сепак не се нешто пожолти од текстовите за Мајка Тереза и текстовите против неа, но секој го гледа најверојатно она што му се допаѓа, а остатокот го отфрла (како впрочем и со добротворот Сорос и слични нему -некој му се поклонува, но некои држави им ја уништи иднината).Колку и да ги отфрлиме, факт е дека се доста активни и се големи акционери во оние фирми кои го трујат светот со генетски несоодветна храна и вакцини за некој свински грип. Човек ако малку истражи, ќе дојде и до други сознанија за овој брачен пар.Ти го прочитав постов 3 пати и тоа во период од еден ден, за да не се нафурам превише па да ти се неконтролирано разлајам![]()
Што се однесува до прашања за христијанството
Ме интересира зошто биле потребни донесените догми на вселенските собори ако претпоставуваме дека тие учења се дадени од Стариот и Новиот Завет, од Бога (како што се вели Божји зборови)? Како пример - на тие собори меѓу другото донесени се одлуки за крштевањето, датумот за слваење Великден, воскресението...дали овие учења не се воопшто оригинални на христијанството туку се наметнати и дефинирани отпосле? И дали постои некоја претстава за степенот на модификација на верските документи, книги, записи...пред и после тие одлуки на соборите како и пред и после доаѓањето на сила на Index Librorum Prohibitorum од католичката црква (инквизицијата), односно преку censura previa и censura repressiva? Ако не ги знаеме измените од инквизицијата и дефинираните отпосле догми од соборите, дали знаеме што точно се случило и било запишано за сите оние делови од Библијата за кои се спори?