Очајот на македонската љубовна сцена

А

Антоние

Гостин
Нигде во претходниот пост не спомнав дека ги мразам или потценувам жените, а ако немате валидни аргументи да пополните една реплика не мора да ми вадите празни муабети. Антоние ги сака жените и жените го сакаат Антоние :)

Магаренце, феминизмот се појавува на почетокот на дваесетиот век, досега траел еден век, тоа не е ни триесетина од целокупната човечка историја (запишана).
Али во ред, теши се дека мајка ти, сестра ти и се женско што познаваш е ментлно инфериорно спрема тебе, а ти си алфа-мажјакот во средината кој треба да носи храна, пари, да мудрува итн итн.
Ова не е ништо чудно. Најжестокиот феминист што некогаш сум го сретнал досега исто така беше од машки пол (но не и маж во вистинска смисла).

Hmmm...samo na forumov ima eden kup zenski clenki koi se superiorni vs. tebe po intelekt, sudejki prema postovite sekako....i so praime sega !?
Nema vrska feminizmot so sostojbata na `scenata`...
Не осеќам потреба да го споредувам сопствениот интелект со интелектот на другите луѓе, машки или женски. И од субјективни и од објективни мерила дали е "супериорен" или не, уопште не ми е битно.
Јас знам точно кој сум.
 
A

Auditore

Гостин
Иако имам само 17 години и не сум компетентен да дискутирам на темава, но мора да потенцирам нешто:
Очајот настанува и е присутен уште од самото наше созревање во кое родителите не учат да бидеме амбициозни и да намлатиме пари а не не учат дека за да бидеш среќен и задоволен е потребно внимание, љубов и жртвување за да го постигнеш тоа.
Големо внимание има и економскиот систем затоа што тој се рефлектира врз генерациите кои следуваат, своето влијание најчесто го истакнува преку ТВ каналите и чаршиски муабети кои комбинирано глобално со карактерот на нашиов народ и менталитет доведува до очајов во кој се наоѓаме, you get my point.
Неможе да се каже дека квалитет нема, тоа е апсурд, квалитет има, и е раритет, затоа е прајслес кога ќе купиш добар патлиџан и имаш добра шопска салата дома.
Но квалитетот мора да биде присутен и од двете страни, сега е вистински раритет и тоа до некаде е проблем, зборувам и за двата пола.
Луѓето доколку сакаат да бидат среќни и задоволни мора да тежнеат да бидат нормални, да бидат фамилијарно ориентирани и да си ги знаат своите можности, па според тоа да си го трасираат патот кон целта.
Моите родители секогаш ме учеле дека животот се сведува на мали работи, малите работи те прават среќен затоа што почесто се случуваат и да бидам задоволен со тоа, премногу големи амбиции го расипуваат човекот и го доведуваат до тенката линија на губење на време и простор и дека фамилијата е секогаш најважна, во домот да имаш хармонија etc etc..
Долги и среќни врски има и ќе има, доколку партнерите ги знаат своите можности и се фамилијарно ориентирани кои тежнеат да бидаат нормални, сигурен сум дека сеуште има такви.
Мој совет, ако сакаме да најдеме добар патлиџан мора да си ги намалиме очекувањата и да си ги согледаме нашите можности, тогаш одбираш од која гајба ќе бираш и си го кроиш патот кон салата да биде вкусна.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
На крај се добива впечаток од темава дека жените се единствените виновници 'за очајот кој е присутен'.
Изгледа јас сум исклучок кој мисли дека нема никаков очај.
На Водно е полно со коли? Тоа очајно ви изгледа? Во една вечер има доволно да не речам премногу 'парови' кои со коли се бутаат у грмушки. Доволно парови за една вечер, колку што имаат хотеливе/мотеливе за еден месец. Има и такви групи по 4-5 луѓе кои си дошле за леп видик и добар провод уз пиење или пафкање, трети си го мерат басот, рокнат до крај и ечи на паркинг сада пао сам на дно, запаличу пола града и остали песни кои маваат длабоко у срце, а другото е 'тишина'.
Што значи муабетов води до заклучок дека луѓево си имаат секс, доволно секс.
Ако имаат секс имаат и избор со кого да го праат тоа, во спротивно Водно ќе биде празно и буквално тивко.

Очајно е да се има избор? Не.
Очајно е не избереш кога имаш избор.
Тоа е проблемот. Денес лесно можеш да стигнеш до девојка ако знаеш начин. Сакаш спонзоруша? Ќе наполниш џеб и ќе излезеш на места каде што излегуваат и тие. Сакаш металка и слично, идеш у парк на фонтана и ќе се уклопиш у црнила. Сакаш поштена? Ќе се праиш и ти поштен... итн.
Да знаат што сакаат луѓево, ќе најдат.
Празни муабети како сакам поштена и фина, а се мавам од земја по курвана зашо не ме рецка два посто и се ебе со кој стигне, само не со мене или сакам дечко кој ме сака и почитува ама се ебам со оној што ме третира као ѓубре е глупост, не е очај.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Па можеби затоа шо жените шо се мешале со наука и со хемии и со медицина ги сметале за вештерки и ќе ги врзеле така на еден столб опколен со слама и ги гореле. И шо да праат другите тетки, ќе ги учат ќерките и внуките да плетат, метат, и мијат садови, да не ги снајде истото.
Онтопик: Очајот е тука затоа шо уште има батки на стероиди со БМВ или мерцедес кои гледаат на женските како уште еден трофеј а женските па не ги задоволува помислата дека типот немал кола или не вади дебела пара.
За тоа првото не памтам мал бев....

За болдот,а АУДИ заборави да спомнеш..аман вас жените како да ве учи човек незнам(шала:cool:)

Tрофеј за да се осови една жена знаеш колку е ситна ствар,најситна во светот..права ствар е како да зачуваш една жена.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ???
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Глупост.
Тешка глупост.
Доминацијата на мажите не се должи на нивната ментална супериорност, туку на строгото патријархално општество во кое се живеело низ времето.
А за тоа најголем кривец се религиите кои пропагирале таков патријархален систем на живеење.

Жените стануваат се повлијателни, но ќе треба да уште многу време да дојдат до тој степен на кој се мажите.
Абе ептен строго патријархално...мислам затоа скоро сите биле мажи што умирале во војна и кога напаѓале некоја земја мажите ги убивале а жените си ги земале како сопруги за војниците.

Во минатото немало канцелариски работи и се биле тешки физички работи, работени од мажи а жените седеле дома и сепак тоа исто се нарекува строго патријархално општество.

WAKE UP!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас лично не сметам дека жените се понеителегентни од мажите. Мислам дека интелегенцијата на глобално ниво е поденакво дистрибуирана помеѓу машкиот и женскиот пол. Во друго е проблемот зошто се жените неспособни да создадат големи дела од филозофски, уметнички или научен карактер, меѓутоа тоа нема врска, или многу малку има врска, со патријахалниот карактер на општествата од минатото.

Работата со жените е дека тие немаат метафизички проблем. Нив постоење само по себе не им е загатка. Тие не се чудат над животот, затоа што се самиот живот. Без тоа чудење, нема големи дела. Се што е вредно во историјата на науката, филозофијата или уметноста е директна последица на тој метафизички немир. Жените го немаат, не го убавајте гласникот, само констатирам факти. Жените не ствараат такви дела, затоа што едноставно генетски не се мотивирани. Жените ствараат живот. Сите феминистички и полуфеминистички бладања се последица на занемарувањето на овој едноставен факт.

Ниту една жена во историјата не се самоубила од метафизички причини, затоа што на пример заклучила дека животот не е вреден за живеење.
Се согласувам со твојот пост. Жените се самоубиваат во далеку помал број и со помала театралност. Не оставаат писма во кои се објаснува есенцијата на заминувањето, битисувањето, потребата да не се биде присутен веќе заради тоа што е бесмислено. Мајчинството и создавањето живот е најлогичниот одговор зошто е тоа така. Само што тоа нема многу врска со темава и очајот на македонската љубовна сцена.

Еве како јас гледам на работите. Колку подолго е човек сам, толку повеќе собира камења да обвини се што мрда од спротивниот пол за некаква си вина. Луѓе кои се во врски малтене или се смеат на вакви теми или воопшто не им е јасно за што станува збор овде. Одат по логика: Океј, јас имам некој значи можно е да се најде, тогаш што по ѓаволите зборуваат луѓево овде? Во суштина се е во очите на набљудувачот, знам смртно верни парови за кои изневерувањето не е опција и знам парови кои се изневериле помеѓу себе и добро го скриле тоа еден од друг и пак функционираат. Ова второво можеби за мене е бесмислено, ама тоа не е мој живот и немам ама баш никакво право да ги посочувам со прст.
Друга работа. Страшно е колку навлегуваме во стереотипизација. Богати залижани, плавуши со долги нозе без мозок. Човек ќе си помисли дека во Скопје само тоа може да се најде.

Имаше еден многу добар пост на ТАПЕТАРОТ ПЕТАР кој не знам во која тема беше постиран за тоа дека е лесно да се најде партнер, но тешко е да се најде исклучително добар партнер. Оние кои остануваат сами во потрага по баш таква личност, навистина не треба да се жалат заради тоа, бидејќи таквата категорија е рамна на фатаморгана. Самотијата му прави две работи на човек, или го притиска да попушти со критериумите или сосема да идеализира во потрагата бидејќи постојано слуша приказни од страна за изневерени, оставени, растурени. Овде го имате синдромот: Не прифаќам ништо подолу од најдоброто. И тоа е во ред. Само без солзи во потрагата, без лоши зборови, без истенчени нерви. Тешко е, но ако таков избор паднал сами сме си виновни.

Трета работа. Секој кој се жали на темава од расипништвото на мажите и жените без разлика, кога би бил сосема искрен пред себе веднаш би извадил од ракав барем една своја лична љубовна приказна во која излегол копук и прокоцкал нешто здраво за готово. Па затоа нека не се срами да признае дека има сосем веродостоен придонес кон очајот што владее. Јас верувам дека скоро секој е заслужен за ситуацијата.

И нешто како боунс. Гледам доста често се коментира дека интелегенцијата на жените е падната на минимум т.е ако е убава мора да е глупа, инаку ја компензира својата грдосија. Е тоа е реченица која мириса на очај. Да преведам, оваа лепотицава пошто нејќе ништо со мене гарант е некоја глупача со која не ни сакам да си имам работа. Интелегенцијата тешко се наоѓа во денешно време помеѓу луѓево од двата пола, духовната интелегенција боже сачувај, ако ја најдете ви честитам добитник сте на бинго. Затоа и нема потреба од генерализации. Не еднаш ми се случило со другари или човек со кој сум излегла на кафе да бидам приморана да зборувам само за тривијални работи од типот какво е времето денес, само затоа што не биле способни за разговор на повисоко ниво. Па не викам дека мажите се глупави, ниту пак дека оние паметните што сум ги сретнала компензираат нешто со тоа. Има луѓе од секаков тертип, а во овој капиталистичи, пардон, постразиционен хаотичен македонски период духовната состојба на децата кои израснаа во него и сега ја оформија љубовната сцена не е многу задоволителна и има многу мутанти помеѓу нив. Секако има многу здраворазумни луѓе помеѓу нив, само или се кријат под милион слоеви себезаштита или се кријат дома зашто не можат да го поднесат лажниот блинг - блинг стил кој завладеа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Иако имам само 17 години и не сум компетентен да дискутирам на темава, но мора да потенцирам нешто:
Очајот настанува и е присутен уште од самото наше созревање во кое родителите не учат да бидеме амбициозни и да намлатиме пари а не не учат дека за да бидеш среќен и задоволен е потребно внимание, љубов и жртвување за да го постигнеш тоа.
Големо внимание има и економскиот систем затоа што тој се рефлектира врз генерациите кои следуваат, своето влијание најчесто го истакнува преку ТВ каналите и чаршиски муабети кои комбинирано глобално со карактерот на нашиов народ и менталитет доведува до очајов во кој се наоѓаме, you get my point.
Неможе да се каже дека квалитет нема, тоа е апсурд, квалитет има, и е раритет, затоа е прајслес кога ќе купиш добар патлиџан и имаш добра шопска салата дома.
Но квалитетот мора да биде присутен и од двете страни, сега е вистински раритет и тоа до некаде е проблем, зборувам и за двата пола.
Луѓето доколку сакаат да бидат среќни и задоволни мора да тежнеат да бидат нормални, да бидат фамилијарно ориентирани и да си ги знаат своите можности, па според тоа да си го трасираат патот кон целта.
Моите родители секогаш ме учеле дека животот се сведува на мали работи, малите работи те прават среќен затоа што почесто се случуваат и да бидам задоволен со тоа, премногу големи амбиции го расипуваат човекот и го доведуваат до тенката линија на губење на време и простор и дека фамилијата е секогаш најважна, во домот да имаш хармонија etc etc..
Долги и среќни врски има и ќе има, доколку партнерите ги знаат своите можности и се фамилијарно ориентирани кои тежнеат да бидаат нормални, сигурен сум дека сеуште има такви.
Мој совет, ако сакаме да најдеме добар патлиџан мора да си ги намалиме очекувањата и да си ги согледаме нашите можности, тогаш одбираш од која гајба ќе бираш и си го кроиш патот кон салата да биде вкусна.
Ми се допаѓа тоа што си така фино разумен, а тврдиш дека имаш 17 години. Тоа е прекрасно. И муабетот ти држи многу вода, ама...

Амбицијата е она коешто го прави модерниот човек. Амбиција во поглед на кариерата, амбиција во поглед на сопствениот изглед и секако амбиција во поглед на сопствениот партнер. Никакво зло не е да посакуваме да бидеме најуспешни, најубави и да посакуваме да го имаме совршениот партнер крај нас. Да бидеме несвесни дека совршен никој никогаш нема да биде, е лудост, но уште поголема лудост е да останеме со некој партнер за којшто знаеме и особено гледаме дека воопшто не е добар за нас.

Никако грев не е да сакаме девојката да ни биде убава и паметна и да ја бараме додека не ја најдеме. Или по нашки, по пазарски... :) Нема различни критериуми за патлиџаните. Се знае кој патлиџан е добар кој е лош. Ќе ги намалиме критериумите за еден патлиџан само кога ќе бидеме мртви гладни, а тоа го зборев и во претходниот пост, имаме секс, но не градиме врска со патлиџани коишто не ни се вклопуваат во замислата за добра салата.

Проблемот е што нема гајби со добри и лоши патлиџани кај нас во Македонија. Сите гајби се со расипани патлиџани, а не убедуваат дека патлиџанот е прекрасен. Најголемиот дел од македонците и го прифаќаат тоа, бидејќи се убедени дека немаат избор. Е тоа е веќе работа на избор, на поединецот, ама тоа што прифаќаме да бидеме во врска со расипани девојки, не значи дека расипаните сега можеме да ги прогласиме за добри, а уште помалку тоа треба да биде причина за некој да се нарече себе си „со високи критериуми“.

За себе секогаш го сакаме само најдоброто и апсолутно имаме право на тоа.
 
Да во право си, секој човек треба да биде амбициозен но оноклу колку што се неговите можности, на можностите влијаат многу фактори, да не трубам сега за тоа ем е друга тема ем има многу за зборување.
Муабетот ми е, сите се амбициозни и го сакаат најдоброто а всушност не ги знаат своите можности и не се свесни колку можат да понудат, затоа што најдоброто си иде со најдобро и тоа е факт нема бегање.
Јас сум свесен колку можам да понудам и кои се моите можности па според тоа и моите амбиции ги кројам во животот, затоа и моите критериуми кон бирање на девојка се со малку поомекнат став и наоѓам ете патлиџани кои ме задоволуваат, иако на овие мои 17 години и неможам да го тврдам ова затоа и кажав дека не сум компетентен да коментирам.
На крај краева, сите ние имаме маани нема бегање од тоа, но во животот треба да научиме да се прилагодуваме на средината и да научиме да го сакаме човекот со сите негови маани и позитивни страни. Ја знаеш она англиската мисла со која се потполно согласувам: Love isn't finding the perfect person, it is finding the imperfect person and seeing how they are perfect.
Добри патлиџани има, но во гајбата треба малку подлабоко да бараш, затоа што лошото секогаш е на површина и веднаш впечатливо.
 
