Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Името на настанот па и тексто кажува све, додека видеото? кој бил знае!!!!

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Хехехех темава е: држ - не давај.
Демек, абе седете си дома видете шо убави ви се градовите и селата :ROFLMAO:
Родни места, локал патриотизам, мојот град, твојата колиба... Мислиш во 11 век живееме, па провинцијалците се некои закрепостени селани кои не смеат да ги напуштат нивите, и движењето треба да им биде ограничено небаре се шугави...
Абе луѓето прават планови како да населуваат нови планети овие Скопје не го давале, само нивно било :LOL:(кај ми е иконката со кандилце?)... Искрено да ви кажам на тешки дроги сте сите по ред.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Нас провинцијалците ни е многу пријатно што живееме во малечки, средени и чисти градови.
сакам да кажам, немаме ние дома бубашваби и лебарки! :rolleyes:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ја сакам државава под еднакво, затоа и ми е глупаво да разговарам на вакви безсмислени теми, но кога сме веќе тука. Незнам од кај произлегува оваа меѓуградска омраза, а исто така и неможам да сватам зошто. Сите градови имаат свои предности и заднини, да Скопје е главен град, таму се сите факултети стандардот е малце поголем, Јужна Македонија се езерата таму одите на одмор, источна Македонија е поголемата индустрија,текстил, а и поефтината работна сила...
Главниот град не може да опстои без провинцијата, обратно може. А зборот провинцијалец воопшто не го сметам јас за навредлив, затоа што по дефиниција Провинција е целата држава без главниот град, тоа е назив само за едно подрачје.

Браво за тебе, сакаш да кажеш дека си многу јак со ова ?Не сум од виница ама чудна работа брачка кај мене е обратно коа ќе дојдам во Скопје се убивам од ебење башка не зборувам за скапаници, дрољи и слично него најјаки пички шо ги глеаш по сепареа со по 1-2 пијачки се лажат. А дојди тука да видиш дали со твоите станови ќе фатиш женска.
Hate to spoil ur fun :P АМА ....дали си сигурен дека ебеш скопјанки или "скопјанки"

No hard feelings , само смешно ми падна као се распрде ради глупиот пост на типчето со скајпот :)

Позз
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Hate to spoil ur fun :p АМА ....дали си сигурен дека ебеш скопјанки или "скопјанки"

No hard feelings , само смешно ми падна као се распрде ради глупиот пост на типчето со скајпот :)

Позз
А дали си ти сигурен кој ти е татко?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
А дали си ти сигурен кој ти е татко?
Шо е бе лепи ? Немаш контра аргумент па почињаш да вреѓаш ?

Нели си се посеруел од ебење у Скопје ???? Скопје као град кај што пола Македонија или студира или работи или е сместена ....а најчесто студентКИТЕ што треба некој да им го ПЛАТИ престојот/облеката итн во ГРАДОТ се тие што се подаваат за 2-3 пијачки (не дека скопјанките не се такви) фино лепо те прашав дали си сигурен дека си ебел скопјанки или *скопјанки*
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Дечки, оладете го темпераментот пред да ве олади некој од форумот...
Не ви е некако „провинцијалски“ да се вреѓате на тема провинција - Скопје?
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
А да не зборувам, што се случува со студентските домови, мислам дека и од мене подобро го знаеш тоа.
Ај те молам објасни ми што се случува во студентските домови, не сум бил никогаш во студентски па сакам да знам што се случува таму па сакам некој од Скопје да ми објасни, а и пиши дали уопште си биле у студентски ако не си слободно дојди на кафе и не се срами, на моите колеги од Скопје не им смета, па да видам дали на тебе ќе ти смета? ? ? -.-

Прво мислеше дека политичарите не делат, по националност , партија, религија, образование, боја на патики, број на патики, на провинцијалци и скопјани, ама не до нас е, ние сме си уште клетиот искомплексиран народ благодарение на транзицијата(упатувам голема благодарност за ова на Б.Ц. ама да не забегувам со политика sory Acid знам дек е забранета ) и сиромаштијата.

Јас како провинцијалец како што вие не викате сите што не се од Скопје, па и ние студентите кои сме тамо со цел да стекнеме образование кои ни ветуваат после коа ќе се вратиме ќе ги замениме старите комунистички кадри од Титово време и неписмените идиоти кои се примени благодарение на некоја политичка партија, кој веќе цели 3 години е во Скопје, во студентски дом седам (Кузман), се сложувам со 90% од напишанато со авторот на темата.

Коа прочитав погоре во темата сум заземал место на некој Скопјанин му се извинувам. Да друже ми ја решија целата матура што ја полагав, па и претераа да знаеш со 90 и нешто перциелен ранг ми ја решија, јбг тое е то.
Уште глеам дека многу ви сметаме ние провинцијалците али јбг ќе трпиш . Да не беше форумот ќе сметав дека ретки се тие. Со тие скопјани што се дружам , колегите де, ама баш не размислуваат како повеќето овде на форум. Другите како што се како погоре цитираната и тој што велеше дека му зазимаме место на факс не ме интересираат. Бидејки ми е сред сесија ќе завршим одма:
Секој си има свој филм и си го тера тај филм. Не ми никогаш смета некој што си го тера филмот се додек директно неми смета на мене. Дали е нафуран скопјанин што мисли дек е газда на свет , или некој од мојот град што отидел у Скопје на приватен факс, иде у Колосеум , Хардрок, Миднајт и мисли фанал бога за муда, нека си го тера филмот кој сме ние да им го кршиме филмот.

А за да смените нешто, мало морген, градот вие 50% дојдени од провинција, 30% се измешани.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.


Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.

Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).

Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...
Ете тоа.

Повеќе друг пат...

П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
Одговор на цитатот:

Здраво Михајло!
Прво дозволи ми да ти кажам, дека те разбирам потполно, за тоа колку може да биде туѓо и сиво и разочарувачко местото, далеку од својата родна грутка, за кое што си имал големи очекувања, и си градел примамливи и слатки соништа за успех, и сите од нив се основале на фактот дека ќе се остварат со самото доаѓање во тоа ново место.
1. Носталгијата ти била опасна кучка! - Уште не бев летнат со авионот од Скопје, и почна да ме стега нешто во стомакот. Уште од сега знаев дека ќе ми недостига Скопје, ќе ми недостигаат моите, другарите, местата, животот, комшиите, продавачите, пензионерите во парк, циганчињата на плоштад и се по ред... Ова чувство е многу заебано, од една страна те мачи, а од друга страна ти е убаво, колку повеќе размислуваш за тоа. Но, ако размислуваш премногу, и ако почнеш да комбинираш со пијанчење или нешто друго - “журкање за да не мислиш на тешкото“, тогаш ќе заглавиш во еден дебилен круг, и тоа може да ти попречи да се свестиш на време, и да се соочиш со “виситинските“ проблеми.
2. “Кај к*р се наоѓам?“ - Да, Скопје не е некој монстер од град, или којзнае колку далеку и непознат. Сигурно ве носеле ко мали на екскурзија. Сигурно и сами сте доаѓале, на концерти, или на натпревари, или што ти ја знам... Сигурно имаш и еден куп другари и другарки, коишто веќе пред тебе се дојдени од Битола, и ја тргаат истата мака. Ама и они и ти, колку и да сте шетале, и да сте учеле, не можете да знаете доволно добро, како дише градот. Не е тоа што не ги знаете местата, поентата е што не ви се “домашни“, не ви се “познати“. А кога некое место, не го осеќаш “како дома“, тогаш многу е тешко да го засакаш. Без разлика колку ќе се начукаш јако, или колку јака пи*ка ќе смуваш, ако не е “дома“, тогаш задоволството е кратко, и после, како да не било.​
3. “Пари!“ - сакал нејќел баш е така, верувај, хехехе, како што викаше Сури на времето. Парите се секогаш проблем, и не само за тебе, туку и за Скопјани. Не е секогаш јасно, од кај да се извади 1000че за викендов, или 1000 и кусур за карта на Ван Шмајк или Ван Шмурен, кој им ги даде имињава, бик да му го акне во уста... Зборот ми беше, за Скопјаните исто е проблем, ама не е толку голем. Секогаш ќе се најде другарче, менаџерче, се знаеш со овој, или оној, ќе те протнат... Или ќе дае некој на заем, да му ебам педерот, нели...?
Ама кога треба да плаќаш и за ебаната кирија, и за ебаниот автобус, и за ебаното скапо кафе и пиво, што во Аја Лезет беше 50 ден, а тука е 150, (а во Охрид у сезона 250??) да јадам ли у 7ца на одмор, или да сварам дома макарони, да пукнам 120 за такси, или да идам пешки, и да се запотам ко вол итн, тогаш проблемот почнува ептен да те јаде... И не ти е интересно... А да не праам муабет, за ако сакаш на некоја екскурзија, или не знам, на конференција, или на некоја школа, што многу ќе ти помогне, ама надвор од факултет, и се плаќа плус....
Кога ќе ги собереш сите овие ствари заедно, внатре во себе те прават едно многу многу потиштено и измачено детенце, на кое често се му доаѓа преку к*р, и кое почнува сè да гледа со незадоволство и да хејта. И тоа е во ред, пошто стварно не знаеш кого да обвиниш за се ова... Дали Скопје, дали газдарицата, дали педериштана на врата што стојат пред Кабрио, дали градоначалникот, дали Грујо, дали владата, дали себе си...? Никој, одговорот е никој, секој си го прави тоа што му треба, тоа што мора. Едноставно глобално и без исклучок, секогаш кога правиш нешто што мора, тешко е... Треба само да се помириш со тоа, да си се преиспиташ, дали е тоа она вистинското, за кое вреди да се јадат маки, или не. Ако вреди, тогаш застани малце, погледни што имаш, и направи си стратегија. Направи си план, и сам реши си ги проблемите, со средствата што ги имаш. Ако навистина си го сакал ова, тогаш на крајот ќе успееш, и сè што си правел и што те јадело, ќе вреди. Ако не, собери храброст, и повлечи се.
Сега малце ќе те покарам, за некои работи, пошто не ми се свиѓа кога некој кокодака за мојот град, без разлика поради какви причини, а поготово не ми се свиѓа, кога тоа што го збори нема основа! Бетон, асфалт а у... Брат, јеби га, можда не е Париз, ама градски парк има, да не си го промашил? Има еден одма до стадионот, и еден плус кај трговски... Освен во Центар што е малце задушливо, по другиве маала има и тревници,


и дрвја и сенка и све... Па не заебавај, ни у Битола не цвета полјана на сред главна улица... А башка имаш Водно, Матка, Треска, Марков Манастир, ако не ти стига тоа што е у град, изволте, има и кај да се избега на момент.​
А за лицата со брчки, и со материјалистички фетиш, нема да праам муабет. Премногу е смешно, господин “Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. “И уште еден момент, во Битола ли беше она “Тушла на годината“ натпреварот? Кога вашите чупиња со “ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба“ се натпреваруваат во трчање по штикли?

Контактите замираат, градот е голем.... Не ме заебавај бе дечко... Знаеш има едни телефони, без жица, можеш кај сакаш да го носиш, од кај сакаш да звониш, може да држи неколку стотици броеви, и плус пораки може да се праќаат. По скопски мобилни ги викаат, ако можеш прашај некој, ќе ти помогне да си најдеш и за тебе, и “ефтини са“ плус...Ама проблемот не е во тоа што е “градот голем“, па како во стари невремиња мора со гласници да се праќа атер, па се чека 40 дена... Проблемот е што луѓето немаат време, и немаат желба... Ти само треба да си најдеш некој што има, време, и желба, за со тебе, на кафе...
“Малото Брдо“ не е мало од што ние не сме го раснеле, и не сме му давале да јаде... Водно е мало, затоа што Господ така решил, ако имаш некоја жалба, те молам кај него обрати се... Ние ништо не можеме да направиме, освен по една лопата земја да фрли секој од својот двор, па да рипне едно 100 метра... Тоа доволно ли ќе биде? А за авантурите, хехехе, си пробал? Стварно пречат тие “идиоти со долгите“? И впрочем, има едно чувство, што го добива секој од Скопје, кога ќе застане на Видиковец, чувството е многу блиску до “крал на светот“, или нешто како чувството, што го имал Нил Армстронг, кога од месечината си го гледал родното си место и си викал “ееееј ене го Охајо“... Ако неможеш да го почувствуваш, никој не може да ти помогне, жал ми е... Можда треба да пробаш со Пелистер и Битола, ако се гледа од таму? Не знам, не сум бил, знам, штета....
Тоа е тоа, Михајло, се надевам дека малце ќе ти помогне, еден поглед одстрана, од човек кој те разбира, и кој сака и ти да се разбереш, и да го разбереш Скопје, за да не го мразиш. Собери храброст, запознај се со луѓе, биди си свој, ама биди и внимателен. Не се плаши да помагаш, и да побараш помош. Не се јади за парите, нема да ги има скоро, ќе треба да си го запотиш гзот, пошто ми изгледа дека си поштењачина, и немаш грб или врски... Најди си чупе!!! Не можам да ти потенцирам колку многу ќе ти помогне! Не хејтај! Сепак си на гости, не си дома, и не е културно. Ја во Битола не ви плукам по градот, очекувам и од тебе почит.
И на крај, кој пие чај Earl Grey со млеко, море ненормален ниеден!!!!!! :))))))))
Поздрав.

Извор
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
10
Поени од реакции
2
Целава дискусија покажува всушност колку плитки сме ние како народ во размислувањата (секако со мали исклучоци)
За пренаселеноста на Скопје со провинцијалци како прво посочете ја за виновник нашата политика и тоа што 99% од инвестициите одат во Скопје. Во врска со образованието неможете да кажете дека ако некој се стекнал со одличен успех оценките му се добиени со врски и дека се помалку заслужени од оној кој завршил во некое од скопските училишта. Па луѓе зарем таму нема оценки со врски??? Лично и мене ми е криво ко ќе видам дека ученик кој незнае основни работи кои се учат во 5то одд. има исти оценки со мене но тука ништо не се може. Едноставно така функционира нашата држава... За Скопјаните - луѓето кои доаѓаат да студираат на вашите универзитети иако постојат дисперзирани студии во нивните градови доаѓаат поради тоа што знаењето што се стекнува на факултетите во другите градови е многу помало и има многу помали можности да се научи. А оние кои 5ките ги добиле со врски најчесто ко ќе отидат во Скопје заглавуваат уште првата година (освен ако универзитетот не е приватен).
Во врска со тоа дека доселениците не го сакаат Скопје а сепак живеат таму или пак Скопјаните дека ги сметаат за помалку вредни другите места произлегува од неспособноста да се погледнат работите од повеќе страни. Неможам јас никогаш да го гледам Скопје со очите на еден Скопјанец како што и тој никогаш нема да го погледне мојот град со мои очи. Секогаш родното место и местото кај што си израснал ќе ти биде мило без разлика на тоа колку негативни/позитивни страни има тоа место односно секое место, секој град, секое село си има свои убавини. Не оправдувам негативни коментари за било кое место посебно не навредливи од типот - селанецот излегува од селото но не и селото од него... Како што и не ги оправдувам негативните коментари за Скопје и скопјани. Немора да значи дека ако некој е од село е прост, немора да значи дека ако некој потекнува од друг град (не Скопје) е помалку способен или интелегентен како што и немора да значи дека ако некој е од Скопје е дигнато преценето пед*рче...
Карактерните особини на човекот не зависат од местото на живеење. Местото на живеење никој не го прави ни попаметен ни поспособен ни поинтелегентен. Народот е секаде ист.
Односно според мене постојат само две поделби на луѓето.
-Способни и неспособни
-Луѓе со и без карактер...
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Wow... дали луѓето кои живеат во Драчево, Радишани, Ченто спаѓаат во провинцијалци? Или спаѓаат во хардкор Скопјани? Да имавте пушки и пиштоли ќе се потепавте. Тие што не живеете во Скопје: размислете поубаво што нуди Скопје а нема во вашите родни краеви. Прошетајте го цело Скопје со сите населби. Секоја си има своја посебна убавина и нешто што вреди. А вие Скопјани што мислете дека градот ви е загушен од другите кои доаѓаат поради своја мака, проблеми, сонови или едноставно желба за нешто ново. Проширете си ги видиците, прошетајте ги другите градови, зборувајте со некој студент или што е роден во друг град. Ислушајте го што има да каже за местото од каде потекнува. Посетете го тоа место и ќе забележите дека и тоа има своја посебна убавина.
Can we all get along? :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.


Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.


Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

...


Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

...


Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).


Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...

Ете тоа.

Повеќе друг пат...

П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
Ова е супер текст и би се сложил со забелешките на авторот комплет доколку од текстот ги исфрлиме локал патриотизмот и носталгијата по родното место, тоа го прави прилично пристрасен во очите на тие кои се родени во овој град. И исто обратно, би ги замолил сите оние "стари" Скопјани кои се дојдени после земјотресот, да не се китат толку со перјата на локал патриотизмот и да се однесуваат кон градов ко да е на прадедо им.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom