Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
:)
Скопје си има свој дух, кој во центарот на градот повеќе не се чувствува, но скопската култура во населбите сè уште живее. Маалскиот дух на Скопје колку и да биде Nintendo Wii Популарен, нема да рикне, зашто табла и шопска у двор у Козле ти е непревазиџена ствар. :)

Тие работи провинција никад нема да ги разбере, зашто не е родена и израсната тука, али никој и не ја тера. Едино, ја тераме, да не го дрви, зашто нема потреба. Скопјани немаат проблем со нескопјани, имаат проблем со сељаци.

п.с. „57-ка“, се вика Пееседмица. :) Да се разбереме за некои битни ствари. Добар текст инаку, поштуем. :)
Секој град си има свој шмек. Јас ќе ти кажам дека нема поубаво нешто од кафе на Широк Сокак, од партија бељот, вкусна пица од Кус-Кус или Буре, хамбургер од кај Бомбата.

И овде е познат маалскиот живот, собиранките пред зграда, ...итн.
Тоа не е нешто што Скопје го има како уникатна вредност. Тоа е карактеристика за секој град.

Е сега, она што кажа за тоа дека не си заминувале од Скопје. Па, каде ќе одат и што ќе работат? Ако е некој од Пробиштип, што ќе работи таму? Или Берово,...или што ти јас знам...

Секој се бори за егзистенција и никој, нема право да ги осудува дека тука тие работат, живеат, па и мрчат за градот. Секој го влече таму од каде што потекнува и нормални се таквите реакции.

57-ка се вика во Битола, а бидејќи не сум од Скопје, така и ја викам. Инаку не е поштуем, туку почитувам :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Ееее сеа го тупиш.

Прво, нормално дека секој град си има свој шмек, тоа е токму она што пробав да го потенцирам, Скопје си го има своето, ама знаеш, кога ние ќе дојдеме во Битола, викаме бре, што е со пичињава на ден пладне у миничи, се смееме, се заебаваме на ваша сметка, ама не сонуваме да живееме таму, за нас е тоа сељачизам.

Потоа, никој нема право да им замери да се борат за егзистенција, има право да им замери за тоа што плукаат по нашата култура. Не може бре некој мочко од село да дојде и да ми каже на мене дека Скопје не чини, а во истото Скопје се насладува од неговите благодети и не сака да си оди од него. Ако ти дојдам јас тебе дома на гости, да спијам три дена кај тебе, ти ме раниш, ме поиш, а ја да ти викам дека дома ти е као штала. Ќе ме исфрлиш на клоци? Да, ќе го сториш тоа.

Иначе, Пееседмица е пееседмица, зашо вози од Нерези до Радишани, а тоа е во Скопје. Исто како што за мене Бомбата не е Бомбардерот во Битола, како што Олимпико во Рим не е Олимписки стадион и како што Лос Анџелес не е Свети Ангелковски. :)

А за поштуем, можеме да дискутираме, али нема потреба, ја и онака настапувам провокаторски увек.
 
Johnnie Walker.

Keep Walking™
Член од
1 јуни 2008
Мислења
173
Поени од реакции
5
Ај научи се да пишуваш и да се изразуваш па потоа навредувај кој каков е.
Во однос на постот над мене. Човече, многу нормално е дека и јас би си седела во мојот град затоа што си го сакам, ама ако гледам дека на друго место имам поголеми шанси за егзистенција многу нормално дека таму ќе си ја барам среќата. Од локал патриотизам не се живее. Поентата цела Македонија да се сведува во еден град, е тоа што цела ебана Македонија е пренасочена кон тој град, зашто се црпи од провинцијата за да се дигне Скопје на некое ниво. А дека мене ќе ми изумре градот не сум јас виновна, оти јас ако го љубам мојот град нема тоа да го направи подобар и побогат за да јас преживеам во него. Еднаш кажав ќе кажам уште еднаш... Не се виновни луѓето што се селат во Скопје барајќи си ја среќата и иднината, виновна е државата и системот затоа што тие дозволиле да биде така.
ko prvo ne navrediv,ko vtoro super mi e napisano,a ko treto ako mislis deka ako pisuvas so makedonski font si pogolem patriot ili nesot poveke ja sakas zemjata si se zaebala :)
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Ееее сеа го тупиш.

Прво, нормално дека секој град си има свој шмек, тоа е токму она што пробав да го потенцирам, Скопје си го има своето, ама знаеш, кога ние ќе дојдеме во Битола, викаме бре, што е со пичињава на ден пладне у миничи, се смееме, се заебаваме на ваша сметка, ама не сонуваме да живееме таму, за нас е тоа сељачизам.

Потоа, никој нема право да им замери да се борат за егзистенција, има право да им замери за тоа што плукаат по нашата култура. Не може бре некој мочко од село да дојде и да ми каже на мене дека Скопје не чини, а во истото Скопје се насладува од неговите благодети и не сака да си оди од него. Ако ти дојдам јас тебе дома на гости, да спијам три дена кај тебе, ти ме раниш, ме поиш, а ја да ти викам дека дома ти е као штала. Ќе ме исфрлиш на клоци? Да, ќе го сториш тоа.

Иначе, Пееседмица е пееседмица, зашо вози од Нерези до Радишани, а тоа е во Скопје. Исто како што за мене Бомбата не е Бомбардерот во Битола, како што Олимпико во Рим не е Олимписки стадион и како што Лос Анџелес не е Свети Ангелковски. :)

А за поштуем, можеме да дискутираме, али нема потреба, ја и онака настапувам провокаторски увек.
I rest my case!
Па ти сфати го ова како сакаш :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.735
Поени од реакции
8.754
Скопје не се унапредува поради локал патриотизам.
Всушност ниту еден град и село вистински неможе да се развива поради локал патриотизам. Локал Патриотизам е само еден добар шминкер.. Како што е и "развојот" на Скопје.
Јас не се согласувам со тебе.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.735
Поени од реакции
8.754
Не е некој одговор... ама ми се допаѓа..:LOL:
Јас сум демократ. Посебно зошто сум локал патриот и добро ми е така. Не мора да мислат сите како мене, де :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Прво, нормално дека секој град си има свој шмек, тоа е токму она што пробав да го потенцирам, Скопје си го има своето, ама знаеш, кога ние ќе дојдеме во Битола, викаме бре, што е со пичињава на ден пладне у миничи, се смееме, се заебаваме на ваша сметка, ама не сонуваме да живееме таму, за нас е тоа сељачизам.

Потоа, никој нема право да им замери да се борат за егзистенција, има право да им замери за тоа што плукаат по нашата култура. Не може бре некој мочко од село да дојде и да ми каже на мене дека Скопје не чини, а во истото Скопје се насладува од неговите благодети и не сака да си оди од него. Ако ти дојдам јас тебе дома на гости, да спијам три дена кај тебе, ти ме раниш, ме поиш, а ја да ти викам дека дома ти е као штала. Ќе ме исфрлиш на клоци? Да, ќе го сториш тоа.
Malku ti se izmesani brzinite, ke se obidam da ti pomognam.

Ako Bitola bese glaven grad, a ti nemase leb da jades vo nekoj pomal grad, i ti ke sonuvase da zivees vo Bitola. Lugeto doagaat da ziveat vo Skopje od maka. Znaci za da rabotat, da preziveat. Ne znam zosto toa bi gi sprecuvalo da komentiraat kakvo e Skopje. Taa analogijata so kukata prosto vristi. Tocno e toa, ako ti dojdam v kuki i mrcam, na kloci treba da me izbrkas. Arno ama, Skopje za razlika od tvojata kuka, mu pripaga na site Makedonci kolku sto ti pripaga i tebe. Koj sto saka moze da kaze za Skopje, jebi ga, demokratija. Eve, jas od vreme na vreme ziveam vo Skopje, gi uzivam blagodetite (ludacki kirii, javen prevoz kako vo Banglades, zagaden vozduh) i pak ke ti kazam deka Skopje e parodija na metropola. Ti smeta toa? Pa mozes da se udris so glavata vo zid, mozebi ke ti pomogne...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Зашто бе толку многу се жустрите на темава? Вистината е таа. Овде (зборувам за воведниот пост) никој не ги нападна Скопјани дека се лош народ и вредни за омраза како што сите вие сфативте. Но, вистината е таа- Скопје е хаос и не благодарение на Скопјани.

Скопје го има универзитетот "Св.Кирил и Методиј" со сите свои факултет + Фон, Европски и уште многу други приватни факултети.
Скопје ги има речиси сите, па да не се лажеме-сите програмерски фирми во Македонија, заедно со уште милион други позиции за различни работни места.
Скопје има ноќен живот во изобилство, а богами и дневен живот. Скопје има кина, театри, базени, Скопје има плажа на Вардар.
Скопје има се и сешто, и што ти треба и што не ти треба. Ама Скопје е хаос.
Кај нас "во провинција", како што сите овде љубите да кажете го нема тоа. Нема ноќен живот, нема кај да се излезе во сред недела, освен секако кафе-шема, и нема некојси избор за излегување после 2 часот по полноќ. Секој со секого се знае и секој за секого се знае. Нели мислите дека е нормално секој млад човек да сака да избега од сивилото на својот град? И не првенствено затоа што нашите градови нечинат и во нив нема убавина, туку едноставно затоа што сакаме да се образуваме и затоа што сакаме да се вработиме.

Немаме ли ние право на тоа? Ние ли сме виновни што Скопје е единствен град во којшто се инвестира во нашава ни мала Македонија и што само Скопје ја доби привилегијата на духот Скопје 2014?
Тоа е суровоста и реалноста на нашата земја, а не глупавоста на провинцијалците.
Да, јас студирам во Скопје, живеам во Скопје, се дружам со Скопјани- читај СКОПЈАНИ, а не тие коишто се прават тоа ама се дружам и со провинцијалци. Јас немам лош збор ниту за едните ниту за другите. Со мене се сите фер и коректни. Но, пак ќе кажам Скопје е хаос, а и вие самите си знаете зошто и како.

И да, уште нешто морам да нагласам, ја живеам во Скопје и не сум дојдена таму да се омажам и да останам да живеам во Скопје, а не се ни моите другарки од провинција затоа што сите си имаат дечковци исто така од провинција.
 
Ако толку не им одговара Скопје, со лудачките кирии итн. имаме и нешто што се вика странство, каде што исто така ќе плаќаат кирии, ќе добијат подобро образование и подобар јавен превоз. На нас, Скопјаните, ни пречи таквиот однос, и ако некој го уништува Скопје тоа се луѓето од внатрешноста. Ниту еден Скопјанец не уништува нешто скопско. А инаку, ние Скопјаните, не можеме да ги поднесеме Охриѓаните, заради тоа што плукаат по нас, а од нас им постои летната сезона, ние им полниме хотели и соби, ние им плаќаме по дискотеки, маркети, кафичи. За другите градови не коментирам, зошто не е вистина дека толку е ,,маката,, голема сега. Има секаде речиси факултети, а сигурна сум дека не сите мораат да студираат англиски во Скопје, има и на други места, а архитектура, медицина не се запишуваат сите. Не е маката толку голема, колку желбата да се избега од средината каде што живеат. А Скопје, како Скопје, е во душата на секој Скопјанец, и очигледно дека само некој што не излегол подалеку од своето селце, каде што има само 1 улица, може да има против гужвата во Скопје. Не знам некој град, голем, во светов, каде што има мирисни цвеќиња и големи полјани. Тоа асфалтираното, изграденото, гужвата, бучавата се нарекува град.
--- надополнето: Jun 4, 2011 3:25 PM ---

Прво, морам да те пофалам што зборуваш литературно, јас тоа многу го ценам.
Второ, немам против луѓето кои доаѓаат да се образоваат тука, имам против тие кои се дојдени по спонзори и по џавкање на дијалекти неартикулирано во сред Скопје, и во сите државни установи.
Сепак, мислам дека не е вистина, дека нема работа во другите градови (не во сите) ако си завршил добар факултет. Во градовите како Струмица, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид, има работа. НО, поголемата вистина е зошто некој сака да остане во Скопје - затоа што е поголем град, како што кажа, затоа што никој не те познава и не се занимава со тебе, зошто можеш да се вратиш пијана дома а соседите да не почнат да смислуваат приказни. Можеби ти не размислуваш така, но во тој случај си исклучок. Кога излегувам за викенди, се што изгледа како да е симнато дирекно од Планет Плус или Пинк, е - погоди од каде. Сите тие толку да си ги сакаа родните места, немаше и за викенди да дремат во Скопје, или, ако остануваат, ќе остануваа за да учат, а не за да изиграваат проститутки, или јас поубаво кажувам ,,куче одврзано од ланец,,. Има голема филозофија во тоа, па ти верувала, или не, целиот живот го гледам тоа, веројатно поголем стаж имам од тебе во живеењето во Скопје. А да не зборувам, што се случува со студентските домови, мислам дека и од мене подобро го знаеш тоа.
 
Ova e samo uste eden odgovor od paralelniot univerzum vo koj sto ti egzistiras.
Verojatno ne zneas, megutoa momentalno skoro i da ne postoi legalen nacin da zamines na zapad i da ostanes tamu. Skolarinite na zapad na univerzitetite imaat dve stavki, EU stavka, i NON EU stavka, koja e cetiri pati povisoka.
Za makata, ti POIM nemas. Ne se toa kucinjata skitnici i gupcinjata sto gi kapis za da ti olesne na dusata. Odi vo Probistip, zivej edna nedela, posle vrati se da razgovarame, ne se blamiraj ovde.

I kako toa dojdencite go unistuvaat Skopje?? Demek ovie Skopjanite gradski, a nedojdencite selani? Of lele. Da ne bese Jugoslavia, skopje ke ostanese vukojebina niz koja nikoj ne saka nitu da pomine, a kamo li da ostane...
Znaci grad, devojce , jas imam videno malku poveke gradovi od tebe, bucavata, asfaltot, izgradenoto ne go pravi gradot grad, isto kako sto i tebe ne te pravi gradska toa sto po poteklo si od Skopje...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Прво, морам да те пофалам што зборуваш литературно, јас тоа многу го ценам.
Второ, немам против луѓето кои доаѓаат да се образоваат тука, имам против тие кои се дојдени по спонзори и по џавкање на дијалекти неартикулирано во сред Скопје, и во сите државни установи.
Сепак, мислам дека не е вистина, дека нема работа во другите градови (не во сите) ако си завршил добар факултет. Во градовите како Струмица, Битола, Тетово, Прилеп, Охрид, има работа. НО, поголемата вистина е зошто некој сака да остане во Скопје - затоа што е поголем град, како што кажа, затоа што никој не те познава и не се занимава со тебе, зошто можеш да се вратиш пијана дома а соседите да не почнат да смислуваат приказни. Можеби ти не размислуваш така, но во тој случај си исклучок. Кога излегувам за викенди, се што изгледа како да е симнато дирекно од Планет Плус или Пинк, е - погоди од каде. Сите тие толку да си ги сакаа родните места, немаше и за викенди да дремат во Скопје, или, ако остануваат, ќе остануваа за да учат, а не за да изиграваат проститутки, или јас поубаво кажувам ,,куче одврзано од ланец,,. Има голема филозофија во тоа, па ти верувала, или не, целиот живот го гледам тоа, веројатно поголем стаж имам од тебе во живеењето во Скопје. А да не зборувам, што се случува со студентските домови, мислам дека и од мене подобро го знаеш тоа.
Види, јас сум од Тетово и многу добро знам каква е работната состојба овде. Јас учам информатика и компјутерско инженерство и конкретно за мене нема работа во Тетово. За жал нема програмерска фирма овде, поради што ја сум принудена утре да работам во Скопје, како и половина од тетовчани со економски факултет, електро, машински и сл.
Друга работа, јас речиси секој викенд си идам дома, ама Тетово-Скопје е 30 минути со кола, 40 мин. со автобус и картата ми е 100 ден. што на пример не е случајот со студент од Берово.
Од Скопје до Берово има некаде околу 3-4 часа, а картата сигурно е некаде над 300 ден. во еден правец. На тој студент не му се исплати да се враќа дома, (на пр. ја да требаше да патувам 3-4 часа за да одам дома, ја никогаш немаше да се вратам дома, мразам да патувам) и многу нормално е тој студент да излезе и да се издува некаде поточно во Б2 (каде што ниеднаш немам отидено ама не ни познавам ни некој Скопјанец што излегува таму- па не знам зашто нивното излагање би ви сметало).

Не оспорувам дека живееш подолго од мене во Скопје, ама ако не си студент не можеш да ја разбереш проблематиката, како што вели поговорката "Мислити, срати и цвеќе брати- није исто. "

А за студентските домови не знам, можеби си во право, само трипати до сега сум била во студентски.

Верувај дека доколку во сите градови ги има условите како во Скопје, половина и повеќе од доселениците ќе се преселат од таму. Ја три години живеев во Скопје и мене Скопје ми беше супер, ја Скопје уште го сакам, ама колку повеќе го запознаваш Скопје толку повеќе сакаш да побегнеш од него, едноставно те гуши. Многупати имаме дискутирано на темава и тоа со личности кои се родени и живеат во Скопје и заклучокот секогаш е ист. Тоа е вистината, нагласив многупати и не гледам причина зашто да се лутите, тоа не е до вас. Многу нормално е дека и во Прилеп да отидете и натрупате се во тој град и Прилеп ќе стане одвратно место за живеење и тука нема љутиш:). И мене некој да ми рече "Вие во Тетово нема кај да искачате" и ја ќе му кажам - "Да, во право си, стварно нема кај да се излага" и нема што да се лутам, тоа е тоа и не е до мене.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Очигледно тука си имаме проблем со некој којшто уште не сфатил дека Скопје повеќе не им припаѓа на некои фантомски "Скопјани" кои постојат само уште во црвената книга на заштитени бајки.
И тоа одамна, уште од 1930, а не пак сега кога и кантите за ѓубре низ Скопје се донација од цела Македонија.
 
?

..........

Гостин
Доколку некој неможе да се пронајде во одредена средина, тоа е негов сопствен проблем, и треба што поскоро да си го пронајде своето место.....
Главниот проблем е немање културата кај народот, ниско ниво на образование, ниска интелегенција, оној кој ги поседува овие особини многу полесно би се вклопил во различни средини.......а со тоа и би ги почитувал како такви, без разлика дали се чуствува повеќе или помалку интелегентен од домородното население, ....каде и да одите мора вие да се синхронизирате со новата средина, бидејки средината никогаш нема да се синхтонизира за вашите потреби и желби, затоа ние ја бараме средината таа не не бара нас....
На крај каде и да одиме секогаш ке има некоја стока шо ке се исере во лифт.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom