Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Стварно мислите дека Бог треба да го спречи сето зло? Тогаш ќе ни ја одземе и слободната волја. Оти Тој ни го даде Писмото, каде што е дадено како да живее човекот за да нема зло, ама ете некои се одлучиле да не Го послушат.
Значи бог не го спречува злото за да не ја наруши слободната воља, а казнува и наградува и покрај тоа што дал слободна воља?! Па што мајка бара казната и наградата кога веќе дал слободна воља? Тоа ти е како да му речеш на своето дете имаш слободна воља да ја бојосаш собата како сакаш, ама ако не е портокалова ќе те скршам од ќотек!
Секој што има основна интелегенција и рационално размислува, ќе свати дека казна и награда се директните последици од нашите директни постапки! На пример производителите на цигари знаат дека пушачите имаат слободна воља, и затоа на опаковките нагласуваат дека пушењето е штетно! "Казната" за пушачот е губењето на здравјето! Казната не е да му дојде производителот дома и да почне да го казнува, тепа и мачи! Вие го тврдите токму тоа! Демек господ ни дал слободна воља, ни дал особини и карактеристики кој ни ги забранил, и после овој живот ќе ни судел за секоја наша постапка?! Зошто тогаш воопшто ни давал такви особини? Зошто ги создавал особините кој ги забранува и поради кој ќе суди и казнува?
Ако некој забранува нешто што тој самиот го создал, со тоа признава дека не е совршен, или во најмала рака дека е суетен! Совршен креатор е оној кај кој се што е создадено има цел зошто е создадено и во никој случај не е погрешно. Казната е признавање дека некој оди спротивно од вољата на казнувачот, што значи дека бог кој казнува не е совршен и не е се според неговата воља.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
И еве дури и ќе ти одговорам, за да не ми се расплачеш овде. А одговорот е ЈОК. Оти злото не е создание, него злото е едоставно одење против Бога. It's that simple.
Е како така, ЈОК?!?

Ја не те прашувам дали Бог го создал злото. Тоа е реторичко прашање чиј одговор е познат:

Исаја 45: 7 I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things.

Јас те прашувам: Нели ова го прави директно одговорен за страдањата по светов?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Тројството е само машки принципи, татковски или ќе докажуваме дека е потребно и женски принцип во универзумот? Аман бре некој да одговори, толку тешки прашања не поставувам...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ќе чекам некој богоугодник-бедник во христа да ми каже што толку ги плаши жената... Дури се осудиле да посегнат да кастрираат метафизички и еден бог... Кој што е ете се... значи, чекам одговор... :)

П.С. Рисјаните многу сметаат , но малку знаат(од искуство)! :) И добро е тоа...
Можно е во потсвеста да им лежи нешто вакво...

http://www.goddesscafe.com/yoni/dentata1.jpg

И тоа веројатно ги плаши...не знам дали Јунг и Фројд се изјасниле околу овој феномен (а мислам дека кажале по нешто) но некаков фолдер во некои темни катчиња на мозокот полн со инхибирани стравови се активира...поради милениумското прогонство на женскиот принцип во светот...:D

А и нема богоугодни христијани.
Сето тоа е бре од рогатиот...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Можно е во потсвеста да им лежи нешто вакво...

http://www.goddesscafe.com/yoni/dentata1.jpg

И тоа веројатно ги плаши...не знам дали Јунг и Фројд се изјасниле околу овој феномен (а мислам дека кажале по нешто) но некаков фолдер во некои темни катчиња на мозокот полн со инхибирани стравови се активира...поради милениумското прогонство на женскиот принцип во светот...:D

А и нема богоугодни христијани.
Сето тоа е бре од рогатиот...
Аман пак ти, само лукавиот и рогатиот ти се во уста... Бетер од рисјаните си... Некоја нова вера(филозофија) си ти или сарказмот as usual преовладува кај македонската младина? :)
Подобро лукавиот, барем имплицира користење на умот, лукавост, размислување, отколку не прашување и несомневање во ништо...

Нешто се активира, и нивното разбирање на богот го сметаат за валидно... Храмот не може да стои со еден столб, мора два да има на влезот :)
Ама, ете чекаме... рисјани изјаснете се еднаш што е за вас жената... Цитирајте ми го вашето свето писмо, ставете ја според вас жената каде и е местото во светот... Ах... :) Бесцелно...
Да одиме да гониме луѓе низ ноќтта, да ги оставиме рисјаните да се чудат што е работата со жената!
Јас нема да добијам одговор... :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аман пак ти, само лукавиот и рогатиот ти се во уста... Бетер од рисјаните си... Некоја нова вера(филозофија) си ти или сарказмот as usual преовладува кај македонската младина? :)
И сарказмот е од лукавиот...

:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
И сарказмот е од лукавиот...

:)
Се е од лукавиот на овој свет, така констатираат рисјански теолози :) Ама нив нели, кој ги тркала ... Конечно!
И гревот е од лукавиот(според истите), а гревот е ограничување (според другите) , нели!
Според едните жената е сенка во сенката, а според други е Ѕвезда!
А Прашањето беше: http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-за-Христијанството-ii.43534/page-251#post-4250285
Одговорот? Некој? Познавачи на својата вера? Повелеле :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Читајќи ги последните пар страници од викендов ме натера да напишам еден подолг пост за двете работи кои по мене се клучни на форумов Религија а секојпат вешто или ненамерно (како од кого) избегнати.

1. Нема голема разлика помеѓу верниците и атеистите освен начинот на интерпретација на некои работи.
2. Црквата е единствениот виновник за таквата лоша интерпретација, сакајќи во текот на историјата и денес па и во иднина да има целокупна контрола на населението користејќи го најранливиот дел од неговата психа

Што е верник, а што е атеист?
Едните веруваат во постоењето на Бог како интилигентно битие кое е способно да владее со космичките закони и со се што се случува во вселената, а другите велат не веруваме дека постои такво битие со тие способности.

Недоумицата е што ниту едните ниту другите имаат претстава како изгледа таа сила, тоа битие во кое веруваат или го негираат.
Уште поедноствано – На верниците им е полесно да веруваат во ПРЕТПОСТАВКАТА дека постои интилигентно битие со горенаведените способности, а атеистите само ја негираат нивната претпоставка.

Светот, природата, вселената почиват на засега многу тешко објасниви причинско последични односи. И целата работа се врти околу ова. На сите им е познат ЕФЕКТОТ НА ПЕПЕРУТКА, или попросто кажано ако одиме по улица и видиме доле 100 денари што да направиме? Ако ги земеме ќе повлечеме една дузина причинско последични настани по кои ќе оди нашиот живот понатака, ако не ги земеме дузина други. Меѓутоа никојпат нема да знаеме кои се тие однапред оти сеуште сме на ниско ниво на развој во однос на овие закони.

Поентата е следна: Верниците во суштина верувајќи во Бог како двигател на сите човечки судбини (читај причинско последични односи врзани за една човекова единка) и молејќи му се да помогне во суштина е само обид да се насочат сите тие односи во корист на самата единка, а бидејќи никој не знае дали земањето или неземањето на 100те денари е добро или лошо по понатамошниот живот на единката, се молиме “среќата”или на Бога дека сме ја избрале вистинската причина/последица.
ОВА ГО ПРАВАТ И ВЕРНИЦИТЕ И АТЕИСТИТЕ – само што едните се молат на Бога да ги изберат вистинските причинско последични односи, а другите на среќата. И ако сметата дека е успешно едните се заблагодаруваат на Бога, а другите на среќата или на себе си за вистинскиот избор.

И доколку дискусијата се насочи во ваков правец тогаш нема потреба од докажување дали постои Бог во облик на бел Дедо.

Библијата прераскажува една убава приказна за постанокот на човекот и законитостите по кои тој би требало да живее. Ако се гледа метафорично е многу блиску до тоа дека за настанокот на човекот се виновни вонземјани. Но со тек на време од Контантин наваму таа приказна е менувана во корист на тие што биле на власт за да ја држат во покорност широката народна маса, користејќи го најчувствителниот нејзин дел – психата и незнаењето.


Во сето ова ЦРКВАТА е таа која диктирала со промените во Библијата и нејзините толкувања во корист на големите владетели и држење во покорност на народот. Библијата и Христос е искористена во многу негативни цели.
ЈАсно е дека 4те евангелија се напишани од луѓе. Нека ги диктирал и самиот Бог (или вонземјани кои кумувале на нашиот постанок или што да е).
Се поставува прашање како се избрани токму тие луѓе? Зашто после Контантин Црквата како институција се самопрогласува за посредник меѓу Бога и народот?

Деловите и цитатите околу жената, околу робовите итн... кои се дискутирани низ целиот форум не можат да бидат диктирани од БОГ (вонземско битие со огромна интилигенција), тоа се примеси на Црквата за полесна контрола.
Црквата е таа која ја интерпретира библијата на начин на кој што ни е познат денес и општо прифатен. Заедно со многуте примеси што ги додала на оригиналната приказна, и спалувањето и уништувањето на еден куп списи што не одат во нејзина корист за контрола на населението, врши толкување со векови наназад погубно за развојот на човештвото а одлично за контрола на масите.
Зашто ли мораме да веруваме дека змијата е Ѓаволот е вистинското толкување? Нели е тоа метафора на човековата љубопитност, завист? Нели се деновите во Библијата потребни за создавање на планините морињата светлината едена метафора за настанокто на земјата а тоа се 5 големи времеснки периоди??? Нели создавањето наеднаш на Адам и Ева не е можеби објаснување дека се паднати од горе од некој свемирски брод???? И уште еден куп вакви прашања.

Зашто сметаме дека ЦРКВАТА И НЕЈЗИНОТО ТОЛКУВАЊЕ СЕ ВИСТИНСКИТЕ?????????

Дали нејзиното толкување има ИНХИБИТОРНА УЛОГА во развојот на човештвото?

Ова се вистинските прашања на кои би требало да одговори христијанството. Нема потреба да ни доловува која е змијата, дали дрвото било јаболкница или не, дали се покриле Адам и Ева откако се виделе голи итн... Се тоа е метафора за други работи.

Како би реагирале верниците ако да кажеме срамот кога се виделе голи е класична метафора дека се засрамиле од своето незнаење и слепо верување во нешто што не требало, и откако сфатиле дека им се отворени очите за многу работи го сториле гестот со смоквиниот лист?



 

Darko Dimeski

Darkooooo
Член од
11 јули 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Prasanja do site vernici i nevernici:
Dali udiranjeto samar e dobro ili zlo?
Dali ako ve udri nekoj, ke mu vozvratite ili ke mu go svrtite drugiot obraz?
Odgovorete max iskreno....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
МиКи, не разбираш што те прашувам или ??? Кој спомена богот да биде роден од овосветовна мајка? Што бладаш и дрдориш глупости? Зошто во тие релации е изоставена женската страна? Што е проблемот кај рисјаните се да биде машко? Геј популација сте вие мажите рисјани, па се криете или... ? Жената нема право да влегува во црква каде што е олтарот... Жената нема право да биде свештеничка... Многу страв гледаме кај вас од жената...
Јас убаво прашав и пак прашувам: Каде е женскиот принцип кај вашиот бог, кај вас рисјаните, кои ја ставате жената секогаш во сенката на мажот, и тоа дури од создавањето (според вашето разбирање на тоа проклето создавање)?
Зошто женскиот принцип е заменет со дух кој сигурно ве учеле да верувате дека е безполов (ама ајде ви се молам) само за да се заборави на женската страна на нештата...
Зошто рисјаните имаат страв од моќтта на Жената?

Немаме право да прашуваме??? О роду човечки без прашања... Каде ќе ги најдете пак одговорите ако не прашувате и бидете како телиња? Барем да бевте златни, ќе имаше фајде од вас! (без навреда)

П.С. Немој да ми одговорите о вие рисјани дека немате страв од моќтта на жената! Немојте... :) Ќе ви ја треснеме библијата полна со цитати како жената е затрупана со казни и закони од страна на „вашиот“ еднополов бог... Кастриран изгледа!
Heptagram,

ако не Ти се бендисуваат моите одгвори, тогаш верувам дека Твоите одговори на Твоите прашања, би биле најдобрите одговори. :D
--- надополнето: Jul 11, 2011 8:23 AM ---
Зашто сметаме дека ЦРКВАТА И НЕЈЗИНОТО ТОЛКУВАЊЕ СЕ ВИСТИНСКИТЕ?????????
Види во Тимотеј, 3.15.Црквата е столб и потпора на вистината.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Dali udiranjeto samar e dobro ili zlo?
Ако шамарот е удрен без причина, предзикана од удрениот, тогаш е зло. Ако е шлаканицата удрена ради нечија грешка а како опомена до удрениот, тога е во ред да се шлакне, иако не е препорачливо, освен по исклучок, како што тоа го стори Св. Николај мирликиски.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Види во Тимотеј, 3.15.Црквата е столб и потпора на вистината.
Абе не сакам да гледам, нечие друго философско објаснување дека неговото толкување е точно? Сакам тука да разграничиме мислења како два или повеќе субјекта на еден разговор. Не сакам да го читам Тимотеј или кој и да е, сакам да пробаш како претставник на другата страна на размислувањата да ме разубедиш во мојот став или да ставиш сомнеж барем. Јас не ти велам да студираш физика 5 година и да читаш уште 5 години за теорија на хаос и нејзините придобивки, с еобидувам наједноставно да го изразам мојот сомнеж кон некои работи. Пробај Симплифицирај го тој Тимотеј и преточи го во твое мислење тука.

И да разграничиме јас не зборувам во моите постови против постоењето на виша сила и Христос како негов претставник, ЗБОРУВАМ ПРОТИВ ЦРКВАТА КОЈА ГО ИНТЕРПРЕТИРА ТОА НА ЛОШ НЕПРИФАТЛИВ НАЧИН ЗА МЕНЕ А И З АМНОГУ ДРУГИ. Откако ќе разграничиме околу толкувањето и интерпретацијата тогаш можеме да зборуваме з аулогата на Христос и вишата сила.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom