- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.786
- Поени од реакции
- 12.259
сепак не се нешто пожолти од текстовите за Мајка Тереза и текстовите против неа, но секој го гледа најверојатно она што му се допаѓа, а остатокот го отфрла (како впрочем и со добротворот Сорос и слични нему -некој му се поклонува, но некои држави им ја уништи иднината).Колку и да ги отфрлиме, факт е дека се доста активни и се големи акционери во оние фирми кои го трујат светот со генетски несоодветна храна и вакцини за некој свински грип. Човек ако малку истражи, ќе дојде и до други сознанија за овој брачен пар.Ти го прочитав постов 3 пати и тоа во период од еден ден, за да не се нафурам превише па да ти се неконтролирано разлајам
Што се однесува до прашања за христијанството
Ме интересира зошто биле потребни донесените догми на вселенските собори ако претпоставуваме дека тие учења се дадени од Стариот и Новиот Завет, од Бога (како што се вели Божји зборови)? Како пример - на тие собори меѓу другото донесени се одлуки за крштевањето, датумот за слваење Великден, воскресението...дали овие учења не се воопшто оригинални на христијанството туку се наметнати и дефинирани отпосле? И дали постои некоја претстава за степенот на модификација на верските документи, книги, записи...пред и после тие одлуки на соборите како и пред и после доаѓањето на сила на Index Librorum Prohibitorum од католичката црква (инквизицијата), односно преку censura previa и censura repressiva? Ако не ги знаеме измените од инквизицијата и дефинираните отпосле догми од соборите, дали знаеме што точно се случило и било запишано за сите оние делови од Библијата за кои се спори?