Не сум јас тој кој фаќа кривина, ти тврдеше дека змијата ги знаела мислите а не заповедта! Еве:
Јас цело време под „мислите на Бог“ сметав дека ти јја подразбираш заповедта што Бог им ја кажал на Адам и Ева. Нема поента и би биле оф-топик ако зборуваме за други мисли. Уствари има поента: да фаќаш кривини во дискусијва, па затоа ги генерализираш работите за потоа да ги дефокусираш во друга насока
Го знаеме, не се никакви шпекулации. Доказ е неговата констатација кога вели: "Ете Адам јадеше и стана како еден од нас" Ако навистина дрвото било причина за смртта, ќе речел "Ете Адам јадеше и умре" или "Ете Адам јадеше и сега ќе умре".
Зошто половично ја цитираш констатацијата на Бог? Стихот кој половично го цитираш продолжува вака:: „Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде
и да живее вечно!“ (
Битие 3:22, Библијата)
Овде Бог потврдува дека Адам и Ева станале смртни. Доколку не беше така, тогаш ова што го вели би немало смисла, затоа што тие не би имале потреба да јадат од дрвото за да живеат вечно. Но бидејќи тие веќе биле смртни (започнале да стареат/умираат), затоа Бог им го оневозможува пристапот до дрвото на животот.
Единствена шпекулација е тврдењето дека тие биле бесмртни, тоа никаде не го пишува а ти тврдиш дека биле бесмртни! Повели и посочи ми текст каде јасно се вели дека Адам и Ева биле бесмртни.
Целокупното библиско учење е дека човековата смрт е последица на гревот, дека смртта е натрапник, а не природна појава како што ние тоа искуствено си го поимаме.
Доколку човекот бил смрттен, тогаш која е поентата Бог да му вели дека ако јаде од забранетото дрво ќе умре, кога тој и онака ќе умрел?
Од друга страна, на Адам и Ева
пред гревот им било дозволено да јадат од дрвото на животот за кое Бог јасно кажал дека ако јадат од него ќе живеат вечно:
„Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде
и да живее вечно!“ (
Битие 3:22, Библијата)
Како може некој кој нема сознание за добро и зло, да биде товарен за одговорност од истиот оној кој му го ускратил тоа сознание?
Тие воопшто не биле товарени за одговорност затоа што немале сознание за добро и зло.
Тие биле товарени за одговорност за нешто што кристално јасно го знаеле - дека не смееле да јадат од забранетото дрво и дека ако јадат од тоа дрво - ќе умрат. Адам и Ева имале комплетно сознание за забраната да јадат од тоа дрво. Тоа се гледа од изјавата на Ева, цитирам:
„
Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го,
за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Како што гледаме од стихов, Ева имала комплетно сознание дека не смее да јаде од забранетото дрво и дека ако јаде од него ќе умре. Така што погрешна е твојата изјава дека тие се товерени за одговорност за нешто што немале сознание, бидејќи тие имале комплетно сознание за ова.
Па од каде да знаат дека тоа што несмеат да прават е погрешно, кога немаат сознание за тоа што е погрешно а што не?!?
Ај сега реши се што немале: сознание за добро и зло или сознание за исправно и погрешно? Во Библијата никаде не пишува дека тие немале сознание за тоа што е испрано, а што погрешно. Секако дека смртта е погрешен избор и тоа не го посакувале ниту Адам, ниту Ева.
Доколку Ева не знаела дека смртта погрешен избор и нешто неубаво, тогаш змијата немало да има потреба да ја лаже со зборивте „Не, вие нема да умрете!“ (
Битие 3:4, Библијата)
Просто е и јасно како ден и ноќ, како два и два, но спеак не залудно некој рекол: Нема послеп од некој што не сака да види, нема поглув од некој што не сака да чуе.