Напротив, Библијата никаде не вели дека кога Адам и Ева пробале од забранетото дрво им се отвориле очите ви дознале дека смртта е лоша работа, погрешен избор.
7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.
9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината,
се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”
Ако е навистина како што ти велиш, дека тие не знаеле дека смртта е погрешен избор, тогаш ѓаволот немало да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку ќе им речел нешто у стилот: Е ако де, што ако умрете! Па умирачка права ствар бе човече. Тоа е многу подобар избор отколку животот. Умираш и уживаш век и веков!
Повторно очајнички се фаќаш за веќе разјаснети рабопти.
Прво! Змијата не ги знаела мислите на бог и неможела да знае што му се намерите.
Второ! Последиците кој ги снашле Адам и Ева небиле од дрвото, туку од гневот на бог, со што тврдењето дека таа лажела се лага!
Трето! Змијата можела да им го каже и тоа што го наведе како пример, доколку сакала да ги излаже, но не ги излажала.
Не, значи не само од изјавата на Ева и од здраворазумната логика, туку и од изјавата на змијата гледаме дека Адам и Ева знаеле дека смртта е нешто погрешно и тоа знаење, како што веќе видовме, нема врска т.е. нема допирни точки со божествената особина за „познавање на доброто и злото“ која што ти лукаво сакаш да ја изедначиш со банални и секојдневни работи како што е познавање на исправно и погрешно.
Денеска е банално и секојдневно да се облечеш пред да излезеш од дома нели? Адам и Ева си шетале голи и тоа воопшто не им било банално.....сватиле дека се голи и се покриле одкако вкусиле од сознанието. Што значи твоите обиди да го прикажеш тоа како нешто друго се провидни.
Било кој разумен човек ќе ти потврди дека не е можно да правиш разлика помеѓу исправно и погрешно, ако немаш репер - основа за тоа што е добро а што зло!
Не се прави наудрен. Неколку пати ти кажав дека змијата кажала ЛАГА и ВИСТИНА т.е. ефективна лага умешно и лукаво завиткана во целофан од вистина. Вистината што ја кажала змијата се совпаѓа со изјавата на Бог, но лагата што змијата ја кажала е спротивна на изјавата на Бог. Имено, Бог рекол дека ако јадат ќе умрат, а змијата рекла дека ако јадат нема да умрат. Тоа се две спротивни изјави и не можат да бидат „иста работа“ како што ти велиш.
Кој се прави наудрен?! Нели заклучивме дека змијата не ги знаела мислите и намерите на бог а ги знаела својствата на дрвото? Тогаш на кој начин е тоа лага? Тоа што им го кажала, тоа и се случило! Последиците кој подоцна ги снашле Адам и Ева небиле од дрвото туку од гневот на бог! Што значи дека тој е оној што кажал делумна вистина а не змијата.
Кажи си го ова пред огледало, затоа што ти си тој што цело време кажува лични субјективни и контрадикторни толкувања.и импресии. Јас моите аргументи ги изнесувам со дословни цитати од Библјата, во наводници и со уредна референца (со црвена боја) каде што можеш да го провериш напишаното.
Твоите дословни цитати ги потврдуваат моите аргументи, не сум јас кој одговараше -
па можеби затоа што...! Тоа што јас го тврдам, го поткрепувам со текст од библијата, за разлика од тебе кој субјективно, пристрасно и произволно толкува.