Апсолутно се сложувам дека треба човек да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата, но, никогаш немој себе си да се потценуваш бидејќи во денешното „маркетинг“ општество луѓето себе си се креваат на пиедестал бесправно, додека ониекоишто вистински се квалитетни се свесни за својата несовршеност и со својот разум беспотребно се потиснуваат долу. Па така, неквалитетот испливува, квалитетот останува тињата. Затоа, никогаш немој себе си да се наречеш, грд, глуп, сиромашен, неспособен, било каква негација. Дури и да е така, ако може некој вистински неинтелигентен да дојде да ти продава муда за бубрези убеден дека е попаметен од тебе, тогаш ти секако не му дозволувај да ти наметне став на повисока вредност.
Онаа англиската реченица за имперфекшн е една од моите најомрезени реченици и реченица со којашто најмалку се сложувам. Ако веќе ја разголобувам, Love не постои, постои страст и интимна поврзаност, но митот за љубов кај мене во глава одамна е констатирано дека е само тоа - мит, иако долго време се противев и велев дека не сакам да живеам живот во кој љубовта ќе ја изедначам со обична бајковидна приказна. Како и да е...
Да бидеш во врска со некој, никако не смееш да прифатиш дека тој некој е несовршен и ти треба да го направиш совршен. Тоа е патетика, никој нема време да моделира луѓе по дома. Имаме кариера, имаме хобија и пријатели, семејство, деца, па дури и фејсбук и мобилен, и немаме време за поправање на заебани личности. Партнерот треба да биде на иста бранова должина, да видиш дека ти одговара, да бидеш среќен со него и тоа е се што може да се добие во една врска.
Можеби затоа голем дел од луѓето викаат дека нема расипани патлиџани, ниту кај жените ниту кај мажите, зашто и самите се расипани. Неквалитетот не го препознава квалитетот. Знам дека звучам снобовски, ама гајле ми е... простите луѓе мислат дека оној којшто знае да зборува, пишува и чита дека е сосема паметен, но реално, еден професор на факултет, никогаш нема да биде во брак со жена којашто не е на исто интелектуално рамниште со него. Може да има швалерка или девојка којашто ќе му го даде најдобриот орален секс па да му го сврти паметот во кревет, но никогаш нема да сака да ја изнесе на вечера со колеги професори, со уметници, со доктори, зашто ќе му биде срам, а тоа не е квалитетна врска, тоа е швалерај.
Од друга страна, девојка којашто не прочитала три книги во животот, за сосема паметен ќе го смета оној тип којшто се разбира од кубикажата на сите мотори во светот, зашто не знае за повеќе, а и да знае, нема да и значи ништо, нејзиниот врв е кубикажата. Дали е квантна физика или кубикажа на мотори, за неа е исто.
Ја земав интелигенцијата како пример, истото важи за секоја друга категорија којашто е важна. Физичка привлечност, пари, моќ, секс, шо и да е...
Ова се поклопува со последната реченица на millanius. И иако муабетот ти е арогантен, ќе одговорам бидејќи и мојот пристап е прилично арогантен и генерализаторски расположен. Генеразацијата за која се расправаме постојано е базирана на мнозинството проверени искуства на различни луѓе. Генерализацијата вели дека македонските девојки, според македонските момци не се погодни за сериозна врска. Исклучоците, секако ќе го потврдат правилото, бидејќи од 10 случаи, 9 ќе бидат на став, македонските девојки не ги бива за врска. Не за секс, туку за врска. Оние момци што не можат да разликуваат врска од секс, сигурно не го имале првото, а најверојатно ниту второто.
И, ако нешто тука смрди, тогаш е тоа што не се бањате. Секој еден тука ќе посведочи дека имал девојка од којашто се згрозил, освен нормално ако немал ниту една девојка. А замисли, хигиената на една друга тема ја оцениле мажите како основа за да им биде одбивна некоја девојка. Тоа чисто како еден „малечок“ пример за твоето нешто смрди.
Генерално, повторно, македонските девојки се прости. Многу прости. Јас на пример, токму бегајќи од простотилакот, упорно заглавувам со девојки коишто се барем малку од малку интелгиентни, но за да ја потврдат својата несовршеност развиле триста други фетиши. Почнувајќи од снобизам и себеизедначување со божество (бидејќи другите девојки околу нив се толку глупави што тие навистина личат на божици со својот просечен или малку над просечен интелект), преку неводење сметка за своите постапки и влијанието на околината, па се до феноменот „курва“, имајќи многу мажи околу нив во секое време, но тврдејќи дека тоа не е вистина мислејќи дека нивниот интелект и умешност за добар спин ќе ги извади од ситуацијата. Знаеш, кога мажите имаат многу девојки, не се прават верни на една, маж којшто менува девојки не се прави невин, затоа девојките се курви, а мажите фраери по уличната терминологија.
Да не зборуваме за ултра смешниот феномен на грдите девојки коишто мислат дека се убави зашто имаат цицки. Face it girls, сите имате цицки.
Или за феноменот кариера. Девојка ќе заврши економски и ќе се вработи во добра фирма - експресно го развива феноменот бизнис девојка иако удира печати на некое биро и е менлива како петденарка.
Можеби феноменот „тато има пари“. Ги немаш ти парите девојки, тато ги има. Во оваа категорија постојат и уште посмешни мажи, возејќи некои луди коли коишто се убедени дека ги купиле како резултат на нивната менаџерска кариера во некој кафиќ што го прават од забава. Не, основачот на овој форум купил бесна кола благодарејќи на својот труд, не другиве мочковци.
И така...