Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Факт е дека во Библијата воопшто не е објаснето за какво познавање на доброто и злото се работи. Има десетици претпоставки, но само претпоставки. Јас не зборувам за претпоставки и не се дрзнувам да зборувам таму каде што Библијата молчи. Јас само ги изнесувам фактите, а фактите се дека Бог на Адам и Ева кристално јасно и концизно им заповедал да не јадат од тоа дрво и дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Точка. Крај на фактите, а почеток на претпоставките и квази-толкувањата.

Aма што ако им рекол кога они биле мулиња(не разбирале ништо)?
Туку знаеш што?
Проблемот е што некој се опаметил изгледа.
Toa ти е исто како кучето дома да земе да проба некое магично пилешко мевце :) и да ти рече
дека иако ми даваш храна, иако ме чуваш и имам удобен живот јас ќе си одам.
Tи што ќе направиш?
Kaко љубоморен човек ќе постапиш?
Или ќе го пуштиш со алал(што се вика :))?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Библијата не тврди дека без тоа сознание не можеш да разликуваш исправно од погрешно. Тоа ти го тврдиш, но ти не си никаков репер. Ти самиот своеглаво си толкуваш што значи тоа „познавање на доброто и злото“ и потоа твоето (погрешно) толкување го земаш како темел за да противречиш на постапките на Бог во Библијата. Но тоа не значи дека Бог си противречи на Себе, туку само дека твоето (погрешно) толкување противречи на постапките на Бог.
Па тоа е основна логика бре човече! Јас не сум бил репер!? Што може да значи "познавање на доброто и злото"? Ако некој нема сознание што е добро а што зло, тогаш неможе да прави разлика помеѓу исправно и погрешно, не ми се верува дека објаснувам вакво нешто на возрасен човек! Се прпелкаш како риба на суво!
Факт е дека во Библијата воопшто не е објаснето за какво познавање на доброто и злото се работи. Има десетици претпоставки, но само претпоставки. Јас не зборувам за претпоставки и не се дрзнувам да зборувам таму каде што Библијата молчи. Јас само ги изнесувам фактите, а фактите се дека Бог на Адам и Ева кристално јасно и концизно им заповедал да не јадат од тоа дрво и дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Точка. Крај на фактите, а почеток на претпоставките и квази-толкувањата.
Ти мора да си очаен кога тераш инает со вакви бесмислици! Кристално е јасно дека Адам и Ева за прв пат почуствувале страв и срам ОДКАКО поегнале по дрвото на спознанието! Убаво пишува дека очите им се одтвориле ОДКАКО посегнале по него! Без сознание за добро и зло, не е можно да се распознава исправно и погрешно! Овде завршуваат фактите, и почнуваат твоите прпелкања, толкувања и негирања кој се пуста желба да се биде во право! Вистината понекогаш знае да боли како во твојов случај, но тоа не ја спречува да биде вистина!
Како што кажав, ние не знаеме какво „познавање на добро и зло“ давало дрвото. Адам и Ева знаеле дека не смеат да јадат од дрвото и дека ако јадат ќе умрат. Тоа било доволна причина за да не јадат. Но тие одлучиле да му бидат непослушни на Бог, послушни на ѓаволот и да му веруваат на ѓаволот, а да не Му веруваат на нивниот Создател.
Реков дека упорно ќе ти го повторувам примерот со компјутерот иако ти упорно го игнорираш. Компјутерот исто како и Адам и Ева знае кој му се наредбите, но не ги почитува поради тоа што смета дека се добри ли зли! Ако компјутерот фати вирус, според оваа логика, не е виновен креаторот на вирусот, туку компјутерот!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Библијата не тврди дека без тоа сознание не можеш да разликуваш исправно од погрешно. Тоа ти го тврдиш, но ти не си никаков репер. Ти самиот своеглаво си толкуваш што значи тоа „познавање на доброто и злото“ и потоа твоето (погрешно) толкување го земаш како темел за да противречиш на постапките на Бог во Библијата. Но тоа не значи дека Бог си противречи на Себе, туку само дека твоето (погрешно) толкување противречи на постапките на Бог.....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па тоа е основна логика бре човече! Јас не сум бил репер!? Што може да значи "познавање на доброто и злото"?
Не знаеме точно. Не знам точно ни јас, ама не знаеш ни ти. Едноставно Библијата не дава информации и детали за какво тоа познавање на добро и зло се работи. Едноставно прифати дека не знаеш и не можеш да извлекуваш заклучоци од библиски молк. Не можеш да читаш меѓу редови и да велиш: ова е вака, она е онака. Прифати дека не ги знаеш мислите на Бог. Ниту си бил таму, ниту си му бил советник, нити портпарол.

Сигурно „познавањето на доброто и злото“ не значи она што ти толкуваш: правење разлика меѓу исправно и погрешно. Читај внимателно што вели змијата:
„...и вие ќе бидете како Бог, распознавајќи го доброто и злото.“ (Битие 3:5, Библиајта)
„И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото“ (Битие 3:22, Библијата)
Ако според твоето толкување ова значи распознавање на исправно од погрешно, тогаш излегува дека само Бог може да прави разлика меѓу исправно и погрешно. Според твоето толкување испаѓа дека само Тој знае дека смртта е погрешна, затоа што и самиот велиш дека Адам и Ева не знаеле дека смртта е зло т.е. нешто погрешно.

Оттука јасно следи дека не станува збор за такво дрво кое дава спознание за „добро и зло“ во смисла на „исправно и погрешно“. Впрочем, смешно е да се толкува дека Бог ги создал луѓето споед Својот лик и подобие, а тие не можеле да направат разлика меѓу такви банални работи како тоа дека смртта е погрешен избор и сл.
Од она што го гледаме од горенаведените стихови е дека, иако не знаеме за тоа какво познавање на „добро и зло“ се работело, сепак станувало збор за некое божествено познавање - затоа што тоа го потврдуваат изјавата на змијата и, уште повеќе, изјавата на Бог лично.

Реков дека упорно ќе ти го повторувам примерот со компјутерот иако ти упорно го игнорираш. Компјутерот исто како и Адам и Ева знае кој му се наредбите, но не ги почитува поради тоа што смета дека се добри ли зли! Ако компјутерот фати вирус, според оваа логика, не е виновен креаторот на вирусот, туку компјутерот!
Го прескокнувам примерот со компјутерот затоа што тоа е сосема несоодветен пример. Компјутерот не е лично, нема слободна воља, не може да одлучува и затоа не може да сноси одговорност за своите постапки. Адам и Ева се личности, со слободна воља, можат да одлучуваат и затоа сносат одговорност за своите постапки.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Што може да значи "познавање на доброто и злото"?
Тоа значи саде една работа: да имаш способност за разликување на сето она кое доаѓа или од Бога (како добро) или од демонот (како зло). Бидејќи Бог ги створи Адама и Ева по Негов „...образ и подобие...„, а воедно, Адам и Ева битисувааа во идеални услови ем во Рајот ем во близината Божја, затоа Адам и Ева не познаваа ништо друго освен она што е „добро„, т.е. Адам и Ева не познаваа ништо друго освен Бог, Божјата благодат и Божјата креација, кои сами по себе се добри, оти Е добар нивниот Творец.

Како веќе реков, Адам и Ева, по Божјата промисла, требало да научат, т.е. требало да стекнат и способност за разликување на доброто од злото, но не пред време, туку во моментот кога Бог ќе одлучел таа способност (за разликување) да им ја понуди на првите луѓе.

Но лукавиот, бидејќи е лукав, не му се „чекало„ тоа Адамово и Евино духовно созревање, па токму во таа временска „луфта„ ги „насанка„, фаќајќи ги неподготвени да го забележат злото кое им дојде од лукавиот. Токму затоа, првите луѓе и згрешија: не го разликуваа злото кое лукавиот им го упати лукаво преку змијата, па она кое лукавиот им го понуди, првите луѓе го прифатија некритички, по свој избор и волја, икао беа опоменати од Творецот за можните последици од таквата постапка.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не знаеме точно. Не знам точно ни јас, ама не знаеш ни ти. Едноставно Библијата не дава информации и детали за какво тоа познавање на добро и зло се работи. Едноставно прифати дека не знаеш и не можеш да извлекуваш заклучоци од библиски молк. Не можеш да читаш меѓу редови и да велиш: ова е вака, она е онака. Прифати дека не ги знаеш мислите на Бог. Ниту си бил таму, ниту си му бил советник, нити портпарол.
Знаеме бидејќи јасно е опишано што почнале да разликуваат Адам и Ева одкако се здобиле со сознанието, тој дел не е премолчен. Детелите се дадени, кога вкусиле од плодот очите им се отвориле, почуствувале срам што се голи и почуствувале страв кога го чуле гласот на бог! Значи јасно се знае што добиле а што немале пред тој момент!
Сигурно „познавањето на доброто и злото“ не значи она што ти толкуваш: правење разлика меѓу исправно и погрешно. Читај внимателно што вели змијата:
„...и вие ќе бидете како Бог, распознавајќи го доброто и злото.“ (Битие 3:5, Библиајта)
„И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото“ (Битие 3:22, Библијата)
Ако според твоето толкување ова значи распознавање на исправно од погрешно, тогаш излегува дека само Бог може да прави разлика меѓу исправно и погрешно. Според твоето толкување испаѓа дека само Тој знае дека смртта е погрешна, затоа што и самиот велиш дека Адам и Ева не знаеле дека смртта е зло т.е. нешто погрешно.
Токму тоа значи! Ако немаш репер за тоа што е добро а што зло, тогаш немаш основа врз која ќе правиш ни разлика што е исправно а што погрешно. Тоа е најосновна логика.
П.С. Мило ми е што конечно и самиот ги спореди изјавите на змијата и бог, со што може да се види дека кажале иста работа, а со тоа се побива тврдењето дека змијата лажела.:)
Оттука јасно следи дека не станува збор за такво дрво кое дава спознание за „добро и зло“ во смисла на „исправно и погрешно“. Впрочем, смешно е да се толкува дека Бог ги создал луѓето споед Својот лик и подобие, а тие не можеле да направат разлика меѓу такви банални работи како тоа дека смртта е погрешен избор и сл.
Од она што го гледаме од горенаведените стихови е дека, иако не знаеме за тоа какво познавање на „добро и зло“ се работело, сепак станувало збор за некое божествено познавање - затоа што тоа го потврдуваат изјавата на змијата и, уште повеќе, изјавата на Бог лично.
Ова е твое лично толкување, фактите кажуваат нешто сосема спротивно! Неколку пати ти реков дека лични толкувања не се валидни, јас секое тврдење го аргументирав и поткрепив со текст од битие, ти од друга страна изнесуваш свои лични импресии.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Знаеме бидејќи јасно е опишано што почнале да разликуваат Адам и Ева одкако се здобиле со сознанието, тој дел не е премолчен. Детелите се дадени, кога вкусиле од плодот очите им се отвориле, почуствувале срам што се голи и почуствувале страв кога го чуле гласот на бог! Значи јасно се знае што добиле а што немале пред тој момент!
Напротив, Библијата никаде не вели дека кога Адам и Ева пробале од забранетото дрво им се отвориле очите ви дознале дека смртта е лоша работа, погрешен избор. Ако е навистина како што ти велиш, дека тие не знаеле дека смртта е погрешен избор, тогаш ѓаволот немало да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку ќе им речел нешто у стилот: Е ако де, што ако умрете! Па умирачка права ствар бе човече. Тоа е многу подобар избор отколку животот. Умираш и уживаш век и веков! :)
Не, значи не само од изјавата на Ева и од здраворазумната логика, туку и од изјавата на змијата гледаме дека Адам и Ева знаеле дека смртта е нешто погрешно и тоа знаење, како што веќе видовме, нема врска т.е. нема допирни точки со божествената особина за „познавање на доброто и злото“ која што ти лукаво сакаш да ја изедначиш со банални и секојдневни работи како што е познавање на исправно и погрешно.

Мило ми е што конечно и самиот ги спореди изјавите на змијата и бог, со што може да се види дека кажале иста работа, а со тоа се побива тврдењето дека змијата лажела.
Не се прави наудрен. Неколку пати ти кажав дека змијата кажала ЛАГА и ВИСТИНА т.е. ефективна лага умешно и лукаво завиткана во целофан од вистина. Вистината што ја кажала змијата се совпаѓа со изјавата на Бог, но лагата што змијата ја кажала е спротивна на изјавата на Бог. Имено, Бог рекол дека ако јадат ќе умрат, а змијата рекла дека ако јадат нема да умрат. Тоа се две спротивни изјави и не можат да бидат „иста работа“ како што ти велиш.

Ова е твое лично толкување, фактите кажуваат нешто сосема спротивно! Неколку пати ти реков дека лични толкувања не се валидни, јас секое тврдење го аргументирав и поткрепив со текст од битие, ти од друга страна изнесуваш свои лични импресии.
Кажи си го ова пред огледало, затоа што ти си тој што цело време кажува лични субјективни и контрадикторни толкувања.и импресии. Јас моите аргументи ги изнесувам со дословни цитати од Библјата, во наводници и со уредна референца (со црвена боја) каде што можеш да го провериш напишаното.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напротив, Библијата никаде не вели дека кога Адам и Ева пробале од забранетото дрво им се отвориле очите ви дознале дека смртта е лоша работа, погрешен избор.
7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.
8 Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.
9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
10 Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.
Ако е навистина како што ти велиш, дека тие не знаеле дека смртта е погрешен избор, тогаш ѓаволот немало да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку ќе им речел нешто у стилот: Е ако де, што ако умрете! Па умирачка права ствар бе човече. Тоа е многу подобар избор отколку животот. Умираш и уживаш век и веков! :)
Повторно очајнички се фаќаш за веќе разјаснети рабопти.
Прво! Змијата не ги знаела мислите на бог и неможела да знае што му се намерите.
Второ! Последиците кој ги снашле Адам и Ева небиле од дрвото, туку од гневот на бог, со што тврдењето дека таа лажела се лага!
Трето! Змијата можела да им го каже и тоа што го наведе како пример, доколку сакала да ги излаже, но не ги излажала.
Не, значи не само од изјавата на Ева и од здраворазумната логика, туку и од изјавата на змијата гледаме дека Адам и Ева знаеле дека смртта е нешто погрешно и тоа знаење, како што веќе видовме, нема врска т.е. нема допирни точки со божествената особина за „познавање на доброто и злото“ која што ти лукаво сакаш да ја изедначиш со банални и секојдневни работи како што е познавање на исправно и погрешно.
Денеска е банално и секојдневно да се облечеш пред да излезеш од дома нели? Адам и Ева си шетале голи и тоа воопшто не им било банално.....сватиле дека се голи и се покриле одкако вкусиле од сознанието. Што значи твоите обиди да го прикажеш тоа како нешто друго се провидни.
Било кој разумен човек ќе ти потврди дека не е можно да правиш разлика помеѓу исправно и погрешно, ако немаш репер - основа за тоа што е добро а што зло!
Не се прави наудрен. Неколку пати ти кажав дека змијата кажала ЛАГА и ВИСТИНА т.е. ефективна лага умешно и лукаво завиткана во целофан од вистина. Вистината што ја кажала змијата се совпаѓа со изјавата на Бог, но лагата што змијата ја кажала е спротивна на изјавата на Бог. Имено, Бог рекол дека ако јадат ќе умрат, а змијата рекла дека ако јадат нема да умрат. Тоа се две спротивни изјави и не можат да бидат „иста работа“ како што ти велиш.
Кој се прави наудрен?! Нели заклучивме дека змијата не ги знаела мислите и намерите на бог а ги знаела својствата на дрвото? Тогаш на кој начин е тоа лага? Тоа што им го кажала, тоа и се случило! Последиците кој подоцна ги снашле Адам и Ева небиле од дрвото туку од гневот на бог! Што значи дека тој е оној што кажал делумна вистина а не змијата.
Кажи си го ова пред огледало, затоа што ти си тој што цело време кажува лични субјективни и контрадикторни толкувања.и импресии. Јас моите аргументи ги изнесувам со дословни цитати од Библјата, во наводници и со уредна референца (со црвена боја) каде што можеш да го провериш напишаното.
Твоите дословни цитати ги потврдуваат моите аргументи, не сум јас кој одговараше - па можеби затоа што...! Тоа што јас го тврдам, го поткрепувам со текст од библијата, за разлика од тебе кој субјективно, пристрасно и произволно толкува.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ipsissiumus, повеќе ништо не кажуваш ново и само се вртиш во круг речиси копи-пејстирајќи си ги разоблчените коментари по неколку пати. Пак ќе речам: пусти детски инает.

7 Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи.
Ете видиш како самиот признаваш што согледале: дека се голи, а не дека смртта е лоша работа или погрешен избор како што предходно неосновано тврдеше. Затоа останува заклучокот дека тие биле благовремено предупредени од Бог дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат, тие знаеле дека смртта е лоша работа / погрешен избор и сепак јаделе од тоа дрво и си го пожнелае тоа што си го посеале со својот личен избор. Нема ништо нејасно и спорно во овој текст, освен твоите квази и по секоја цена антихристијански толкувања и набадања.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа останува заклучокот дека тие биле благовремено предупредени од Бог дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат, тие знаеле дека смртта е лоша работа / погрешен избор и сепак јаделе од тоа дрво и си го пожнелае тоа што си го посеале со својот личен избор.
Како можеле да знаат дека смртта е лоша работа кога немале сознание за добро и лошо?

Се прпелкаш, се прпелкаш...
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Ipsissiumus, повеќе ништо не кажуваш ново и само се вртиш во круг речиси копи-пејстирајќи си ги разоблчените коментари по неколку пати. Пак ќе речам: пусти детски инает.

Ете видиш како самиот признаваш што согледале: дека се голи, а не дека смртта е лоша работа или погрешен избор како што предходно неосновано тврдеше. Затоа останува заклучокот дека тие биле благовремено предупредени од Бог дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат, тие знаеле дека смртта е лоша работа / погрешен избор и сепак јаделе од тоа дрво и си го пожнелае тоа што си го посеале со својот личен избор. Нема ништо нејасно и спорно во овој текст, освен твоите квази и по секоја цена антихристијански толкувања и набадања.
Смртта е неизбежна,но не знам зошто да е лоша.Можеби смртта е најубаво нешто што може да му се случи на човека.Никој жив не дознал што следи по неа.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Тоа значи саде една работа: да имаш способност за разликување на сето она кое доаѓа или од Бога (како добро) или од демонот (како зло). Бидејќи Бог ги створи Адама и Ева по Негов „...образ и подобие...„, а воедно, Адам и Ева битисувааа во идеални услови ем во Рајот ем во близината Божја, затоа Адам и Ева не познаваа ништо друго освен она што е „добро„, т.е. Адам и Ева не познаваа ништо друго освен Бог, Божјата благодат и Божјата креација, кои сами по себе се добри, оти Е добар нивниот Творец.

Како веќе реков, Адам и Ева, по Божјата промисла, требало да научат, т.е. требало да стекнат и способност за разликување на доброто од злото, но не пред време, туку во моментот кога Бог ќе одлучел таа способност (за разликување) да им ја понуди на првите луѓе.

Но лукавиот, бидејќи е лукав, не му се „чекало„ тоа Адамово и Евино духовно созревање, па токму во таа временска „луфта„ ги „насанка„, фаќајќи ги неподготвени да го забележат злото кое им дојде од лукавиот. Токму затоа, првите луѓе и згрешија: не го разликуваа злото кое лукавиот им го упати лукаво преку змијата, па она кое лукавиот им го понуди, првите луѓе го прифатија некритички, по свој избор и волја, икао беа опоменати од Творецот за можните последици од таквата постапка.
За да разликуваш што е добро а што е зло .........тоа е задача на срцето.
--- надополнето: Jul 1, 2011 5:00 PM ---
Смртта е неизбежна,но не знам зошто да е лоша.Можеби смртта е најубаво нешто што може да му се случи на човека.Никој жив не дознал што следи по неа.
Во контекст на ова што го кажа :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Како можеле да знаат дека смртта е лоша работа кога немале сознание за добро и лошо?
Немале сознание за добро и зло, а не за добро и лоши.
Ако не знаеле дека смртта е лоша работа, тогаш змијата немало да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку едноставно ќе им речела: „Јадете и умрете. Умирањето е уживанција а смртта нешто најубаво.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142

Ама змијата не ги излажала, таа им рекла дека нема да умрат ако јадат од дрвото туку дека ќе се здобијат со сознание за добро и зло и тоа и се случило... Значи змијата не ги излажала, едноставно како два плус два навистина не знам зошто толку тераш инает.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Немале сознание за добро и зло, а не за добро и лоши.
Ако не знаеле дека смртта е лоша работа, тогаш змијата немало да има потреба да ги лаже дека нема да умрат, туку едноставно ќе им речела: „Јадете и умрете. Умирањето е уживанција а смртта нешто најубаво.
Е сега јас да си прашам...
На кој јазик змијата им се обратила на првиот познат пар во историјата!?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom