Ај да не ве цитирам сите по ред.
Значи - детето уво не го боли за Исус, Мухамед, Адам, Ева, Ное, Авраам итн. Освен ако ние не го натераме да му биде гајле. Исто е и со соѕвездија, животни, вода, медицина, образование итн. Детето го учи тоа што му го пласираме да го научи. И ако не пласирам религија, нема да го интересира, до оној момент кога во школо прв пат некој ќе донесе јајце за Велигден
Детето за репер си ги зема родителите, па ако јас не сум религиозна големи се шансите и тоа да не биде религиозно, што мене ми се допаѓа. Но сигурно нема да му трубам против истите. Можам да му објаснам од каков аспект тргнува другарката на училиште, дека сме настанале од Адам и Ева, и од каков аспект тргнувам јас, дека сме настанале од мајмуни, но, никогаш нема да му кажам ,,јас сум во право,,.