Бизнис „Радио станица„

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Денес, слушајќи радио во кола ми дојде на памет дека во суштина македонскиве радио станици прават добар бизнис - добро заработуваат, а немаат големи трошоци.

Па ме интересира дали има некој идеја колку чини започнување на овој бизнис?

Што е потребно од кадар и техника? и

Дали има некој од форумов што со знаењето е спремен да улета во некоја во ваква авантура? :icon_lol:
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
трошоци има ... ама пак не ми текнува на некое радио што се заворило ... или само мене не ми текнува ...
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.873
Поени од реакции
4.577
трошоци има најмногу во даноци и до советот за радиодифузија
колку што сум запознаен во Велес има едно радио и имаат единствено компјутер и предавател, ништо повеќе, можеби некој микрофон или слично.
Поентата ми е дека капе паричка колку толку а песните и рекламите си ги местат на винамп, редоследно имаат плејлисти кои месечно ги менуваат, што значи дека немаш некоја обврска да седиш во радио цело време, а најмногу ќе триеш раце избори кога ќе дојдат :)
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
имаше ваква тема негде .. побарај ја
:)

едит: еве ја

тука
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
имаше ваква тема негде .. побарај ја
:)

едит: еве ја

тука
Добро претходната тема е повеќе за процедурата, најверојатно од законски аспект.

Мене ме интересира повеќе од бизнис (економски) аспект.
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Добро претходната тема е повеќе за процедурата, најверојатно од законски аспект.
Мене ме интересира повеќе од бизнис (економски) аспект.
мое мислење.. хмм, шо знам, ваљда не би се исплатело премногу.
ќе вложиш бааги пари, а ќе ги вратиш покасно ..
сепак, конкуренцијата е голема, да не збориме за покриеноста на радио станиците.. од радијата во МК ( за оние што пуштаат, да речам "модерна" музика, само за помладата генерација ) само Антена5 можам да ја пофалам ..

:)
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Ако планираш почниси локално цепај си свој филм не ги копирај Метрополис Антена5 и тако даље на почеток некое време ќе заглавуваш додека не направиш некое име потоа следува профитот ;)
 
mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Сигурно не е скапо за да почнеш. Техниката можеш да ја набавиш за ефтини пари, барем денес
тоа е лесно. Мада јас мислам дека поубаво би било да се отвори некоја Интернет радио
станица. Нешто ко она „Македонија24“ само радио. :)
Еве што ти е потребно - на кратко од интернет што најдов.
http://www.ehow.com/how_2164371_start-radio-station.html

Али според мене најбитно е промовирање на станицата, маркетинг, програма (што би се
емитувало).. мораш да придобиеш слушатели за да имаш маркетинг на станицата за да живееш..
:)
И за тоа можам да ти дадам една идеа.. Ако ти текнува на MJ (ЕмЏи Радио)? DЈ Шојка - мораш
да го имаш у тимот.. Ќе ти повика слушаност со неговите емисии :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Денес, слушајќи радио во кола ми дојде на памет дека во суштина македонскиве радио станици прават добар бизнис - добро заработуваат, а немаат големи трошоци.

Па ме интересира дали има некој идеја колку чини започнување на овој бизнис?

Што е потребно од кадар и техника? и

Дали има некој од форумов што со знаењето е спремен да улета во некоја во ваква авантура? :icon_lol:
има... тука сум, ама со време краток сум за уште една професија и активност... инаку отворен сум за совети во секое време...

ај прво ке почнам со оние погоре што дискутираа дека ти треба предавател и компјутер и дека само кликаш на песните на винамп на редени и тоа е тоа... е па профи радио станица нема баш еден компјутер и предавател... да, точно е дека музиката сега иде преку компјутери. умре тоа време кога со цд плеери се пушташе музика, иако и сега е слично со компјутерите... сега имаш 1-2 цд плеери на страна чисто колку за бекап, ако ти рикне мрежата т.е падне нешто системот, да не биде штама (имаш внатре едно цд на стенд бај и по потреба кликаш), и 3-4 компјутери, сето тоа изврзано на миксета. понатака ти треба ГЛУВО СТУДИО. тоа значи една просторија која е од неколку квадрати-мала и обложена со специјални сунгери, кои служат да го упијат секаков звук, т.е. да нема ни нај мало ехо. во таква соба неможе да се пјави фонија од звучници... понатака не заборавај дека ти треба и еден офис, пристојно среден. немој да очекуваш профи клиентела, во шупата од зади да ти дојде и да склучите зделка за маркетинг. во секој случај, локацијата на студиото и канцеларијата заедно треба да ти бидат на некое по значајно место. значи делот околу центар, карпош, првиот дел од кисела вода, кружен ток или пак во некој по значаен објект.

понатака за предавателот... ако си во скопје, а мислам дека и другите градови е исто... предавател во градот НЕМА ШАНСИ да ставиш. за 2 дена добијаш пломба на целата опрема. туку се става линк, кој емитира на одредена фреквенција, надвор од стандардните фм фреквенции, и надвор од фреквенциите на радио станиците на брза помош, полиција, пошарна, такси компаниите и слично... тој линк А емитира сигнал до приемникот линкБ кој се наоѓа кај предавателот. за скопје тоа е скопска црна гора (поретко) и водно. кој се качил на водно у здње време може да бил сведок на накитениот врв со антени. е за тој предавател ти треба согласност, дозвола и напојување. на ниво на град скопје има изведено посебна просторија на водно со која гарантираат напојување од 24 часа. изначи и да нема струја тука се агрегатите кои одма продолжуваат. е тоа се плаќа...

толку од техниката, понатака да дискутираме околу правниот дел. ти треба дозвола СРД (совет за радио дифузија) т.е. лиценца која важи 1 година. секоја година се обновува. понатака ЗАМП ти дише у врат одма, бидејки во законот кај нас е предвиден одреден процент од музиката која што се пушта кај нас да биде исклучиво македонска а за македонска музика се плаќаат и авторски права, а за нив пак е задолжен ЗАМП.

а да.. има радиа што се затворени... моето прво радио (не лично мое) во кое го стекнав моето искуство беше на фреквенција 102,5 фм и се викаше канал+ радио... тоа не постои више иако е едно од првите приватни радија во македонија. канал плус беше на исто рамниште, квалитет и годиште со антена радио (95,5 фм). сити радио (94,7фм) - никот твој хаха, не ни беше у план во тоа време, а метрополис е бебенце за тоа радио. еве репрезентативност на локација ке кажам за ова радио. на времето беше сместено на падините на водно, поточно во самиот хотел-ресторант панорама. потоа дислокација на цела опрема отиде во тогаш многу актуелниот ЦД клуб МАКИ т.е. плаја виста, понатака се пресели во едни простории во дебар маало и тука му заврши прикаската со радиото...

дали се заработува? да се заработува добро, ако ги имаш правите луге и ако имаш менаџери-комерцијалисти кои си ја знаат работата. моментално опслужувам неколку радија со моите услуги и ги знам лугето од нив. едне дел од нив значи, со добро менаџирање и организацја за преку период од 5-7 години од голтари (реторички кажано) станаа сериозно добро нафатирани луге, кои од заставички возење возат луксузни коли, изнакупија станови и слично, а другиот дел, си беа она што се и ден денес без некои конкретни промени... ама овие првите и имаа оригинални идеи, па и радијата, т.е. програмите на радијата им се оригинални. и треба едно да се знае а тоа е дека не постои радио нити телевизија која ке има во својата програмска шема нешто интересно за целата популација. значи треба да се одредиш за какво радио т.е. која ти е целната група на слушатели и таква програма да направиш, ама квалитетна. и не ни сонувај дека во првите 5 години ке добиеш национална мрежа-концесија за емитирање низ цела МК. плус тоа кошта сериозно јаки пари да поставиш линкови и предаватели низ цела МК... значи само за скопје или за било кој друг град единечно...

било што друго да ти треба бујрум, прашај... ке се потрудам кога имам време да ти одговорам...
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Кано - мајсторе! :) ..... подобро од ова здравје!
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Чисто мислам дека сега е касно да почнеш со овој бизнис од едноставна причина што во Скопје има премногу радиа и пазарот е презаситен А народот нема време да слуша,е сега ќе ми кажеш дека сум песимист не туку ПАЗАРОТ е мал братче.

Обиди се ако живееш во помал град таму нешто да отвориш и да видиш како ќе ти оди Маркетингот мислам дека таму сеуште има простор да отвориш радио станица.

За македонската музика нема ни потреба да ја пушташ не вреди пет пари ќе земеш ЦД ња од некои македонски групи и толку.

За пример гледај како работат ЛАЈФ радио имаат цела програма за цела популација од стари до млади луѓе и нивнатата програма е коретна без таргетирање за почеток.

И тоа е тоа првите 5 години може ќе одиш со загуби ама ако сакаш да влезеш во овој бизнис богами треба и ќеш да имаш во тебе .

Прашање е само кога радио станиците ќе згаснат ,им дојде крајот и на нив.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Пет години загуба...?? city . барај друг бизнис.., у Македонија нема пазар за бизнис во кој се инвестира 5 години пред да почне да носи профит.... посебно софистициран како овој од твојава идеа...и многу зависен од ќејфот на многу бирократи...Барај некоја друга идеа..., може на пример да видиш со туристичка подморница за у Охрид :) ..Објаснението на кано беше сеопфатно..., дефинитивно види нешто друго ...освен , ако немаш некои врски ....многу, мнооогу, многу високо...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Чисто мислам дека сега е касно да почнеш со овој бизнис од едноставна причина што во Скопје има премногу радиа и пазарот е презаситен А народот нема време да слуша,е сега ќе ми кажеш дека сум песимист не туку ПАЗАРОТ е мал братче.

Обиди се ако живееш во помал град таму нешто да отвориш и да видиш како ќе ти оди Маркетингот мислам дека таму сеуште има простор да отвориш радио станица.

За македонската музика нема ни потреба да ја пушташ не вреди пет пари ќе земеш ЦД ња од некои македонски групи и толку.

За пример гледај како работат ЛАЈФ радио имаат цела програма за цела популација од стари до млади луѓе и нивнатата програма е коретна без таргетирање за почеток.

И тоа е тоа првите 5 години може ќе одиш со загуби ама ако сакаш да влезеш во овој бизнис богами треба и ќеш да имаш во тебе .

Прашање е само кога радио станиците ќе згаснат ,им дојде крајот и на нив.
немпојте бе така песимистички. да отвориш радио и да инвестираш во него 5 години????? па треба да си тотална будала да не го рпофункционираш за пократок период... зашто толкав песимизам... еве тврдам дека метрополис радио, финансиски се стабилизираше за 5 месеци а не 5 години....

а за лајф радио... па токму зарди тоа дека имаат цела програма за цела популација јас ни фреквенцијата не им ја знам а не да ги слушам...

и радио станиците нема никад да згаснат, барем не оние подобрите. значи, ако правиш добри програмски шеми, и ако правиш одредени активности радиото секогаш ке биде слушано и ке функционира...
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
немпојте бе така песимистички. да отвориш радио и да инвестираш во него 5 години????? па треба да си тотална будала да не го рпофункционираш за пократок период... зашто толкав песимизам... еве тврдам дека метрополис радио, финансиски се стабилизираше за 5 месеци а не 5 години....

а за лајф радио... па токму зарди тоа дека имаат цела програма за цела популација јас ни фреквенцијата не им ја знам а не да ги слушам...

и радио станиците нема никад да згаснат, барем не оние подобрите. значи, ако правиш добри програмски шеми, и ако правиш одредени активности радиото секогаш ке биде слушано и ке функционира...
И ВАЦ медиумот беше најак со 5 бренда па згасна утрински причина разгалени млади дечки кои читаат на Интернет и не купуваат весник.

Телевизија против Интернет 0-2
Радио против Интернет 0-10
Весници против Интернет 0-100
Кафичи против Фејсбук 0-1000

Форбс иде исто така во БУЛА читај на он нет http://on.net.mk/vesti/biznis/forbs-pred-stechaj

Се менуваат навиките на луѓето посебно кога во прашање се медиумите,а најголемиот проблем шо луѓето немаат време да одат во кафич или на журка со девојка а камоли да слушаат музика во кола или дома .

Наjдобар бизнис според мене е КАФАНА златна работа и сигурен промет за тоа ќе коментираме во друга тема.

Ајде да не бидеме песимисти.
 
една третина од вработениот народ во мк има тесно поврзана работа со седење и возење кола низ градот. да не набројувам таксисти и дистрибутери колку има во мк... што мислиш дека тие седат во апсолутна тишина? ај ке речеш цд некое... ке го преслушаш 10... ма ајде 100 или 300 пати и ке ти здосади па ке пуштиш радио. туку ај батали... не гледам дека радио станициве пропаѓаат... поготово посочените радио станици кои се малтене како бренд на градот... антена, сити, метрополис, спортско радио, радио мрежа, буба мара... од посочениве доста често слушам антена од проста причина што имаат покриеност низ цела мк, а со ауто тракинг цело време ја слушам... и знаеш што? цело време има реклами... тоа значи дека некој плаќа за реклами, дека во радиото има прилив...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom