Имам рамислувано на оваа тема пред многу години, еве да претпоставиме дека хипотетички постои Бог кој е креатор на цел универзум. Според Дрејковата равенка, дел од Сагановите размислувања и пресметки и останатите истражувања големи се шансите да постојат и останати форми на живот во овај универзум или мултиверзум ама рековме Бог е креатор на се и овие останативе се под негова јурисдикција.
На планетава земја во моментов има 7 милијарди луѓе, и еве да бидам песимист нека има уште 50 милијарди други форми на живот кој го величаат Бог како креатор на универзумот, па срамота е Бог да ги сеграгира тие останати форми на живот од нас, зошто тој сите не сака.
Да претпоставиме дека Бог е во реално време со нас компатибилен и со останатите форми на живот и треба дали има навистина време да слуша секојдневно 50 милј. молби и молитви и да ги исполнува. Па тука имаш молби за петка по математика, состанок со црната од 2 клас, па добивка на лотарија итн итн. И Бог да сака нема врема да стаса и покрај што има ограничени работни часови во последниве 3-4000 години. , пример за мислиманите не работи во петок, за евреите во сабота, за христијаните во недела.
И плус и тој е душа треба да одмори, филмче да сметни на замунда, или што знам на лов и риболов некаде да мрдни.
Според моите размислувања ако постои Бог тој нашава планета ја смета како некое забаталено рандом село во Мариово што не ни вреди да го посети и да собери некој глас, барем се нема појавено на земјава 1500-600 години, така што јас одлучив да го игнонирам, ако е тој толку недоблесен да не се појави на нашата планета, зошто пак јас да му се молам секој ден и да се расфрлам со време, енергија и пари за да му удоволам.