Ај сега малце поопширно пошто очигледно не ги читаш ни последните постови, па вака со цитат може и ќе сфатиш нешто. На која страна тераш од авион се гледа. Паметот нас не ни идел? Тоа може да го помисли човек што само се труе од телевизии и верува на нивните лаги, и што очигледно не ја разбира суштината на протестот. Значи не е протестот за да изразуваме секој ден сочуство (а и тоа го правиме на секоја раскрсница, има една минута молк), туку да предизвикаме промени во системот да никогаш повеќе не се дозволи вака да се губат животи. Појасно?
Е сега, вака ти како експерт и ептен сочувствителен граѓанин, те замолувам да ми одговориш на неколку прашања:
1. Дали знаеш дека после секоја катастрофа се организираат концерти, што викаш да земеме да ги плукаме, м? Бесчувствителни низаедни, луѓе изгинале, они концерти прават.
2. Дали ги подржа контра протестите, и зошто за нив ништо не искоментира?
3. Како продолжение на второто, зошто полицијата ги пушти нив да поминат по улицата накај МВР, а нас не?
4. Што направи ти за семејството на Мартин? Ќутеше? За да се случи истото на друго семејство, па и тогаш да ќутиме? Па се' така до недоглед додека не дај боже се случи на некој во твоја околина? Решението твое е молк?!
Јас мислам дека доволно ќутевме овие 20 години, време е да направиме нешто!
1 И пред да пробаш да истролаш, провери си ги информациите детално, прочитај наназад барем неколку страни...