Еве што најдов на офицјалната од Стопанска за вадење на Виза класик картичка што се користи во Македонија:
VISA CLASSIC КАРТИЧКА
Опис на производот
VISA classic картичката е меѓународна дебитна картичка со можност за користење во земјата и во странство, наменета за:
• Безготовински плаќања во трговската мрежа и
• Подигање готовина од банка или банкомат
Основни карактерисики
VISA classic картичката е поврзана со две сметки:
• денарска - на која се врши уплата во МКД и
• девизна на која се врши уплата во ЕУР
За користење на картичката во Р.Македонија се задолжува денарската сметка, а з а користење на картичката во странство , девизната. По потреба се врши префрлање на средствата за вкупниот износ на трансакцијата од една на друга сметка по автоматизам по курсот на девизниот пазар на СБ
• Користењето на картичката е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство
Купување во трговија
• БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство вклучувајќи ги и ПОС терминалите од други банки
Подигање готовина
• БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина во денари од банкоматите и експозитурите на СБ
• За подигање на готовина во денари од банкоматите на други Банки во Р.Македонија денарската сметка се задолжува со провизија од 100,00 МКД + 1% од подигнатиот износ.
• За подигање на готовина во странство девизната сметка се задолжува со провизијата од 1 EUR +1,5% од подигнатиот износ.
• Дневен лимит за подигање готовина е 60.000,00 МКД ( по барање на сопственикот може еднократно да се промени )
• За одземена картичка од банкомат во странство се задолжува денарската сметка со трошок од 1.000,00 МКД.
Важност
• За првото издавање 2 години
• Секое понатамошно обновување се врши за период од 3 години
Годишно членство
ПРИ ИЗДАВАЊЕ
• 10 ЕУР (600 МКД) за основна VISA classic картичката
• 5 ЕУР (300,00 МКД) за дополнителна картичка
• Бесплатна Classic дебитна картичка за секој сопственик на VISA STAR кредитна картичка
• Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300,00 МКД
ПРИ ОБНОВУВАЊЕ
• БЕЗ ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО за направен промет во трговија поголем од 120.000 МКД годишно
• СО 50% намалување на членството за постојните корисници на:
• VISA СТАР кредитна картичка или
• Кобрендираната VISA кредитна картичка на ВЕРО и СБ
ПИН код
• За подигање на готовина од банкомат задолжително се користи ПИН кодот (го добивате во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН кодот се внесе погрешно повеќе од два пати, банкоматот ја одзема картичката.
• Издавање на нов ПИН чини 150 МКД
Критериуми
• Физички лица, државјани на Р. Макединја
• Полнолетни лица на возраст над 18 години
Потребни документи
• Барање за VISA Classic лично пополнето и потпишано од клиентот
• Копија од лична карта
ИНФО телефони
Во Контакт Центарот на Стопанска Банка, можете 24 часа, секој ден во неделата, да се обратите за било која информација во врска со картичката како и за сите случаи на губење или кражба на картичката, на следните телефонски броеви: + 389 (0)2 3100-109
А на страната на Тутунска нема баш инфо за камати.Кај овие е без камата у Стопанска и не зимаат 20 денари провизија на месечно ниво како Тутунска.Хмм...