Очајот на македонската љубовна сцена

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Толку имав да кажам за темава, за очајот на Македонската љубовна сцена не се чувствувам доволно компетентна да дискутирам, бидејки мене ми е супер, овде вие дискутирајте.
Uh...celo vreme 0-0 kaj tebe, nemas maka...na penali ke se oprajte kako i da e...:D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Според законот за привлекување со дебата на оваа тема се привлекува очајот во љубовната сцена. Затоа не се дебатира тука затоа што се привлекува очајот, па повеќе акција помалку дебата затоа што со акција се привлекува акција, а со дебата само се дебатира околу очајноста :icon_lol:.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.923
Колку жени има во листава?
Бај д веј, си нашол за влијателноста на жените да даваш докази од листи составени од страна на чичко АлКаеда, кај што он прилично "објективно", на прво место си го стаил Мухамед. Исто така се усудил да го стаи и Господ на трето место. LoL
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Бај д веј, си нашол за влијателноста на жените да даваш докази од листи составени од страна на чичко АлКаеда, кај што он прилично "објективно", на прво место си го стаил Мухамед. Исто така се усудил да го стаи и Господ на трето место. LoL
Каква сакаш листа стави и напраи компарација.
http://www.thisismoney.co.uk/money/news/article-1690636/Forbes-Rich-List-2010-Worlds-100-wealthiest.html

На.
 
М

Мартин`

Гостин
Не се криви ни машките ни женските, такво е влијанието над 95% од капитализмот.. така да кој се снајде арно кој не ... :)
И како што реков не сме ние криви јбг глобално влијание од парите како кај сите така и кај нас ..
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не се криви ни машките ни женските, такво е влијанието над 95% од капитализмот.. така да кој се снајде арно кој не ... :)
И како што реков не сме ние криви јбг глобално влијание од парите како кај сите така и кај нас ..
Toа е така бидејќи во време на социјализмот, љубовта цветаше. Нема социјалистичка земја каде што имаат младите проблеми во љубовниот живот.
Сунетот се глобализира, јбг... побрзајте!
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Да, гледам мажите што немаат изглед на Бред Пит, не се интелегентни и не се џентлмени не можат до жена да припарат.NOT!
И не можеш да кажеш дека жените секогаш бираат.И на љубовната сцена владеат законите на понудата и побарувачката.Ако има голема побарувачка за тебе ќе си бираш, ако не, ќе се задоволиш со тоа што можеш да го добиеш, без разлика дали си маж или жена.Џорџ Клуни е маж, па сепак секогаш ќе може да си одбира девојки, затоа што илјадници девојки врескаат по него.
Никој не рече дека мажите што немаат изглед како Бред Пит неможат да направат ништо, поентата беше кој БИРА.

И со вториов дел само го потврди тоа што го кажав. Жените бираат во 99.9% од случаевите. Ако е поубава, има поголем избор, ако е погрда има помал. Но сепак...таа бира. Мажот нема ни приближно толку способност да бира партнер колку жена, пак, пробај да го направиш експерименттоо со прашување за секс ако си скептична.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578

Нема врска убавината толку колку што мислиш. Повеќе има самодовербата и бестрашноста од самечкиот живот.
АКо не се цени доволно девојката, или и е страв дека ќе биде стара мома, ги намалува критериумите.
 
Не разбирам зошто постојано ја одбегнуваш намерно поентата на мојот пост. Ако прочиташ погоре, членката почна да збори оф топик за убавина. Поентата на мојот пост беше кој бира, машкото или женското. Поентата беше, ако на некое машко и се свиѓа некоја женска, а оваа не го свиѓа, шансите за да направи нешто се близу 0. Ако е обратно, ако на некое женско и се свиѓа некое машко, шансите да направи нешто со него се неколку пати поголеми (колку е поубава, толку се поголеми шансите).

Се согласувам дека повеќе има самодовербата и бестрашноста ама тоа е само кај машките, кај женските се цени мн. повеќе физичката убавина од тоа и кој се обидува да ти докаже дека е поинаку најверојатно се обидува да ти влезе во...oh well you get the point.
 
Прв пат ти реплицирам, не знам зошто мислиш дека постојано ти одбегнувам поента.
И не е точно дека женското бира. Често мажот знае да ја освои девојката со еден куп други работи ако првобитно не го бендисува, па типката ке се заљуби во неговите очи по некое време и ќе и се свиѓа.
А убавината е субјективна работа. Може она си милси дека е најубава, ама да не е, па може да ти се случи и грда да те откачи. Така што убавината не е некое значение, допадливоста субјективна, да.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Колку жени има во листава?
На. Изброј ги.
Ова е листа на 100 нај инфлуентни луѓе во историјата.
Листа што не сум ја правел ЈА.
Можеме цел ден да се натегаме-што како али 2 работи се точни.

1. На листава доминираат мажи.
2. Маживе на листава немаше да бидат на листава да не им беа жените до нив.
Глупост.
Тешка глупост.
Доминацијата на мажите не се должи на нивната ментална супериорност, туку на строгото патријархално општество во кое се живеело низ времето.
А за тоа најголем кривец се религиите кои пропагирале таков патријархален систем на живеење.

Жените стануваат се повлијателни, но ќе треба да уште многу време да дојдат до тој степен на кој се мажите.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Глупост.
Тешка глупост.
Доминацијата на мажите не се должи на нивната ментална супериорност, туку на строгото патријархално општество во кое се живеело низ времето.
А за тоа најголем кривец се религиите кои пропагирале таков патријархален систем на живеење.

Жените стануваат се повлијателни, но ќе треба да уште многу време да дојдат до тој степен на кој се мажите.
Алелуја, уште едно машко да каже нешто што ниедна жена нема храброст отворено да го напише :cuc:.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Жените бираат во 99.9% од случаевите. Ако е поубава, има поголем избор, ако е погрда има помал. Но сепак...таа бира. Мажот нема ни приближно толку способност да бира партнер колку жена,
не е толку точно тоа што ти го мислиш...секој човек маж или жена можи да бира партнер.Јас на пример незнам точната бројка на корпи...секогаш вреди да се проба да се бира најдоброто за себе.
По природа мажот е тој што треба да лови,а жената е плен..тоа е исто и кај животните:D и ако гелдаме вака тогаш мажите го имаат изборот на жена.Во спротивно никоја жена не го прави онај прв чекор(можеби некако со невербална комуникација ќе покуша но то е све што можи да направи).
Инаку очајот кај македонската сцена е стравот и фрустрацијата од одбивање, и затоа се тие етикирања спонзоруша ова она.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Токатер, Вот, ДМТ сфатија, ти не сфаќаш. Зашо бе така?

Ќе пробам да скратам, не се работи за тоа дека цената на пичката е висока. Не е висока, напротив, во Македонија никогаш поефтина не била. Во денешно време можеш да дојдеш до секс премногу лесно и тоа е добро што е така. Праиме муабет за врска со девојка... со квалитетна девојка. За тоа е темава, зошто веќе нема квалитетни врски, или по мое, зошто девојките веќе не се способни да бидат дел од квалитетна врска.
Како ти можиш да зборуваш за ничии емоции и чувства,од каде знаеш што е квалитетна врска??
 
Kajgana Shop

На врв Bottom