Апсолутно се сложувам дека треба човек да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата, но, никогаш немој себе си да се потценуваш бидејќи во денешното „маркетинг“ општество луѓето себе си се креваат на пиедестал бесправно, додека ониекоишто вистински се квалитетни се свесни за својата несовршеност и со својот разум беспотребно се потиснуваат долу. Па така, неквалитетот испливува, квалитетот останува тињата. Затоа, никогаш немој себе си да се наречеш, грд, глуп, сиромашен, неспособен, било каква негација. Дури и да е така, ако може некој вистински неинтелигентен да дојде да ти продава муда за бубрези убеден дека е попаметен од тебе, тогаш ти секако не му дозволувај да ти наметне став на повисока вредност.

Онаа англиската реченица за имперфекшн е една од моите најомрезени реченици и реченица со којашто најмалку се сложувам. Ако веќе ја разголобувам, Love не постои, постои страст и интимна поврзаност, но митот за љубов кај мене во глава одамна е констатирано дека е само тоа - мит, иако долго време се противев и велев дека не сакам да живеам живот во кој љубовта ќе ја изедначам со обична бајковидна приказна. Како и да е...

Да бидеш во врска со некој, никако не смееш да прифатиш дека тој некој е несовршен и ти треба да го направиш совршен. Тоа е патетика, никој нема време да моделира луѓе по дома. Имаме кариера, имаме хобија и пријатели, семејство, деца, па дури и фејсбук и мобилен, и немаме време за поправање на заебани личности. Партнерот треба да биде на иста бранова должина, да видиш дека ти одговара, да бидеш среќен со него и тоа е се што може да се добие во една врска.

Можеби затоа голем дел од луѓето викаат дека нема расипани патлиџани, ниту кај жените ниту кај мажите, зашто и самите се расипани. Неквалитетот не го препознава квалитетот. Знам дека звучам снобовски, ама гајле ми е... простите луѓе мислат дека оној којшто знае да зборува, пишува и чита дека е сосема паметен, но реално, еден професор на факултет, никогаш нема да биде во брак со жена којашто не е на исто интелектуално рамниште со него. Може да има швалерка или девојка којашто ќе му го даде најдобриот орален секс па да му го сврти паметот во кревет, но никогаш нема да сака да ја изнесе на вечера со колеги професори, со уметници, со доктори, зашто ќе му биде срам, а тоа не е квалитетна врска, тоа е швалерај.

Од друга страна, девојка којашто не прочитала три книги во животот, за сосема паметен ќе го смета оној тип којшто се разбира од кубикажата на сите мотори во светот, зашто не знае за повеќе, а и да знае, нема да и значи ништо, нејзиниот врв е кубикажата. Дали е квантна физика или кубикажа на мотори, за неа е исто.

Ја земав интелигенцијата како пример, истото важи за секоја друга категорија којашто е важна. Физичка привлечност, пари, моќ, секс, шо и да е...
penkaloto напиша:
Mamma mia , од стотици илјади девојки и сите до една расипани патлиџани :unsure: !? Тука нешто смрди , а не ќе е да е од патлиџаните ...
Ова се поклопува со последната реченица на millanius. И иако муабетот ти е арогантен, ќе одговорам бидејќи и мојот пристап е прилично арогантен и генерализаторски расположен. Генеразацијата за која се расправаме постојано е базирана на мнозинството проверени искуства на различни луѓе. Генерализацијата вели дека македонските девојки, според македонските момци не се погодни за сериозна врска. Исклучоците, секако ќе го потврдат правилото, бидејќи од 10 случаи, 9 ќе бидат на став, македонските девојки не ги бива за врска. Не за секс, туку за врска. Оние момци што не можат да разликуваат врска од секс, сигурно не го имале првото, а најверојатно ниту второто.

И, ако нешто тука смрди, тогаш е тоа што не се бањате. Секој еден тука ќе посведочи дека имал девојка од којашто се згрозил, освен нормално ако немал ниту една девојка. А замисли, хигиената на една друга тема ја оцениле мажите како основа за да им биде одбивна некоја девојка. Тоа чисто како еден „малечок“ пример за твоето нешто смрди.

Генерално, повторно, македонските девојки се прости. Многу прости. Јас на пример, токму бегајќи од простотилакот, упорно заглавувам со девојки коишто се барем малку од малку интелгиентни, но за да ја потврдат својата несовршеност развиле триста други фетиши. Почнувајќи од снобизам и себеизедначување со божество (бидејќи другите девојки околу нив се толку глупави што тие навистина личат на божици со својот просечен или малку над просечен интелект), преку неводење сметка за своите постапки и влијанието на околината, па се до феноменот „курва“, имајќи многу мажи околу нив во секое време, но тврдејќи дека тоа не е вистина мислејќи дека нивниот интелект и умешност за добар спин ќе ги извади од ситуацијата. Знаеш, кога мажите имаат многу девојки, не се прават верни на една, маж којшто менува девојки не се прави невин, затоа девојките се курви, а мажите фраери по уличната терминологија.

Да не зборуваме за ултра смешниот феномен на грдите девојки коишто мислат дека се убави зашто имаат цицки. Face it girls, сите имате цицки. :)
Или за феноменот кариера. Девојка ќе заврши економски и ќе се вработи во добра фирма - експресно го развива феноменот бизнис девојка иако удира печати на некое биро и е менлива како петденарка.
Можеби феноменот „тато има пари“. Ги немаш ти парите девојки, тато ги има. Во оваа категорија постојат и уште посмешни мажи, возејќи некои луди коли коишто се убедени дека ги купиле како резултат на нивната менаџерска кариера во некој кафиќ што го прават од забава. Не, основачот на овој форум купил бесна кола благодарејќи на својот труд, не другиве мочковци.

И така... :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
На крај се добива впечаток од темава дека жените се единствените виновници 'за очајот кој е присутен'.
Изгледа јас сум исклучок кој мисли дека нема никаков очај.
На Водно е полно со коли? Тоа очајно ви изгледа? Во една вечер има доволно да не речам премногу 'парови' кои со коли се бутаат у грмушки. Доволно парови за една вечер, колку што имаат хотеливе/мотеливе за еден месец. Има и такви групи по 4-5 луѓе кои си дошле за леп видик и добар провод уз пиење или пафкање, трети си го мерат басот, рокнат до крај и ечи на паркинг сада пао сам на дно, запаличу пола града и остали песни кои маваат длабоко у срце, а другото е 'тишина'.
Што значи муабетов води до заклучок дека луѓево си имаат секс, доволно секс.
Ако имаат секс имаат и избор со кого да го праат тоа, во спротивно Водно ќе биде празно и буквално тивко.

Очајно е да се има избор? Не.
Очајно е не избереш кога имаш избор.
Тоа е проблемот. Денес лесно можеш да стигнеш до девојка ако знаеш начин. Сакаш спонзоруша? Ќе наполниш џеб и ќе излезеш на места каде што излегуваат и тие. Сакаш металка и слично, идеш у парк на фонтана и ќе се уклопиш у црнила. Сакаш поштена? Ќе се праиш и ти поштен... итн.
Да знаат што сакаат луѓево, ќе најдат.
Празни муабети како сакам поштена и фина, а се мавам од земја по курвана зашо не ме рецка два посто и се ебе со кој стигне, само не со мене или сакам дечко кој ме сака и почитува ама се ебам со оној што ме третира као ѓубре е глупост, не е очај.

Особено се согласувам со првиот дел од постот. Искрено не знам кои се стандардите за квалитет на македонската љубовна сцена за да го разберам очајот, ниту пак гледам дека луѓево, генерално земено, западнале во очај заради нивниот љубовен живот, барем од примерите кои што ги познавам. Постојат луѓе, кои што ми се генерација, направија деца и се земаа на 19 год. и сега децата им одат во забавиште, постојат луѓе кои своите долги врски од неколку години ги официјализираа со веридба, постојат луѓе кои сменија милион партнери и ми се чини дека воопшто не им е лошо и не се жалат заради тоа, а постојат и луѓе кои што уште не ја фатиле првата девојка/дечко. Повеќе би се сложил дека постои очај во ноќниот живот во Скопје или очај на вредностите кои што ги промовира ова општество на секој план, но нормално не можам за тоа генерално да ги окривувам ниту мажите, ниту жените. Гледам дека доста се дискутира за жените во Македонија на форумов, со некои работи се сложувам, со некои не, но не гледам дека и мажите заостануваат позади жените. Не дека ги бранам жените, напротив сакам да укажам дека за неуспехот на врската не можеш да окривуваш некои општопознати карактеристики на жените, ниту пак некои стереотипи за мажите. Кога сме кај мажите тука имаш најразлични фаци, од типови кои освен за кладилница и реглерот од колата не можат да ти сврзат друг асален муабет до феминизирани типови кои ги гледаш со женски под рака, па се до некои нарцисоидни арогантни фаци кои ради тоа што нивните дома им давале кралски третман сметаат дека така можат да се понашаат и во комуникацијата со други луѓе. Поентата ми е дека како што на мажите им е тешко да си најдат девојка по своја мера, истиот проблем претпоставувам го имаат и жените.
 
A

Auditore

Гостин
Апсолутно се сложувам дека треба човек да си ги пушти нозете колку што му е долга чергата, но, никогаш немој себе си да се потценуваш бидејќи во денешното „маркетинг“ општество луѓето себе си се креваат на пиедестал бесправно, додека ониекоишто вистински се квалитетни се свесни за својата несовршеност и со својот разум беспотребно се потиснуваат долу. Па така, неквалитетот испливува, квалитетот останува тињата. Затоа, никогаш немој себе си да се наречеш, грд, глуп, сиромашен, неспособен, било каква негација. Дури и да е така, ако може некој вистински неинтелигентен да дојде да ти продава муда за бубрези убеден дека е попаметен од тебе, тогаш ти секако не му дозволувај да ти наметне став на повисока вредност.

Онаа англиската реченица за имперфекшн е една од моите најомрезени реченици и реченица со којашто најмалку се сложувам. Ако веќе ја разголобувам, Love не постои, постои страст и интимна поврзаност, но митот за љубов кај мене во глава одамна е констатирано дека е само тоа - мит, иако долго време се противев и велев дека не сакам да живеам живот во кој љубовта ќе ја изедначам со обична бајковидна приказна. Како и да е...

Да бидеш во врска со некој, никако не смееш да прифатиш дека тој некој е несовршен и ти треба да го направиш совршен. Тоа е патетика, никој нема време да моделира луѓе по дома. Имаме кариера, имаме хобија и пријатели, семејство, деца, па дури и фејсбук и мобилен, и немаме време за поправање на заебани личности. Партнерот треба да биде на иста бранова должина, да видиш дека ти одговара, да бидеш среќен со него и тоа е се што може да се добие во една врска.

Можеби затоа голем дел од луѓето викаат дека нема расипани патлиџани, ниту кај жените ниту кај мажите, зашто и самите се расипани. Неквалитетот не го препознава квалитетот. Знам дека звучам снобовски, ама гајле ми е... простите луѓе мислат дека оној којшто знае да зборува, пишува и чита дека е сосема паметен, но реално, еден професор на факултет, никогаш нема да биде во брак со жена којашто не е на исто интелектуално рамниште со него. Може да има швалерка или девојка којашто ќе му го даде најдобриот орален секс па да му го сврти паметот во кревет, но никогаш нема да сака да ја изнесе на вечера со колеги професори, со уметници, со доктори, зашто ќе му биде срам, а тоа не е квалитетна врска, тоа е швалерај.

Од друга страна, девојка којашто не прочитала три книги во животот, за сосема паметен ќе го смета оној тип којшто се разбира од кубикажата на сите мотори во светот, зашто не знае за повеќе, а и да знае, нема да и значи ништо, нејзиниот врв е кубикажата. Дали е квантна физика или кубикажа на мотори, за неа е исто.

Ја земав интелигенцијата како пример, истото важи за секоја друга категорија којашто е важна. Физичка привлечност, пари, моќ, секс, шо и да е...

Ова се поклопува со последната реченица на millanius. И иако муабетот ти е арогантен, ќе одговорам бидејќи и мојот пристап е прилично арогантен и генерализаторски расположен. Генеразацијата за која се расправаме постојано е базирана на мнозинството проверени искуства на различни луѓе. Генерализацијата вели дека македонските девојки, според македонските момци не се погодни за сериозна врска. Исклучоците, секако ќе го потврдат правилото, бидејќи од 10 случаи, 9 ќе бидат на став, македонските девојки не ги бива за врска. Не за секс, туку за врска. Оние момци што не можат да разликуваат врска од секс, сигурно не го имале првото, а најверојатно ниту второто.

И, ако нешто тука смрди, тогаш е тоа што не се бањате. Секој еден тука ќе посведочи дека имал девојка од којашто се згрозил, освен нормално ако немал ниту една девојка. А замисли, хигиената на една друга тема ја оцениле мажите како основа за да им биде одбивна некоја девојка. Тоа чисто како еден „малечок“ пример за твоето нешто смрди.

Генерално, повторно, македонските девојки се прости. Многу прости. Јас на пример, токму бегајќи од простотилакот, упорно заглавувам со девојки коишто се барем малку од малку интелгиентни, но за да ја потврдат својата несовршеност развиле триста други фетиши. Почнувајќи од снобизам и себеизедначување со божество (бидејќи другите девојки околу нив се толку глупави што тие навистина личат на божици со својот просечен или малку над просечен интелект), преку неводење сметка за своите постапки и влијанието на околината, па се до феноменот „курва“, имајќи многу мажи околу нив во секое време, но тврдејќи дека тоа не е вистина мислејќи дека нивниот интелект и умешност за добар спин ќе ги извади од ситуацијата. Знаеш, кога мажите имаат многу девојки, не се прават верни на една, маж којшто менува девојки не се прави невин, затоа девојките се курви, а мажите фраери по уличната терминологија.

Да не зборуваме за ултра смешниот феномен на грдите девојки коишто мислат дека се убави зашто имаат цицки. Face it girls, сите имате цицки. :)
Или за феноменот кариера. Девојка ќе заврши економски и ќе се вработи во добра фирма - експресно го развива феноменот бизнис девојка иако удира печати на некое биро и е менлива како петденарка.
Можеби феноменот „тато има пари“. Ги немаш ти парите девојки, тато ги има. Во оваа категорија постојат и уште посмешни мажи, возејќи некои луди коли коишто се убедени дека ги купиле како резултат на нивната менаџерска кариера во некој кафиќ што го прават од забава. Не, основачот на овој форум купил бесна кола благодарејќи на својот труд, не другиве мочковци.

И така... :)
Се согласувам, но квалитетот не се фали и е тешко впечатлив, денес многу луѓе имаат маски за да бидат прифатени во ова ретардирано општетство каде само докажување и парите се битни, но кога маската ќе падна позади неа стои друг човек, човек кој е спремен да љуби, да сака, да биде повреден, да ризикува, да ти подари се, ги има уште такви, неможеш да ме убедиш дека ги нема, можеби треба повеќе да им веруваш да луѓето и да дозволиш да се покажат да ја симнат маската можеби баш таа личност е совршената за тебе. Потребно е да бидеш малку флексибилен и да научиш и ти самиот да се кроиш за некоја друга за да и биде удобно со тебе затоа што ако сите се кројат според тебе за да ти биде тебе убаво би било ептен себично размислување а и тоа е невозможно, сите имаме свои животи и хобија и што ти знам ама доколку сакаме да имаме партнер мора да научиме сетоа тоа да го ускладиме.
Секако дека не би дозволил некој глуп и мижав колку сака нека е богат да дојде и да ми продава муда за бубрези за било што, тука ми е слабата точка, и не дозволувам никој да ме потценува и гази, ниту самиот себе не си го правам тоа, јас за себе сум си најубав и најдобар и така било и секогаш така ќе биде.
Љубов постои, можеби сеуште не си ја искусил па ова го тврдиш, можеби си многу повреден од некоја девојка па го тврдиш ова, но биди сигурен дека постои, треба да веруваме во неа за да ни се случи, а ќе се случи кога тогаш и тоа кога најмалку очекуваме.
 
И откако ќе се случи што? Вечно ќе трае?
Не. Тука ќе стапи на сцена доминација, кој повеќе да доминира.
Во одреден период едниот ќе биде потчинет. Ако не во одреден, тогаш ќе биде постојано. Затоа што во секоја заедница важи истото правило. Едниот е лидер, а другиот следи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom