Џизс факин крајст, па еве и да има партиски членови на протестите... Еве и јас да признаам, како учесник во протестите (четири дена - ќе доаѓав и почесто ама навистина сум презафатен со испити) дека гласав за СДСМ на избориве... Што менува сето тоа? Зарем протестот нема јасно утврдени цели и барања? Зарем има некој неутрален, дали странец, дали нашинец, кој тие барања ги оценува како непримерни, како претерани, како неразумни? Каква врска имаат тие барања со било која партија? Зарем ние бараме паѓање или менување на Владата? Зарем ние ги негираме резултатите од изборите? Или бараме само институциите да изреагираат онака како што сме читале дека реагираат некаде далеку, во некои митски земји во кои наводно владее правото, транспарентноста, и каде постои нешто што се вика “одговорност“ на луѓето на одговорни функции (кога ќе ја усерат работата, како Јанкуловска - и Котевски - овојпат)? Не дај боже па да помислиме на нешто што овде се смета за измислица од некоја бајка од Езоп или Х.К. Андерсен - нешто што се вика “морална одговорност“!