ОК, и јас не сакам „идиотски хумор“ (не знам дали постои таков термин, јас така го викам) ама Friends не е тоа. Далеку е од луѓе кои изиграваат мајмуни за да насмеат некого, напротив, има одлично склопени шеги, одлични реплики (и многу интелегентни, посебно кај Чендлер кога го спомна)... Доволно е да се каже дека поголемиот број луѓе нема да ја сортираат серијава таму кај што ти ја сортираш...
Зошто не гледам реплика во твојот пост?
ќе се зафатам од крајот. Многу луѓе би ја ставиле Лејди гага пред Лед Цепелин, ама тоа не е показател дека .... знаеш. Бројката народ (кој голем процент е стока) не е доволен за да се покаже дека нешто чини.
И да, не знам како ги перцепираш, ама изиграваат мајмуни. јас го спомнав Чендлер, онака, од ракав, инаку, се согласувам дека е единсвениот кој прави нешто смешно во серијата. Секако, само тој има улога на фани гај, дури и во филмот го сфаќаат така. Се друго е ... скапано.
Рос?! некојси штребер кој сака диносауруси, што значи дека има некој висок статус во општеството многу често реагира и се однесува како дете од второ оделение. Фиби иритира со нејзиното првооделенско понашање. Рејчел и Моника не се смешни, повеќе се... кежуал. А Џои, за него не постои возраст.
на крајот, добиваш луѓе кои живеат заедно, се нешто се дешава, а за да се насмее публиката, некој мора да наебе заради тоа што направил некоја детска глупост на свои 30 години