Ај вака да почнеме отпочеток
Прво кога го видов составот на Сити си мислев дека ќе изгубиме. Зошто? Зошто Ферги наш секогаш го користи овој Черити Шилд за дополнителен фитнес и испробување формации. А и комшикиве наши машала најсилен тим извадија и очекував дека ќе одат во поход на уште еден трофеј.
Првото полувреме ИГРАВМЕ ДОБРО, само ни фалеше оној завршен удар, проигрувања пред шеснаесетникот имаше милион. Го имавме поседот, имавме шанси, ама ете, неколку центаршута во празно отидоа, што отиде во 20ти ред од трибините.. небитно. Головите не кажувам дека ни ги дадоа на среќа, затоа што првиот гол беше многу добар центаршут од Милнер (конечно нешто асално од него) и гол од Лескот (и од него може да се каже). Сити играа многу остро, фаулот што му го направија на Јанг, не знам, немам коментар, среќа скокна инаку отиде зглобот. Тука малку им замерив на нашиве, требаше да им одат на тие веќе пожолтените за да се изнуди црвен, малку тактички. Настрана, судењево беше одлично, дај Боже вака да е низ цела сезона, а не како лани.
Ама иако примивме два гола игравме многу добро. Замените во второ беа ок, малце бев скептик за Еванс, мислев дека ќе му скрши нога на некој па ќе добие црвен. Али чоече коа видов дека со Еванс, Џонс и Клеверли до топка не дојдоа, прашање на време беа само кога ќе паднат головите. Од кога ги дадовме двата, мислев дека на пенали ќе оди мечов, ама Мајкл Џексон ме разубеди. Значи Џеват кога сака да игра може многу, не само цепaчење. И нека ми каже некој само дека не е класа

Беа играчите борбени за топката, правеа клизачи овие од Сити ама нашите најдоа како, се подаваа цело време меѓу себе за да не им се одзеде топката.
Не го напаѓајте Де Геа, аман. Прв меч и тоа на Вембли на 20 години. Што ако паднал при првиот гол? Џо "позлатените раце" Харт не падна на голот на Смолинг? Полека, дечкото не знае ни англиски како прво. Не знам дали приметивте ама секогаш кога изведуваа Сити корнер, Андерсон доаѓаше до него и Давид му кажуваше како да ги намести играчите. Видете во второто полувреме какви одбрани имаше, исто како ван дер Сар, поготово таа топка со глава што му ја пукнаа, фаул што беше. Да не го урочам, ама исти е како Едвин. Само му треба време. Ништо не се 20 години за голман.
Преимпресионирана сум од Јанг, Смолинг и Еванс. Се каам што бев против трансферот на Јанг во Манчестер. Солидни топки испраќаше цело време, многу трчаше и секаде подаваше, не им даде мир по неговата страна на Ричардс и остало. Смолинг со Чичарито мислам дека ќе ни бидат трансфери на декадата, Смолинг е исти како Рио ама го има и дриблингот потребен за да биде и десен бек. Еванс? И на него да му дадеме шанса, чистеше денес :Р, а и како ги наттрча еднаш, си ја зеде топката од наша половина и нагази, убаци во четврта
Не знам за вас, јас не би додавала ништо во тимов, Клеверли и Андерсон денес играа многу добро, освен што Клеверли треба да повежба уште малку на шутот. И да не освоиме ништо сезонава, не сум од тие фанови што сакаат инстант успех со купување играчи, еве земете пример од комшикиве, толку пари фрлени за на крајот Еванс да ги дрибла и да паднат со психата. Имаме 7 напаѓачи, имаме столбови во одбраната што си шетаат често и во нападот. Се ќе си дојде на свое место.
То би било то. Кој не се согласува со нешто нека ме цитира ќе дискутираме

За крај, ајде сите пред маестро Фергусон
P.S. 10,000 билети останале непродадени од тие што им припаднале на Сити. Е не е ова Вејстлендс, Вембли е, треба да се наполни. Доказ: