Прв пат слушам (читам де), јас мислев дека е додека смртта не ги раздели.
.
Да, секогаш постои „прв пат„.
Како што бракот може да биде слободно волно склопен, така може да биде и поништен, ако е тоа волја и одлука од сопружниците.
Ако бракот го сведеш на идеализирана состојба, како онаа од бајките, тогаш да: бракот може да трае се‘ до смртта, што е и пожелно и препорачливо. Ако бракот не може да се поништи по ниту еден основ, тогаш таквиот брак би бил насилие врз слободната волја од сопружниците.
Разбира се, треба да има добра причина или причини за разведување, но не на начинот на кој тоа го чинеле евреите во старозаветните времиња, кога сопругот можел да и‘ пише разводно писмо на сопругата за сосема банална причина, а не за пречка во нивната личносна релација.
МПЦ за пари, секако дена не венчава и не разведува 10 или повеќе пати, туку онака како што е уредено во црковните канони.
Надвор од Црквата пак, било која и било каква заедница помеѓу маж и жена, преставува отворен чин на прељубодејство, оти таквата заедница не е благословена од Црквата.