Amy Winehouse

  • Креатор на темата Креатор на темата zikahendrix
  • Време на започнување Време на започнување
абе како коа беше жива никој не постираше нејзина песма нешо има такви теми као хит наденот, а сеа коа умре сите како нешто да ја жалат и се уфилмуваат
 
абе како коа беше жива никој не постираше нејзина песма нешо има такви теми као хит наденот, а сеа коа умре сите како нешто да ја жалат и се уфилмуваат
И 90те души шо загинаа во Норвешка никогаш не ги познавав, па криво ми е шо го загубиле животот.
Се уфилмувам?
 
И 90те души шо загинаа во Норвешка никогаш не ги познавав, па криво ми е шо го загубиле животот.
Се уфилмувам?

aj kazi mi barem 3 kako se vikaat i prezivaat
 
Аман купете му конзола , нека се тргнит од форумов .

А Ејми ја поштовав од музички аспект , тоа што правела во приватниот живот нејзина работа. Штета што една од моите поомилени артистки во последно време заврши вака . Лесна и земја
 
Кажете им го ова за почит на тие во Белград што издвоија евра или колку и да беа за концертот нејзин а добија полов орган. За споредба, во Скопје пред 6 години Дип Парпл за 1000ка ги слушав и воедно тоа е најдобриот концерт на кој сум била. Ама Ејми е ѕвезда и може што сака да праи на сцена оправдано е, греота е. Сите шмркаат во приватност, можеби, не викам не, ама непрофесионалци а воедно и џанкери многу мрзам. На што личи бе тоа чаша вино на сред концерт? Ако се лупаш ти у вена и заспиваш со шише, лупај се, локај, ама не давај примери, деца гледаат.
 
27 офтопик мислења избришани. Ерик Кантона, многу го потиш со тоа „џанак“ ако пак потегнеш офтопик муабет идеш на бан.
Подфорумов се вика МУЗИКА да се држиме до музиката на Ејми, иф ју плиз.
 
images
 
Девојката имаше два огромни таленти. Едниот беше од музички аспект, а другиот од автодеструктивен аспект. Дефинитивно имаше многу убав глас, специфичен... Не може кога ќе ја чуеш на радио, да не познаеш дека е она. Но, сепак, џабе е талентот, џабе е се, кога сама одлучила да си го уништи животот. Не е фората само да имаш талент, треба да знаеш и како да го искористиш... Не верувам дека имаше некој кој беше изненаден од оваа вест, барем јас не бев... за жал.
Нека и е лесна земјата, музичката индустрија изгуби огромен музички талент.
 
Пред куќата на Ејми Вајнхаус, неколку стотици фанови во вторникот вечерта решиле да прослават на достојан начин како Ејми би сакала. Со пораки, танцување и пиење

 
можда најбољи вокал на денешницава, закон песни, ама....
искочи ова вистина за жал...
 
ејди Гага: Ејми Вајнхаус е лекција за целиот свет

gaga-meso.jpg


Една од најголемите ѕвезди на современата поп-музика, Лејди Гага, е длабоко потресена од смртта на британската пејачка Ејми Вајнхаус, за којашто таа засекогаш го изменила светот на популарната музика.

„Ејми засекогаш ги промени сфаќањата за поп-музиката. Таа ме потсетува дека постои надежта и дека не сум сама на овој свет. Таа живееше меѓу џезот и блузот“, изјави Лејди Гага.
Во радио интервјуто ексцентричната и контроверзна поп ѕвезда открива дека и’ се восхитувала на Ејми Вајнхаус уште пред периодот кога и самата стана славна.

„Тоа е лекција за целиот свет. Не убивајте суперѕвездата. Водете грижа за нејзината душа“, дополни Гага во интервјуто.
„Сé уште не бев позната, кога се појави таа. Бев на улица и луѓето скандираа „Ејми“. Се сеќавам дека чувствував дека не сум осамена, затоа што таа беше толку различна“, додаде Лејди Гага.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
 
Девојката имаше два огромни таленти. Едниот беше од музички аспект, а другиот од автодеструктивен аспект. Дефинитивно имаше многу убав глас, специфичен... Не може кога ќе ја чуеш на радио, да не познаеш дека е она. Но, сепак, џабе е талентот, џабе е се, кога сама одлучила да си го уништи животот. Не е фората само да имаш талент, треба да знаеш и како да го искористиш... Не верувам дека имаше некој кој беше изненаден од оваа вест, барем јас не бев... за жал.
Нека и е лесна земјата, музичката индустрија изгуби огромен музички талент.
Сите оние вистински таленти умреле млади. Е, клубот 27, или како и да го викате на галено.:D

Мислите дека ќе беа уметници толку успешни и славени ако не беа по дрогите и автодеструктивноста? Едноставно, уметник не иде во иста реченица без порок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom