Баш вчера го пуштив филмот за прв пат, и сум се разочарал прилично многу. Ова е еден од најдосадните филмови што сум ги гледал, и еден од ретките (на прсти се бројат) што сум ги изгасил пред да завршат (конкретно овој го изгасив на пола).
1. Првите 10 минути нема ништо освен црн екран.
2. Следните 15 минути има сцена со мајмуни што се тепаат. Го премотував ова набрзина.
3. Конечно, негде околу пола саат слушам дијалог, и се разочарувам затоа што не зборат ништо посебно.
4. Повторно следува дрвење к*р во наредните 20 минути.
5. Доаѓа 3тиот дел од филмот, и го следев ова со внимание ама не видов ништо интересно.
6. Го гасам филмот затоа што сфаќам дека нема никаква поента тоа што досега го гледав и барам сајтови на интернет за да видам што по ѓаволите е толку посебен филмот.
7. Најдов некои објаснувања од кои во некои имаше и дека филмов е поврзан со религија (omfg), па пак го пуштив, и со прескокнување и fast forward стигнав до крајот каде што од нигде и никаде главниот лик се појавува во 3 различни периоди од животот.
Значи да се разбереме, голем уживател сум на sci-fi & mindfuck филмови, ама кога имаш филм од 2 ипол саати што реално треба да трае само 40-50 минути веќе не е прашање на вкус, туку станува збор за ДОСАДЕН филм.
FFS, Primer & Donnie Darko се посфатливи и поинтересни од овој.
А пошто знам дека Кјубрик може да направи асален филм (баш пред 3 дена го гледав Full Metal Jacket и бев воодушевен), ондак го сметам A Space Odyssey за waaay overrated movie. Иако да, би му симнал капа заради тоа што во 68ма успеал да сними филм за вселената без користење на специјални ефекти и да ја претстави на доста солиден начин.