Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • Креатор на темата Креатор на темата Almala
  • Време на започнување Време на започнување

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Локација
Hidden in the Kalunga
Веб-сајт
www.retrocreamsperfume.etsy.com
На ова прашање сум дискутирала доста. Дали родителите треба да ги наметнуваат своите не/религиозни вредности врз децата и да ги израснат на тој начин или не?

Мој личен став е дека сакам моите деца да бидат запознаени со сите религии, вери и филозофии што постојат. Нормално дека преферирам да го следат мојот пример - кој и да е тој - но, ни јас не сум ги следела не/верувањата на моите родители.

Мислења?
 
Секако дека секој треба да се запознае со различностите на религиите и животните филозофии, но моите деца ке ги воспитувам како јас сакам.

Едноставно, ако јас не ги воспитам им оставам на други (кој? школи, институции, свештеници, секташи и слично) да им сипаат разни глупости во глава врз кои јас немам контрола, на пример Скиентологија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ime
Навистина се сака оној што го сакаш поради тоа што е, а не поради тоа што сакаш да биде. Кога станува збор за верувања, религии и воопшто ставови во врска со тоа, според мене вистински родител е оној кој ќе ги сака своите деца без разлика во што ќе веруваат или неверуваат.
Најбитно од се е да знаат дека моралот, културата и нормите на општеството не се нешто неменливо и апсолутно, туку се културолошка креација - последица од општо прифатените правила на заедницата. Со тоа сознание, ќе бидат далеку потолерантни кон различните од нив, знаејќи дека моралот различен од тој што тие го имаат не е "погрешен" туку само поинаков.
 
Гласав за ДА. Како атеист, многу нормално дека и на децата ќе им пренесам дека математиката, науката и филозофијата е покорисна отколку молењето за помош од господ.
 
....иако сеуште немам деца ....мојот став по ова прашање е дека не треба своите животни промашувања, своите ставови и животни погледи да им ги наметнуваме на своите деца.....
....роден сум во семејство на православни христијани и по традиција сум крстен....но не по моја желба ии убедување, туку по туѓе желба....денес не се декларирам никако...ниту како верник ниту како атеист иако ги почитувам и едните и другите....но сепак носам белег кој вели дека сум православен христијанин....
...сметам дека на децата треба да им ги покажеме нашите погледи на свет но не да им ги наметнеме....кога ќе созреат сами нека одлучат дали ке се обележат и како ќе се декларираат.....

П.С.
На почетокот на христијанството...чинот на крштевање бил доброволен чин....и спред ритуалот оној кој сакал да биде крстен морал сам да се одрече од ѓаволот и да ја прими Христовата вера.....подоцна обидите насилно да се покрстат "дивјаците" резултира со воведување на КУМ чија цел е да го направи откажувањето од ѓаволот и примање на верата Христова во име на оној кој го воведува во верата....денес тоа се прави на мали деца кои ниту самите можат да одлучат... ниту пак знаат што се случува при самиот чин на крштевање...
 
За да се воспита дете не е потребни вера, ниту пак не вера... Какви се овие прашања кои го вртат човек во круг?
И дете само со еден родител не може да биде воспитано како што треба?
Мора семејство како што го гледаат монотеистичките религии?
Глупости!

Најдобро воспитување на дете е да му се дозволи да има искуства по патот и родителот да е способен да му покаже на младиот човек дали е тој(младиот човек) способен или не да се справи со искуствата моментални со кои се среќава и да му понуди извори како да се надградува за да може сам да создава решенија за искуствата по патот.
Слободната волја на детето мора да биде следена од родителот, и во почетните години додека се развива, ќе зависи од родителот како да го научи детето да ја негува и работи според неа.
Наметнување на свои ставови во воспитниот процес може да го загуши слободниот дух за истражување на детето. Се зависи од способноста на родителот да подучува, но да не се меша во одлуките на детето.
Ако јас сум телемит, не мора и моето дете да е тоа. Мора да ја следи тоа својата волја, а јас ќе ја имам задачата да му овозможам да ја осознае и негува.
Толку е просто и толку сложено во исто време. Затоа и да се биде родител е толку возвишена работа!
 
Така ќе го научиш да бега од многу работи... можеби ќе бендиса синот/ќерката некој што е религиозен и заради твоето „учење“ ќе ја напушти можеби љубовта на својот живот... Ќе те тепа на стари години потоа бидејќи си го научил погрешно! :)
 
Децата треба да имаат слобода на избор и информации за се` она што ги интересира. Се разбира во склад со возраста. Ќе прокоментирам од аспект на православното христијанство затоа што го познавам. За православните родители крштевањето на децата е од љубов и грижа. Меѓутоа, во православието идеално е човек да пристапи кон црквата од сопствена волја. Џабе е да се крстат децата ако родителот не им покаже љубов, толеранција, почит кон нив и кон другите, простување, итн. Се` она што сакаме децата да бидат треба да го практикуваме како родители во односот со нив и со другите. Значи, ако сакаме децата да бидат толерантни, ние треба да бидеме толерантни, ако сакаме да бидат искрени и чесни, ние не треба да лажеме и да измамуваме. Многу бамборење и држење лекции е бесполезно. Нашето сопствено однесување, трпение и почит кон нивната слобода е многу поефективно од она што им зборуваме или како се декларираме. И за крај, ако навистина ги сакаме, ќе го почитуваме нивниот избор на религија, партнер, кариера. Безусловно.
 
Јас на моите деца(кога ќе ги имам) не планирам да им наметнувам ништо.Кога ќе пораснат сами нека си одлучат во што ќе веруваат.И најмалку би ми било битно дали ќе станат православци, будисти,протестанти или атеисти,битно е да се среќни со својот избор.А факт е дека многу луѓе се верници само затоа што така им било наметнато од родителите, а всушност не знаат ништо за својата , а уште помалку за другите религии.И да, ги сожалувам оние што маваат во гради дека би се откажале од своето дете ако евентуално најде партнер од друга религија.Па уште и се фалат со тоа.Таквите немаат поим што значи родителска љубов.
 
Така ќе го научиш да бега од многу работи... можеби ќе бендиса синот/ќерката некој што е религиозен и заради твоето „учење“ ќе ја напушти можеби љубовта на својот живот... Ќе те тепа на стари години потоа бидејќи си го научил погрешно! :)

Па нормално...да бега од дожд,град,снег,да гледа лево десно кога преминува улица,да не чепка со прсти по штекери,да не става раце на рингла,да бега од религии...:D
А ако бендисаат религиозни особи...well...нека си читаат од Писмото навечер, зошто да не...:D
 
Доволно ке му биде културата да ја научи од дома и почитта кон другите.Да ги научи вредностите на 21 век и оние добрите кои останаа во минатиот и да стекне добри навики за во животот.Религијата нема да му биде потребна воопшто зошто ке го збуни и ке му створа непотребни прашања во главата за кои никогаш нема да најде одговор.Ке му смета и тоа што религијата ке му противречи на се што гледа и слуша околу себе и ке му дава илузии за некој друг свет и семоќен бог кој за кого не важи ништо што важи за другите.Не фер поглед кон светот и кон луѓето и несакам ни да чуе за такви работи.Еден ден ке слушне кога ке порасне но тогаш ке ги гледа таквите работи како христијаните што гледаат на секташите...Моето дете ке биде нормална личност...
 
Гласав со не, нема потреба да се воспитуваат не/религиски.
 
Па нормално...да бега од дожд,град,снег,да гледа лево десно кога преминува улица,да не чепка со прсти по штекери,да не става раце на рингла,да бега од религии...:D
А ако бендисаат религиозни особи...well...нека си читаат од Писмото навечер, зошто да не...:D

А замисли да бендиса некој како Мики или Чорбаџија :D Тогаш ќе знаеме дека Бог постои и дека на тој начин ти враќа за твоето богохулење :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom