која слика бе брат, дај ми линк не те сваќам,уморен сум неможам многу мозок да тупам
Дади една потврда дека протестиве се организирани од СОРОС и еве јавно кажувам тука дека доколку истото го направиш јас повеќе на истиве не одам ..
До сега, во сите твои постови на темава, ти тролаш, односно, ништо не кажуваш туку само пренесуваш претпоставка односно лага од Сител телевизија поради која они се и тужени.
И тоа тужени се баш поради таа констатација, дека организаторите се членови на СОРОС, за што постојат документирани факти дека не се ...
Се е презентирано пред тв куќите и тоа покани беа испратени до СИТЕ, е сега што ти гледаш Сител и само Сител па ни ја презентираш нивната '' реалност '' е твој личен проблем, али истите тие Сител секогаш не игнорирале бидејќи се плашат од вистината, т.е. не, не дека се плашат од истата, и ним истата им е добро позната али знаат дека ако ја презентираат во етер од нивни вести дека истото ќе штети на партијата зад која евидентно стојат.
Па спремни се да плукаат по семејството нарекувајќи го дисфункционално, спремни се да го направат Мартин најголем деликвент во Македонија, спремни се во пакет со МВР да изнесуваат погрешни информации и да учествуваат во заташкувањето на ова убиство, спремни се да го гледаат народот во очи и да го манипулираат и лажат, спремни се да ги игнорираат молбите од братот на Мартин, неговиот вујко и чичко од кои беа осудени дека работат за партиски интереси ЈАВНО, спремни се да ги игнорираат зборовите на неговата мајка каде јавно потенцира дека од партија дошле да го купуваат нивниот молк, спремни се, аналогно на ова, да тврдат без некој релевантен доказ дека СДСМ и СОРОС нас не организирале, односно, спремни се да ЛАЖАТ иако вистината беше каде-каде побрутална кога е во прашање онаа друга партија која покрај обидот да купи молк направи и обид за организирање на контра протест, спремни се да направат СЕ што е неетички и неморално за НИВ ...
Така да те молам, прекини да тролаш и дади еве ти нешто за кое сметаш дека е цврст доказ за оние кои стојат зад овие протести, еве Сител тоа не успеаа до сега да ни го пружат, ниту Гордана Јанкуловска тоа не успеа да ни го пружи, ниту нејзината партија, претседателот на земјава кој исто потекнува од таа партија се изјасни за нас потврдувајќи дека нашите намери се искрени и дека зад нас не стои партија ...
Сега ти си на ред да не просветлиш, реков, ако успееш во тоа, ја удирам рецка на овие '' партиски '' протести и не само тоа, ќе одам и у фаца ќе ги плукнам оние кои ги организираат а имаат наводно задни намери и тоа ќе го направам јавно, пред камерите на Алфа, А1, 24 вести и останатите медиуми кои се залагаат ова да го пренесат на јавноста, без лаги и манипулации.