Денес, слушајќи радио во кола ми дојде на памет дека во суштина македонскиве радио станици прават добар бизнис - добро заработуваат, а немаат големи трошоци.
Па ме интересира дали има некој идеја колку чини започнување на овој бизнис?
Што е потребно од кадар и техника? и
Дали има некој од форумов што со знаењето е спремен да улета во некоја во ваква авантура?
има... тука сум, ама со време краток сум за уште една професија и активност... инаку отворен сум за совети во секое време...
ај прво ке почнам со оние погоре што дискутираа дека ти треба предавател и компјутер и дека само кликаш на песните на винамп на редени и тоа е тоа... е па профи радио станица нема баш еден компјутер и предавател... да, точно е дека музиката сега иде преку компјутери. умре тоа време кога со цд плеери се пушташе музика, иако и сега е слично со компјутерите... сега имаш 1-2 цд плеери на страна чисто колку за бекап, ако ти рикне мрежата т.е падне нешто системот, да не биде штама (имаш внатре едно цд на стенд бај и по потреба кликаш), и 3-4 компјутери, сето тоа изврзано на миксета. понатака ти треба ГЛУВО СТУДИО. тоа значи една просторија која е од неколку квадрати-мала и обложена со специјални сунгери, кои служат да го упијат секаков звук, т.е. да нема ни нај мало ехо. во таква соба неможе да се пјави фонија од звучници... понатака не заборавај дека ти треба и еден офис, пристојно среден. немој да очекуваш профи клиентела, во шупата од зади да ти дојде и да склучите зделка за маркетинг. во секој случај, локацијата на студиото и канцеларијата заедно треба да ти бидат на некое по значајно место. значи делот околу центар, карпош, првиот дел од кисела вода, кружен ток или пак во некој по значаен објект.
понатака за предавателот... ако си во скопје, а мислам дека и другите градови е исто... предавател во градот НЕМА ШАНСИ да ставиш. за 2 дена добијаш пломба на целата опрема. туку се става линк, кој емитира на одредена фреквенција, надвор од стандардните фм фреквенции, и надвор од фреквенциите на радио станиците на брза помош, полиција, пошарна, такси компаниите и слично... тој линк А емитира сигнал до приемникот линкБ кој се наоѓа кај предавателот. за скопје тоа е скопска црна гора (поретко) и водно. кој се качил на водно у здње време може да бил сведок на накитениот врв со антени. е за тој предавател ти треба согласност, дозвола и напојување. на ниво на град скопје има изведено посебна просторија на водно со која гарантираат напојување од 24 часа. изначи и да нема струја тука се агрегатите кои одма продолжуваат. е тоа се плаќа...
толку од техниката, понатака да дискутираме околу правниот дел. ти треба дозвола СРД (совет за радио дифузија) т.е. лиценца која важи 1 година. секоја година се обновува. понатака ЗАМП ти дише у врат одма, бидејки во законот кај нас е предвиден одреден процент од музиката која што се пушта кај нас да биде исклучиво македонска а за македонска музика се плаќаат и авторски права, а за нив пак е задолжен ЗАМП.
а да.. има радиа што се затворени... моето прво радио (не лично мое) во кое го стекнав моето искуство беше на фреквенција 102,5 фм и се викаше канал+ радио... тоа не постои више иако е едно од првите приватни радија во македонија. канал плус беше на исто рамниште, квалитет и годиште со антена радио (95,5 фм). сити радио (94,7фм) - никот твој хаха, не ни беше у план во тоа време, а метрополис е бебенце за тоа радио. еве репрезентативност на локација ке кажам за ова радио. на времето беше сместено на падините на водно, поточно во самиот хотел-ресторант панорама. потоа дислокација на цела опрема отиде во тогаш многу актуелниот ЦД клуб МАКИ т.е. плаја виста, понатака се пресели во едни простории во дебар маало и тука му заврши прикаската со радиото...
дали се заработува? да се заработува добро, ако ги имаш правите луге и ако имаш менаџери-комерцијалисти кои си ја знаат работата. моментално опслужувам неколку радија со моите услуги и ги знам лугето од нив. едне дел од нив значи, со добро менаџирање и организацја за преку период од 5-7 години од голтари (реторички кажано) станаа сериозно добро нафатирани луге, кои од заставички возење возат луксузни коли, изнакупија станови и слично, а другиот дел, си беа она што се и ден денес без некои конкретни промени... ама овие првите и имаа оригинални идеи, па и радијата, т.е. програмите на радијата им се оригинални. и треба едно да се знае а тоа е дека не постои радио нити телевизија која ке има во својата програмска шема нешто интересно за целата популација. значи треба да се одредиш за какво радио т.е. која ти е целната група на слушатели и таква програма да направиш, ама квалитетна. и не ни сонувај дека во првите 5 години ке добиеш национална мрежа-концесија за емитирање низ цела МК. плус тоа кошта сериозно јаки пари да поставиш линкови и предаватели низ цела МК... значи само за скопје или за било кој друг град единечно...
било што друго да ти треба бујрум, прашај... ке се потрудам кога имам време да ти одговорам...