Д ФЕСТИВАЛ во Стар Дојран - 1.8.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата blackeyed
  • Време на започнување Време на започнување

blackeyed

passive-aggressive...
Член од
6 ноември 2008
Мислења
933
Поени од реакции
2.090
КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, СУПЕРХИКС, Antenna 5 DJs, Vladich (Infuse)...

Ова лето во Дојран ќе се одржи првото издание на Д Фестивал во организација на Antenna 5 Radio и Password Production. На први август македонската публика на дојранското крајбрежје ќе има убава можност да биде дел од овој музички хепенинг под отворено небо.

Првиот хедлајнер на програмата на Д Фестивал е нашиот најпознат артист од електросцената Кирил Џајковски. Ова е неговиот прв настап за годинава во Македонија, кој е дел од богатата европска турнеја во чии рамки Кирил одржа низа успешни настапи на големите фестивали низ Европа. Во Дојран Кирил Џајковски ќе настапи со MC Ghetto Priest поранешниот MC во Asian Dub Fondation.

Второто потврдено музичко име на Д Фестивал се балканските ска миленици Суперхикс чија турнеја е истотака во тек и од почетокот на годинава имаат закажано 25 концерти низ земјите на балканот и Европа. Веднаш после одличните концерти на Егзит во Нови Сад и ВУМ Фестивал во Хрватска, Хикси ја носат својата концертна енергија пред домашната публика која ќе има можност да се забавува со добро познатиот репертоар на групата но и материјалот од нивниот најнов албум кој треба да излезе годинава.
Покрај Кирил и Суперхикс, публиката на Д Фестивал ќе ја забавуваат диџеите на Антена 5 Радио, Владич (Инфјуз) и други.

Д Фестивал ќе се одржи на просторот на паркингот Гранит во Дојран кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг на дојранското крајбрежје. Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и се наоѓа помеѓу Нов и Стар Дојран, во близина на плажата, а сето тоа гарантира нова несекојдневна можност за забава до утринските часови меѓу подзаборавените убавини на овој регион.

Цената на билетите во претпродажба изнесува 200 денари и може да ги најдете на тикет сервисот www.mktickets.mk и во Југотон (ГТЦ 1 спрат, Скопје), а билетите на влезот на фестивалот ќе чинат 300 денари

Превземено од FB профилот на Password Production
 
Се мислев да идам на Дејвид Гета, али ова дефинитивно ме премисли. По одличната Нова година со Џајко у Борис Трајковски, ова нема шанси да го пропуштам. А башка па и Хикси ќе се таму... Долга ноќ ќе е тоа , осеќам.
 
Штета што не трае неколку дена -.-
Се вика фестивал а уствари журка -.-
 
Штета што не трае неколку дена -.-
Се вика фестивал а уствари журка -.-

Си видел некогаш фестивал (во правата смисла на зборот) во Македонија?
 
Изготвено е и официјалното видео за фестивалот

 
Многу ми се оди, ама не зависи од мене. Од придружбата.
 
еј да не знае некој фазлиј дали ке настпува фла позз
 
Џајковски и „Суперхикс“ среде дојранската убавина

Eлектронскиот музичар Кирил Џајковски и регетонците „Суперхикс“ задутре ќе го отворат првото издание на летниот фестивал „Д“ на плажата Гранит на дојранското крајбрежје, зад кој стојат радиото Антена 5 и продукцијата „Пасворд“

По бурната музичка сезона на Џајковски во Германија, Полска, Луксембург, Словенија и во Хрватска, тој годинава првпат ќе настапи пред домашната публика во Дојран, рамо до рамо со поранешниот член на „Ејжн даб фаундејшн“, Гето Прист.

Скапанк-бендот „Суперхикс“, кој исто така имаше исполнета музичка година, со настапи на „Егзит“ и на „Ин мјузик“, интензивно се подготвува за уште една македонска фешта.

Пред настапите на главните ѕвезди, публиката ќе ја загрее Владич од „Инфјуз“, а по нивните настапи до раните утрински часови ќе ја забавува диџејската клапа на Антена 5.

Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и е сместен меѓу Нов и Стар Дојран, во близината на плажата.

извор

btw, ќе иде некој од кајгана ?
 
Е ова е програма а не оние турбофолковите во Охрид. Браво за Дојран кој успеа да организира фестивал без Цеци , Меци , Секи и сличен музички шунд.
 
Дојран е одлична алтернатива на досадниот Охрид.

Затоа одиме на Д Фестивал!
 
Некој да не знае дали има организиран превоз?
 
Само шо стигнав дома.

Вака ај, се од почеток.:D

Стигнавме Дојрана. Гледам само еден влез. Среќа и немаше многу народ, ама еден влез бе матер му ебеш. -.-
Најлошиот дел од приказната е шо не ти враќаа кусур за боновите. Од 3 пива бев пиво у минус. Тибам антена.

Почна свирката/концертот/штогод.

Премногу чекање додека да почне артистот со настапот.

Диџејот од Антена - педерче бе, брат. Првиот му сет не знам како го ислушав до крај.
Вториот му беше поарен некако, комерцијални хитчиња од бендишта у 5 збора би му дошло.

Суперхикс! :vozbud:
Светските артисти треба да учат од нив како се прават журки. Кои емоции на сцена. Која искреност.
Имаше 2 моменти кои досега ги немам видено на ниту еден друг концерт. Првиот е со „замрзнатиот“ бенд, вториот седење на цементот и сите скокаат у исто време. Ура! :D

Џајковски! :vozbud: Врвот на вечерта дефинитивно.
Типот знае да направи музика која ќе биде истрипана, со етно елементи, многу емоции во неа, филозофска тематика од батето шо му беше гостин, ќе се врти по MTV, а нема да стане комерцијална. Крал!

И така ај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom