубени. Секој натпревар е дежа ву. Јас искрено не видов едно точно додавање од „тандемов“, безброј потрошени топки. Ниту една(!) течна акција, голот постигнат на среќа. Четворицава напред (Хасани, Трајковски, Пандев, Тричко) во поголемиот дел од натпреварот, да не речам 80проценти од натпреварот немаа никаква работа. Тричко како и обично кога игра, пружа максимум.. се враќа да покрие и да прими топка, но напред нема никаква подршка, што е жално.
Одбраната, заедно со Пачовски, заслужува преодна оценка. Сите одиграа на ниво, и оваа е идеалната постава назад. Шиков-Мојсов се добар пар, и според моменталната форма треба они да ротираат со Новески. Единствена причина поради која Азербеџан создаваше шанси е тромавата игра на Демири и Шумуликовски кои незнаеа како да покријат противнички играч.
Сакав да имам поинакво мислење, но со ваков потенцијал немаме никакви шанси за пласман на ЕП/СП. Едноставно сме премногу назад, многу заостануваме.