2001: A Space Odyssey

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Блејд ранер е одличен, ама е многу понерелигиозен од одисеја, јас би рекол повеќе егзистенцијлистички од религиозен. За разлика од него, Одисеја е хипер религиозна.
Не реков дека филмот е религиозен, туку дека тематиката која ја обработува е првенствено религиозна... Ајде да речеме дека е религиозно-егзистенцијалистички, како Јасперс или Кјеркегор да го имаат режирано...

;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Блејд ранер е одличен, ама е многу понерелигиозен од одисеја, јас би рекол повеќе егзистенцијлистички од религиозен. За разлика од него, Одисеја е хипер религиозна.
Е тука 100% се согласувам со тебе. Невероватно!:)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Хах. Абе какви почетни сцени има, цел настан ќе ти прикаже или добро ќе те здрма и ќе те подготви за филмот. А оваа од Одисеја што, почеток.

Ај со пример. Спореди го отварањето на Watchmen (2009) со ова на Одисеја.
Нигде ја не реков дека почетната сцена на Одисеја е најбоља у свемир, само тврдев дека филмот како целина е најбољи.
Иначе, моето неслагање беше само со можноста некој да вади од контекст на филмот некој негов дел и како таков, сам, да го оценува неговото функционирање, кое е програмирано да биде ефектно како дел од целината.
Не можам ја да му ја скршам раката на Давид и да ја оценувам како би функционирала како засебно уметничко дело.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Е тука 100% се согласувам со тебе. Невероватно!:)
Супер тоа ама да го прочита ова Кјубрик

Неговиот филмски јазик би го споредил донекаде со јазикот на Жак Дерида -- набиен, без редунданција, спор, те тера да се навраќаш и да читаш пак
ќе стане од гробот и ќе те дави што го споредуваш со ваков шарлатан.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Првпат слушам за Жак Дерида.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Одисеја 2001 како уметничко дело во својата целина веројатно е најдоброто остварување во историјата на филмот.
Ефектите, саундтракот (и отсуството на музика) и кинематографијата се ненадминати и се на поспектакуларно ниво дури и во споредба со било кој модерен филм.
Кјубрик генијално ја доловил атмосферата на бесконечната вселенска празнина, а истовремено прави илузија да се чувствуваме клаустрофобично во неа.
Мојот редослед беше книгата па филмот. Иако мислев дека не постои начин на филм да се преточи последниот дел од книгата на Артур Кларк (Низ капијата од ѕвезди), посебно последните две поглавја (Трансформација и Дете-ѕвезда)... Кјубрик комплетно ме демантираше. Крајот на филмот на највеличествен и најспектакуларен се испреплетува и го надополнува литературното издание, можеби договорено помеѓу двата автори, но во секој случај ништо помалку од генијално.
Никогаш нема да се повтори толку моќна употреба на комплетната тишина во еден филмски спектакл... Едноставно не е можно...
Не треба ни да се зборува за визионерството кое го прикажаа овие два супериорни ума. Поимот за ХАЛ 9000, компјутер кој ќе биде одговорен за животите на луѓето и кој ќе ја победи човековата интелигенција и креативност. Вселенската храна. Видео-комуникацијата. Модерната информатика и технологија...
Се разбира, филмот не би бил тоа што е без блескавото наравоучение од авторите, дека човекот сеуште е незрел и примитивен за да га разбере универзумот. Дека пред новите научни откритија сеуште изгледаме како човеколиките мајмуни - се плашиме од тоа што не го разбираме. Дека човекот со секое откритие повторно се раѓа, како мало бебе, со целосно испразнет ум... но спремен да учи одново и одново. Најпосле, дека човекот и на смртната постела понесен од својата љубопитност пружа рака кон непознатото... кон монолитот...
Како убаво надополнување кон темата на филмот се вклопува и тоа што има извисено на оскарите. Филмските критичари, јавноста и индустријата едноставно се многу примитивни и уплашени во споредба со нешто толку прогресивно и безгрешно...
 
Пет лајка да можев да ти дадам, ќе ти дадев!:) Да, тишината е Божјата музика и Кјубрик ова мнаестрално го доловува. А критичарите и Кјубрик никогаш не биле на иста бранова должина. Ама па кога Холивуско ѓубре е реперот, каква е релевантноста на критиката?

Јас малку поинаку гледам на ХАЛ9000 -- според мене тој ја губи битката со човекот поради тоа што е тотално рационален. Дејв Боуен прави ирационален чекор -- го ризикува животот. Таа ирационалност и смелост е нешто кое му недостасува на компјутерот. Еберт (холивудски „критичар“ кого ама ич не го ценам) има еден добар коментар. Во последните моменти, ХАЛ е поемоционален од обајцата астронаути -- Френк е тотално апатичен кога ја следи роденденската честитка од родителите, а Дејв без многу емоции влегува низ отворот, и го исклучува компјутерот -- дел по дел.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Пет лајка да можев да ти дадам, ќе ти дадев!:) Да, тишината е Божјата музика и Кјубрик ова мнаестрално го доловува. А критичарите и Кјубрик никогаш не биле на иста бранова должина. Ама па кога Холивуско ѓубре е реперот, каква е релевантноста на критиката?

Јас малку поинаку гледам на ХАЛ9000 -- според мене тој ја губи битката со човекот поради тоа што е тотално рационален. Дејв Боуен прави ирационален чекор -- го ризикува животот. Таа ирационалност и смелост е нешто кое му недостасува на компјутерот. Еберт (холивудски „критичар“ кого ама ич не го ценам) има еден добар коментар. ХАЛ е поемоционален од обајцата астроинаути -- Френк е тотално апатичен кога ја следи роденденската честитка од родителите, а Дејв без многу емоции влегува низ отворот, и го исклушува компјутерот -- дел по дел.
Можеби тоа што Кјубрик и Хичкок не добија оскари е најдобриот „оскар“ за нив... нешто како Тесла со нобел...

Во право си, но јас мислев во друга насока. Уште тогаш Кларк и Кјубрик знаеле дека светот полека полека ќе ја препушта сопствената одговорност на компјутерот. Животите на останатите астронаути во хибернација беа оставени на ХАЛ, навигацијата на бродот е оставена на ХАЛ, исправноста на спејс-шатлот е во рацете на ХАЛ... Денеска сме се поблиску до таа ситуација. 31 декември `99 година се плашевме од милениумската бубачка која можеше да створи хаос, технолошките и инженерските процеси ги водат компјутери, дигиталните бази на податоци се чуваат посилно од нуклеарните бомби, НАТО во новиот Стратешки концепт како приоритет ја набројува сајбер-безбедноста, имаме системи за навигација преку компјутер, ГПС системи, автоматски пилоти, автоматско паркирање...
Ако до крај се оствари визијата од книгата и филмот, тоа препуштање на одговорноста со текот на времето нема да заврши добро за „нашиот“ вселенски брод. Еден ден можеби и ние ќе сакаме да го исклучиме ХАЛ...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Можеби тоа што Кјубрик и Хичкок не добија оскари е најдобриот „оскар“ за нив... нешто како Тесла со нобел...

Во право си, но јас мислев во друга насока. Уште тогаш Кларк и Кјубрик знаеле дека светот полека полека ќе ја препушта сопствената одговорност на компјутерот. Животите на останатите астронаути во хибернација беа оставени на ХАЛ, навигацијата на бродот е оставена на ХАЛ, исправноста на спејс-шатлот е во рацете на ХАЛ... Денеска сме се поблиску до таа ситуација. 31 декември `99 година се плашевме од милениумската бубачка која можеше да створи хаос, технолошките и инженерските процеси ги водат компјутери, дигиталните бази на податоци се чуваат посилно од нуклеарните бомби, НАТО во новиот Стратешки концепт како приоритет ја набројува сајбер-безбедноста, имаме системи за навигација преку компјутер, ГПС системи, автоматски пилоти, автоматско паркирање...
Зборот ми е дека во филмот и книгата една од главните тези е тоа дека човештвото својата одговорност ја префрла на компјутерот. И тоа со секој следен ден е се поточно и поточно.
Се разбира, и тука е Одисеја визионерско дело. Мене пак ме фасцинира „религиозната“ нишка -- еволуцијата на хомо сапиенсот како резултат на вонземјанска интервенција (Артур Кларк сугерира Божја интервенција во своите коментари) и средба со монолитот (после 4-5 милиони години) на месечината. При таа средба астронаутите, сега претставници на еволуираниот хомо сапиенс, го допираат монолитот со слична љубопитност како и нивните претци во мугрите на цивилизацијата. Е сега дали монолитот е метафора за Бог или едноставно е инструмент на вонземјанска цивилизација која создава услови за еволуција на други планети е, се разбира, отворено за дискусија. Улогата на компјутерите, според мене, е сепак ставена во еден философски контекст. Компјутерите и технологијата сепак, во крајна инстанца, не му се и неопходни на човекот да го спознае Креаторот. Дејв Боуен стасува до тоа сознание без ХАЛ.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Баш вчера го пуштив филмот за прв пат, и сум се разочарал прилично многу. Ова е еден од најдосадните филмови што сум ги гледал, и еден од ретките (на прсти се бројат) што сум ги изгасил пред да завршат (конкретно овој го изгасив на пола).

1. Првите 10 минути нема ништо освен црн екран.
2. Следните 15 минути има сцена со мајмуни што се тепаат. Го премотував ова набрзина.
3. Конечно, негде околу пола саат слушам дијалог, и се разочарувам затоа што не зборат ништо посебно.
4. Повторно следува дрвење к*р во наредните 20 минути.
5. Доаѓа 3тиот дел од филмот, и го следев ова со внимание ама не видов ништо интересно.
6. Го гасам филмот затоа што сфаќам дека нема никаква поента тоа што досега го гледав и барам сајтови на интернет за да видам што по ѓаволите е толку посебен филмот.
7. Најдов некои објаснувања од кои во некои имаше и дека филмов е поврзан со религија (omfg), па пак го пуштив, и со прескокнување и fast forward стигнав до крајот каде што од нигде и никаде главниот лик се појавува во 3 различни периоди од животот.

Значи да се разбереме, голем уживател сум на sci-fi & mindfuck филмови, ама кога имаш филм од 2 ипол саати што реално треба да трае само 40-50 минути веќе не е прашање на вкус, туку станува збор за ДОСАДЕН филм.
FFS, Primer & Donnie Darko се посфатливи и поинтересни од овој.
А пошто знам дека Кјубрик може да направи асален филм (баш пред 3 дена го гледав Full Metal Jacket и бев воодушевен), ондак го сметам A Space Odyssey за waaay overrated movie. Иако да, би му симнал капа заради тоа што во 68ма успеал да сними филм за вселената без користење на специјални ефекти и да ја претстави на доста солиден начин.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Жак Дерида, е копилето на Хајдегеријанската филозофија после превратот...
ООООООООООООООHHHHHHHHHH!Е така кажи де. :)

ОТ:Додека топиков е посветен на 2001,сакам да внесам дискусија и за Одисеја 2010.Океј,знам дека не може да му парира на 2001,но имаше одлични моменти-кога се појавуваат милиони монолити од новото сонце во Сончевиот систем или кога Дејвид се појавува и го зема ХАЛ со себе.
 
Се разбира, имаш право на вкус и мислење. Многумина го имале истиот пристап и тоа е сосема ок. Но. тоа што тебе ти е досаден и неразбирлив не ја намалува вредноста на филмот за оние кои откриваат многу повеќе во него. Ако не ти се гади, ѕирни ги претходните мислења на оние кои не се сложуваат со тебе. Можеби прескокнатите делови ќе ти изгледаат малку поинаку.
--- надополнето: Jul 25, 2011 9:33 PM ---
ООООООООООООООHHHHHHHHHH!Е така кажи де. :)

ОТ:Додека топиков е посветен на 2001,сакам да внесам дискусија и за Одисеја 2010.Океј,знам дека не може да му парира на 2001,но имаше одлични моменти-кога се појавуваат милиони монолити од новото сонце во Сончевиот систем или кога Дејвид се појавува и го зема ХАЛ со себе.
2010 е пет класи испод.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom