Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јас, навистина, не знам како на своето 5-7-9-12 годишно дете планирате да му објасните поими како догма, мит, религија, Бог, Адам, Ева, Ное.... Децата се водат според тоа што го гледаат, и не се способни да замислат како Адам живеел 800 години (затоа од старт нема да им биде верно) итн.
Јас кога научив да читам, прво што прочитав ми беше една книга (сеуште ја имам) се вика ,,Мојата прва Библија,, и е наменета за деца. Значи ја прочитав на некои 8 години, и веднаш ми беше нелогична.
Денес сфаќам дека на сите деца им е нелогично.

Јас претпочитам ниту верско ниту антиверско воспитување.
Оф корс, како што и Дедо Мраз, Снежана и Црвенкапа се нелогични. Ама, детската имагинација ги надополнува дупките во логиката. ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Баш ме интересира како би го извел тоа.
Секое не-верско е антиверско и е дело на рогатиот
Не е вистина.
Едноставно - тема религија - нема дома.
Доколку дојде моето дете и ме праша, што е тоа Исус? Сигурно нема да му речам еден шизофреник што ги лажел луѓето, а тие поради необразованост му верувале. Исто како што нема да му кажам дека е Син Божји. И едниов, и другиов одговор, детето нема да ги сфати.
Едноставно - некои веруваат дека Исус бил многу моќен човек, лекувал болни, ги научил луѓето како правилно да се однесуваат. Затоа некои луѓе се молат на него и очекуваат да им помогне и денес. Мамо, зошто ние не веруваме во тоа? Мама не верува во тоа, затоа што ние тоа не сме го виделе со своите очи, а треба да веруваме на своите очи. Некои луѓе веруваат дека го виделе. Мама не знае дали се во право или не.
И толку. Следното прашање сигурно ќе биде посуштинско, поопширно, и ќе добие поопширен одговор. За секоја религија. Но нема никогаш да спомнам што е правилно, а што не.
На прашањето зошто е нешто правилно за мене - прост одговор - јас верувам дека сум во право, но тоа не значи дека навистина сум во право.
Детето мора да се подготвува самото логички да мисли и да пресудува, и ако одлучи да стане верник, никогаш не е касно да се крсти или сунетиса. Ама касно е, да го поништи сунетот кога ќе сфати дека не сака да биде муслиман, на пример.
--- надополнето: Jun 19, 2011 11:10 PM ---
Оф корс, како што и Дедо Мраз, Снежана и Црвенкапа се нелогични. Ама, детската имагинација ги надополнува дупките во логиката. ;)
Дедо Мраз, Снежана и Црвенкапа, се детски јунаци, кои секако, носат убави нешта за децата и забава. Исус, тешко дека е забавен на некое дете. Мозокот автоматски ги отфрла работите кои не сакаме да ги знаеме - во случајов детето сосема ненамерно ќе го занемари фактот за распнувањето на Исус, неговите маки.... и се по ред.
Реално, ние треба да се плашиме од Бог, ако сме верници.
Детето, бега од тоа од што треба да се плаши.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Исус, тешко дека е забавен на некое дете. Мозокот автоматски ги отфрла работите кои не сакаме да ги знаеме - во случајов детето сосема ненамерно ќе го занемари фактот за распнувањето на Исус, неговите маки.... и се по ред.
Се согласувам.

Реално, ние треба да се плашиме од Бог, ако сме верници.
Детето, бега од тоа од што треба да се плаши
Е тука не би се согласил. Зависи каква претстава за Бог ќе му се понуди.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не е вистина.
Едноставно - тема религија - нема дома.
Не мислев дека сериозно ќе ме сватиш. Но биди сигурен дека тоа Мики1 или чорбаџија би ти го рекле тоа :D
Но.... сепак би ти рекол, дочекај и ќе видиш..... А која алтернатива ќе му понудиш? На пример те праша кој ги создал животните?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Секој со своите убедувања. Ако го прочиташ мојот погорен пост ќе видиш кој е мојот став.
Ма во ред е пријателе, твојот став ми беше јасен, генерално се однесуваше прашањето. ;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ма во ред е пријателе, твојот став ми беше јасен, генерално се однесуваше прашањето. ;)
Одговорено ти е, друже. Чек ит аут.:)
--- надополнето: Jun 19, 2011 11:32 PM ---
Не мислев дека сериозно ќе ме сватиш. Но биди сигурен дека тоа Мики1 или чорбаџија би ти го рекле тоа :D
Но.... сепак би ти рекол, дочекај и ќе видиш..... А која алтернатива ќе му понудиш? На пример те праша кој ги создал животните?
Може ја да одговорам? Онака ничим изазван? У такви моменти имам ваков одговор, „Иди прашај ја мама, она знае. А после дојди и идеме на сладолед, важи?“ Нема боља стратегија, гарант!
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Може ја да одговорам? Онака ничим изазван? У такви моменти имам ваков одговор, „Иди прашај ја мама, она знае. А после дојди и идеме на сладолед, важи?“ Нема боља стратегија, гарант!
Mоже, а зашто не би могло :D
Е добра ти е таа, „прашај ја мајкати не ме замарај“ :ROFLMAO:

П.С. не си сфаќај се лично, малку шега не е на одмет.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Може ја да одговорам? Онака ничим изазван? У такви моменти имам ваков одговор, „Иди прашај ја мама, она знае. А после дојди и идеме на сладолед, важи?“ Нема боља стратегија, гарант!
Imase vic za ova, sinot go prasuva tatkoto kako nastanal covekot i ovoj ubavo mu objasnuva za evolucijata i vo toj moment vlaga majka mu i sinot ja prasuva nea mamo zosto me izlaza deka sme nastanale od Adam i Eva, tato vika od majmun sme nastanale na sto majkata odgovorila sine ne te izlazav toj zbori za negovata familija a jas za mojata :D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Тачно. И запримети како подло го поткупувам со сладолед. Па после се чудат како толку те поштујат маливе деца, им праиш нешо...па нормално, им угаѓам а не тамо ќе им серам за ово-оно...има време...тики ја да те прашам, шо ќе им одговориш ти на следниве прашања:

„Еј тато, а бе на Зоки дедо му има мултиплекс склероза, зашто?“ или „Тато а шо се тоа циркумполарни соѕвездија?“
 
Ќе ја применам твојата тактика „Прашај ја мајка ти“ :D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Е видиш, има и јача варијанта: „Па добро бе сине, цело време ти одговрарам на прашања да му се невиди, устава ми изгоре за сладолед, идеме или не идеме у слаткарница?“
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Ај да не ве цитирам сите по ред.
Значи - детето уво не го боли за Исус, Мухамед, Адам, Ева, Ное, Авраам итн. Освен ако ние не го натераме да му биде гајле. Исто е и со соѕвездија, животни, вода, медицина, образование итн. Детето го учи тоа што му го пласираме да го научи. И ако не пласирам религија, нема да го интересира, до оној момент кога во школо прв пат некој ќе донесе јајце за Велигден.
И затоа, јас велам, треба во тој период да се воведе Историја на религии, зошто многу објективно се ќе им се објаснува на децата, притоа нема да им се наметнува никаков став.
Детето за репер си ги зема родителите, па ако јас не сум религиозна големи се шансите и тоа да не биде религиозно, што мене ми се допаѓа. Но сигурно нема да му трубам против истите. Можам да му објаснам од каков аспект тргнува другарката на училиште, дека сме настанале од Адам и Ева, и од каков аспект тргнувам јас, дека сме настанале од мајмуни, но, никогаш нема да му кажам ,,јас сум во право,,.
Воспитувањето е преголема тема, и има 1001 начин како нешто треба и може да се изведе, и да не заборавиме, секое дете е различно и има своја личност, свој ум и нашиот ум нема толку да му влијае, да може да искорени или да всади нешто во него, ако тоа дете одлучило нешто друго.
Можам јас колку сакам да зборувам за религија, и пак подоцна да не му е гајле за истата, и обратно.
Објективно објаснување - само тоа прифаќам, никакво заземање на ставови, што се однесува до религија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom