Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Каде пишува во стихов дека змијата знаела како ќе реагира бог? Каде?! Од овој стих единствено може да се види дека змијата дознала дека не им се забранети сите дрвја, туку само дрвото за спознавање на доброто и злото! Знаејќи ги особините на дрвото, змијата знаела дека причината поради која е забрането е лага.Со задоволство ќе ти посочам стих и ќе те демантирам. Еве го стихот од каде што јасно се гледа дека змијата знаела:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)
Како што можеш да видиш од овој стих, Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Змијата убаво ја слушнала Ева кога и го кажала ова и затоа знаела.
Доказ дека змијата убаво ја слушнала и разбрала Ева кога и го кажала ова е реакцијата на змијата: „Не, вие нема да умрете!“. Оттука гледаме дека змијата немала тампони на ушите и дека убаво ја слушнала Ева кога и го кажала тоа, така што е јасно дека знаела.
Ако мислиш дека на кондиција ќе ме примораш да се одкажам си се заебал, ќе терам вака колку сакаш!Арно ама Адам и Ева умреле, така што не им ја кажала вистината, туку лагата.
И како може змијата да не знаела што Бог им кажал во врска со дрвото, кога Ева тоа убаво и го кажала на змијата, цитирам:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)
Значи Ева убаво и кажала на змијата што Бог кажал во врска со дрвото, така што таа убаво знаела.
Змијата не знаела што им било забрането, тоа се гледа од прашањето кое им го поставува - "дали бог ви забранил да јадете од сите дрвја во градината?" Кога дознава дека се работи само за дрвото во средината, и кога дознава зошто им го забранил, таа знаејќи ги неговите својства, им кажува дека нема да умрат, туку ќе им се отворат очите и ќе бидат како богови знаејќи добро и зло! Потврда за ова е делот каде бог констатира - "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи добро и зло". Значи истото тоа што и змијата им го кажала! Е сега тоа што следи после овој момент, е од бог, а не од дрвото, а змијата не била сезнајна па да ги знае намерите и мислите на бог.
16 А на жената и рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.”Без шпекулации молам! Повели цитирај стих каде што Бог ги фатил за гуша или со меч расекол откако јаделе од дрвото?
17 А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!
18 Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија.
19 Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.”
Како што илјада пати кажав досега! Змијата не му ги знаела намерите и мислите на бог! Таа не му ги читала мислите. Ако јас некому речам - не јади од милка чоколадиве ќе умреш, и ако тој некој ти каже што сум му рекол и ти му викаш, не нема да умреш, тој јаде, јас дознавам, се разгневувам и го убивам! Според твојава логика, ќе испадне дека јас не сум лажел, туку ти, затоа што си му рекол дека од чоколадо не се умира, а тој сепак умрел, бидејќи јас сум го убил!Арно ама тие најсполе и умреле. Смртта се случила токму онака како што им кажал Бог, наспроти лагата на змијата.
Патем, каде змијата им кажала дека нема да умрат од дрвото? Змијата не им рекла: „Не, вие нема да умрете од дрвото!“, туку само им рекла: „Не, вие нема да умрете!“ (Битие 3:4, Библијата)
Змијата дознала што кажал бог, и добро знаела дека тоа е лага! Како што беше примерот со милка чоколадата! Направи споредба со примерот и приказната за Адам, Ева и змијата и ќе видиш дали и колку е лага. Се разбира дека нема да го признаеш тоа, затоа што суетата нема да ти дозволи, но пред аргументите и боговите молчат.И јас не знам зошто треба како папагал да ти повторувам дека сезнајност не е потребна за некој да излаже. За да се излаже доволно е да се каже лага. Змијата многу добро знаела што кажал Бог за дрвото, затоа што Ева убаво и го кажала тоа, цитирам:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)
Не е ни важно дали змијата го знаела ова предходно или не. Важно е дека во овој момент сигурно го знаела и знаејќи го тоа ги излажала дека нема да умрат.
Да, исто како и јас што бев во право во примерот со милка чоколадото! Јас нелажев дека се умира од него нели? Човекот беше убиен, затоа што јадеше, значи лажеше оној што му кажа дека нема да умре од чоколадото.Тоа не е вистината. Дрвото било причината за смртта на Адам и Ева. Бог им рекол да не јадат од тоа дрво, зашто ако јадат - ќе умрат. Тие јаделе и умреле. Прочитај го 3-то поглавје од книгата Битие и ќе видиш дека тоа е вистината.
Посочи стих каде се вели дека дрвото на спознанието е отровно! Кога змијата разбрала што им е забрането и зошто, таа знаела дека се работи за лага! Бидејќи таа ги знаела свосјствата на дрвото, тоа се докажува од констатацијата на бог дека Адам станал како него распознавајќи добро и зло! Се останато е последица од гневната реакција на бог, а не последица од дрвото! Што значи се случило токму онака како што им кажала змијата.Во ред. Ајде нека биде по твое. Да претпоставиме дека козата и рекла на змијата дека Бог ги забранил сите растенија, затоа што ги сакала за себе. Змијата со тоа сознание доаѓа кај Ева и и го вели тоа. На ова Ева и одговара:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)
Значи после овој момент, змијата ја дознава вистината, дека не им се забранети сите дрва, туку само едно дрво и дека ако јадат од тоа дрво, ќе умрат. Но сепак одлучува да го излаже велејќи им дека нема да умрат ако јадат од забранетото дрво. Адам и Ева јаделе и умреле. Се случило токму онака како што им кажал Бог. Очигледно змијата ги излажала!
Шпекулации не ме интрересираат! Посочи стих каде се вели дека дрвото било отровно! Повели, чекам.Змијата им ги кажала само половичните својства на дрвото. Таа не им кажала дека ако јадат од тоа дрво дека ќе умрат. Напротив, таа им го кажала обратното - дека нема да умрат. Адам и Ева јаделе и умреле. Значи змијата ги излажала.
И јас по незнам кој пат ќе ти кажам дека овој стих само и одкрива на змијата што и зошто е забрането, таа знаејќи ги својствата на дрвото знаела дека тоа е лага. Во спротивно констатацијата на бог ќе гласеше: "Ете Адам јадеше и умре" а не "Ете Адам јадеше и стана како еден од нас".По не знам кој пат ќе ти го посочам истиот текст. Еве го стихот од каде што јасно се гледа дека змијата знаела:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)
Како што можеш да видиш од овој стих, Ева и кажала на змијата дека Бог им рекол дека ако јадат од тоа дрво ќе умрат. Змијата убаво ја слушнала Ева кога и го кажала ова и затоа знаела.
Доказ дека змијата убаво ја слушнала и разбрала Ева кога и го кажала ова е реакцијата на змијата: „Не, вие нема да умрете!“. Оттука гледаме дека змијата немала тампони на ушите и дека убаво ја слушнала Ева кога и го кажала тоа, така што е јасно дека знаела.
Поголема контрадикција од првата реченица која ја болдирав не си можел да напишеш! Според неа сега излегува дека Адам и Ева имале спознание за добро и зло, но биле казнети затоа што посегнале по дрвото....кое замисли е дрвото за спознавање на доброто и злото?! Па која е логиката да забраниш некому нешто кое веќе го има?! Тоа ти е како да и забраниш на рибата да научи како се плива во вода!Адам и Ева не умреле затоа што немале спознани за добро и зло. Адам и Ева умреле затоа што јаделе од дрвото за кое што Бог јасно им кажа дека ако јадат ќе умрат. Значи во нашиов случај, судијата би ја прашал Ева:
Судијата: Дали знаеше дека не треба да јадеш од тоа дрво?
Ева: Да, Бог тоа јасно ни го кажа.
Судијата: Дали знаеше дека ќе умреш ако јадеш од тоа дрво.
Ева: Да, Бог тоа јасно ни го кажа.
Заклучок: Адам и Ева го разбрале обвинението, биле јасно предупредени за тоа, на своја лична одлука и одговорност јаделе од дрвото и затоа се обвинети и праведно казнети.
Во битие јасно пишува дека очите им се отвориле одкако посегнале по сознанието! Ако веќе имале сознание што е добро а што не, тогаш од што им се одварала очите?! Да не играле криенка можеби? Пишува ли убаво дека дури одкако пробале, почуствувале срам затоа што се голи? Тоа е јасен доказ дека тие немале сознание за добро и зло, а без него неможе да се товарат за одговорност!
Направи споредба со компјутерот! Тој ги почитува наредбите но нема сознание дали тоа што го прави е добро или зло! Ако фати вирус, и ги прекрши наредбите (програмите), дали треба да го сметаме одговорен компјутерот, или неговиот дизајнер? Дали ако фати вирус, треба да го казниме компјутерот?! Знам дека не си толку ограничен за да не ја сватиш суштината! Без тоа сознание за добро и зло, бог несмеел да ги казни, доколку бил праведен, тој самиот ги создал без тоа сознание, им го поставил на дофат, им го забранил и на крај ги казнил затоа што посегнале! Провидно, себично и садистички.