Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Цел албум има Jon Bon Jovi за Young Guns 2. Покрај насловната, Blaze of glory, и другите се феноменални и се опфатени теми од филмот.
Не знам зошто го пишувам ова.:D
Иначе, супер избор на вестерни, ми се исполни душава со 3:10 to Yuma.
Барав податок за саундтракот на времето не можев да најдам. Само таа песна ја забележав. Баш е јак клипот.

Дури сега го видов целиот наслов на темата. "каталог за тапчовци", бре. :D

Може да се смени во нешто по(како да кажам да не погрешам).
Морам да внимавам со насловот да не се навреди Tallahassee кој ќе го слуша после :)
--- надополнето: Jun 21, 2011 12:20 AM ---
Извини вака за оф топик Рокенролаа, ама да му вратам на колегата твој.

ЈасСумИнтериста, го гледав филмот, еве вака според датата и пред тебе сум го гледал, добар е филмов, ама не е мој тип на филм. Чим ме спомна, ако овој ти се допадна, пази да не те фати срце од овој (нема да те фати срце де, ама добар ке ти биде многу). Модераторке и ти можеш да го гледаш, а и сите други на кои ви се допадна Исповеди.

п.с. Го виде филмот кој ти го препорачав? Ако не кажи, да ти го кажам насловот пак.

Овде те мрзи да го префрлиш? Шо има да му ја мислиш, ние сме тука да префрламе. После да не ми објаснуваш дека си бил во право :)

Фала на препораката.
 
Видов не сте го клале Pan's Labyrinth во Fantasy/Adventure. Ако не сте го испланирале и во светска кинематографија, ќе ви се наљутам.
 
Prince of Darkness го нема во хорорите, Psyside ќе се налути :unsure:... шала на страна, страва хорор.

п.с. Џену, The Rise of Evil е многу, многу добар филм.
 
^

+ 1.
Многу јака глума. (за Rise of Evil зборувам).
 
Rise of Evil го гледав кога излезе, до ден денес остана малку познат филм, во сенка на Der Untergang, но според мене Rise of Evil е подобар. Единствен проблем е што дејството е пред WWII па не влегува баш во таму...
 
...Филм што ми смени некое мислење за Хитлер, и ден денес се восхитувам на ораторската моќ на овој човек и на неговата гордост и љубов кон нацијата, како и начинот на кој ова е пренесено во филмот, како што кажа Џимеј, одлична глума.

ИоСоњо, дај види таму среди Das Boot бар во светска кинематографија да биде. Deutschland uber Alles! :eek:
 
брат, која верзија ја гледаше од Das Boot ? Пошо uncut верзијата ќе ти направи да се чувствуваш ко и ти да си во подморницата :D 290 минути трае ....
 
Веќе сите кога се жалат да си ги кажам и јас маките. Го нема во вестерни филмов, чу ве патошем :)
A Fistfull Of Dollars
 
...Филм што ми смени некое мислење за Хитлер, и ден денес се восхитувам на ораторската моќ на овој човек и на неговата гордост и љубов кон нацијата, како и начинот на кој ова е пренесено во филмот, како што кажа Џимеј, одлична глума.

ИоСоњо, дај види таму среди Das Boot бар во светска кинематографија да биде. Deutschland uber Alles! :eek:
Ќе видиме, ако не влезе таму во Бонус ќе влезе. Конкуренцијатa е жестока. Иначе планираме 19 категории x 10 филмови = 190 + 20 Класици + 20 Светска + 20 Бонус = ТОП 250 (некој нека провери слабо стојам со математика хаха... ) Уствари има повеќе предлози пошто за некои филмови предлагаме да се видат повеќе делови, но како и да е ќе го викаме Кајгана 250 :)
 
брат, која верзија ја гледаше од Das Boot ? Пошо uncut верзијата ќе ти направи да се чувствуваш ко и ти да си во подморницата :D 290 минути трае ....
Таа, uncut ја гледав, мора да се долови ефектот бе, нема лабаво :)

@ ИоСоњо: Не мора да е 250, проширете ја листата, да бидеме оригинални :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom