Еве:
21 покорувајте му се еден на друг со страв Божји.
22 вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа,
23 зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото.
24 Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат да своите мажи во се.
25 Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа,
26 за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27 та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема оскрвение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28 И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29 Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30 бидејќи ние сме членови на Неговата плот и коските Негови.
31 “Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон женат своја, та обајцатаќе бидат една плот.”
32 Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата.
33 И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себеси, а жената да се бои од мажот свој.
За молчењето по Црквите - Па жените се познати по нивното зборување, а во Црквата ако почнат сите да разговараат нит ќе може некој да си се помоли на раат, нит ќе можеме да ги чуеме Свештениците што зборат, што пеат, нит хорот ќе го чуеме.