Иако не кажа ништо за тоа каква изолација имаш па и каква столарија особено надворешната (балконска врата и прозори)..... мое мислење е дека простории од вкупно 48м2 споени со отвор од 3м со квалитетна клима- инвертер, доколку на предходните прашања одговориш со: добра, солидна или одлична можеш квалитетно да загрееш, но секако неговата снага би требало да биде како што и самиот заклучи 4Кw или нешто повеќе....
За моделот кој прашуваш
HITACI RAS/RAC-S14H3A мислам дека не ти е баш добар избор! Прво наменет е за загревање на простории од 20-30м2 а тебе сепак ти треба барем од 30-40м2..... второ ми се чини на некои форуми (Бугарија Хрватска....) имам прочитано дека климатизерите на Hitachi, особено оние произведени во Кина (каков што е моделот кој го нуди Техномаркет) се прилично *извикани*..... провери, истражи.... И ти го кажувам само моето мислење, а тоа е, ке повторам: Почитувам само *Јапанци* кои за жал ги нема овде (ги има во соседството) и кои исктено кажано барем уште стотче, а некои модели и две се поскапи од цената на моделот на Хитачи кој ти го посочи, на пример овој модел на Fujitsu би бил идеално решение за тебе, арно ама ко ќе го донесиш и платиш сите давачки некаде околу 800 Евра чини:
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-asy---14u-852.html#
Но иако е наведено во техничката спецификација за помали квадратури отколку имаш ти, мислам дека би ти одговарал и овој модел на Fujitsu... далеку поевтин од првиот (во Бугарија се продава малку над 1000 Лева, што би било 500 Евра)... значи со сите давачки овдека не би требало да е многу поскап од моделот кој ти го посочи, а да се разбереме за класа-две е подобар од него!!! Со фантастично добар COP од 4,3 со инсталирана снага до 4,2Kw, но многу мала потрошувачка при греење од 0,75 Kw/h, што практично значи доколку биде нон-стоп да биде вклучен 24 часа/30 дена (како Владата на РМ) не би потрошил месечно повеќе од 1,500,- до 1,600,- Ден за греење!!!
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-asyg-09le-874.html#
.... Инаку ако ме прашаш, помеѓу овој модел Хитачи што го нуди Техномаркет и модел инвертор на Фонко од истата класа и слична цена, јас би се решил за вториот....
Се надевам дека попрецизен, поконцизен, секако и постручен одговор на ова прашање ке добиеш од Кано. Но сепак за да ти помогне во изборот на најквалитетно греење, напиши нешто за она што те праша: за изолацијата на станот, те.просториите што сакаш да ги грееш... живееш во стан или куќа? Приземје, спрат? Гравитира према север или запад? (веројатно и тоа влијае, јас незнам но сепак напиши)..... столаријата каква е? Нова, стара, дрво, ПВЦ, крило на крило, стаклото еднослојно, термопан....???