Зарем не е тоа мешање во неговиот/нејзиниот личен избор? Зарем може родителот да одлучи за верскиот избор на детето? Што ако детето кога ќе порасне сака да биде муслиман, атеист, будист и сл?
Јас разбирам да го воспитуваш во христијанската вера, ама да му ја наметнеш верата - е тоа сметам дека не е прифатливо.
А дури и да го крстиш тоа нема да биде вистинско библиско крштевање, туку само едно обично вонредно бањање на бебето. И Хитлер и Сталин биле крстени, па сепак не биле христијани нели?
И така која е улогата и значењето на таквото „крштевање“?
Библискиот редослед за крштевањето е кристално јасен. Човек прво мора да се покае за гревивите, да поверува во Исус, па потоа да се крсти. За што да се покае бебето? Во што да поверува бебето кога не знае ни колку букви има во името Исус?