Скопје низ призмата на еден „провинцијалец“

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Интересна тема :)
Ќе кажам само дека проблемот не е во скопјани, проблемот е во провинцијалците кои самите се нарекуваат скопјани и го бранат Скопје повеќе и од самите скопјани кои со генерации се таму!
Уште нешто!
Сум бил скоро во сите Европски метрополи и можам да кажам дека Скопје е најнесреден главен град во Европа, а еден и од најнесредените во светот! Ги жалам сите што живеат таму, особено правите Скопјани кои треба секојдневно да ги трпат лажните скопјани кои се можеби 70% од целиот град(зборувам 2-3 генерации уназад)!

За да се спаси Скопје треба да се преземат мерки да се растерети малку! Ако не не треба да се лутиме што грците не викаат Република Скопје, зошто со се што се случува, друго во Македонија нема ни да остане! Ќе остане само скопското мочуриште кое еден ден заради преголемата населеност и огромна тежина од изградени објекти ќе почне да пропаѓа и ќе се случи голема катастрофа!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
особено правите Скопјани кои треба секојдневно да ги трпат лажните скопјани кои се можеби 70% од целиот град(зборувам 2-3 генерации уназад)!
Све у реду постов, освен цитираниов дел, кој засмејува со теориите за плава крв и одредување на вредноста на единката според потеклото (2-3 генерации.. LOL).:LOL:

Патем, јас сум според твојава класификација у оние скопјани со благородничко потекло. Kneel before Me!
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Све у реду постов, освен цитираниов дел, кој засмејува со теориите за плава крв и одредување на вредноста на единката според потеклото (2-3 генерации.. LOL).:LOL:

Патем, јас сум според твојава класификација у оние скопјани со благородничко потекло. Kneel before Me!
Toa oд ракав го реков инаку и ти самиот знаеш за што зборувам и какви се состојбите во и околу Република Скопје :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Скопје и провинцијалците низ призмата на една noodle:

Драг провинцијалецу,

Не можам, а да не забележам еден многу интересантен феномен при секое читање на мислење во кое жител од друг град на Македонија дискутира за состојбата во Скопје. Let me break you the news, драг провинцијалецу: Скапите коли, скапите пијачки, елитните места, нафураните девојки и редицата други стври кои вас “провинцијалците“ ви се вртат во главата при самата помисла на Скопје, би се зачудил кога би знаел колку малку скопјани го имаат тој начин на живот, а колку многу синови и керки на успешни земјоделци и индустријци од цела Македонија го имаат.

Проблемот кај скопјаните е тоа што не знаеме да разграничиме помеѓу провинцијалец и студент дојден во Скопје у бољи живот. За нас, под провинцијалец потпаѓа и сељачиштето што дошло тука да се упише на Американ, да вози мало напрдено количе и да купи стан у Капиштец пошто татко му у задњите 4 години остварил најголем извоз на пченица у цела котлина, и сестра му, селско пиченце за кое закон ред и божја заповед се вратарите во клубовите кај што треба да влезе и да седне во нечиј скут, АМА и нормалните деца кои дошле во Скопје да учат затоа што универзитетите во нивните градови се чкарт.

Проблемот со вас пак, драги провинцијалци е што при самото стапнување во Скопје, се фаќате како слеп за стап за тоа дека ние вас не ве сакаме, дека ве сметаме за помалку вредни од нас и дека ве “испраќаме од каде што сте дошле“. Не. Како би го имале тој впечаток дека скопјаните пијат скапи пијачки и возат скапи коли, ако не идете на исти места како нив? Зашто никој не ги спомнува луѓето што дошле овде и совршено се вклопиле? Не очекувајте ни во блиска, ни во далечна иднина да бидете прифатени овде во градот, ако категорично одбивате да ја запознаете неговата друга страна, и луѓето кои се 1000 светлосни години далеку од вашата слика за Скопје. Дотогаш, сите ваши коментари за Скопје, базирани врз вашата исфрустрирана призма, се ирелевантни.
:cuc:БРАВО!!!!!:cuc:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Е баш ради вакви погрешни чекори и форсирање на еден град власта стварат меѓусебна нетрпеливост.Исто како СВП.Абе се шо е можно префрлете во Скопје.Префрлете го и езероно.И се другово нека е пустина.
Турниот во одбојка на плажа се сели од Охрид во Скопје

Традиционалниот турнир на одбојка кој пет години по ред се одржуваше на охридската плажа “Бафало Бич“ на крајот од јули во Охрид е откажан и пренасочен за првата половина на септември во Скопје.


Во краткото образложение организаторите причина за ваквата одлука ја објаснуваат со зафатеност на македонcките одбојкари.

- Промената на термините и локацијата се заради обврските на играчите на одбојкарската репрезентација на Македонија во квалификациските мечеви за Олимписките игри - се вели во соопштението.

Турнирот вообичаено е поделен во неколку категории, компании, рекреативци, младите одбојкари, како и професионалци во сениорска конкуренција. Точниот датум на одржувањето на турнирот ќе биде дополнително одреден.


Ohridnews​


22.07.2011 10:03​

Прочитана е : 323 пати​


© 2011 Ohridnews.com
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Точно е дека претежно провинцијалците се тие кои нарачуваат пијачки и возат бесни коли. Јас лично имам пријател во Брњарци (Скопско село близу Арачиново) и фамилијарно се занимаваат со земјоделие. Ми кажува како станувал секое сабајле во 5 и почнувал со работа на нива. Почнале со релативно малку земја некои си 2000 квадрати и постојано вложувале во откуп на земја и мехнизација. Пред 4 години си купи од Голф 5ка во кеш нов, куќата до темел ја сруши и изгради нова, и сега си има свои вработени и машини кои они му ги возат. Тој само се грижи за пласман. Трча по купци прави договори и сл. дотеран пицнат, си вози добри женски и ке си истера еден убав живот. Така да немојте дами кажете дека не се живее од земјоделие.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
300 Евра да ми идеа дури седев под кирија, ќе живеев ко цар во битола. А во скопје ко работев ми идеа истите тие 300 евра и ако останеа месечно - 5 евра заштеда бравос ќе речев.
На работа дури појдам: 30 денари градски
Цигари и еден сок или јадење: 100 денари
Назад да дојдам од работа: 30 денари

Дента да излезам на кафе - 50 денари
Да купам нешто за јадење, пиење, просек дневно 100 денари

310 денари дневно

Дневница од плата: 400 денари

И на крај ми излегуваа 90 денари само да штедам за киријата која никогаш не излегуваше целосно да ја платам:)
Vo Bitola nema da zimas tolkava plata od 300 evra da znaes osven ako ne najdes nesto drzavno. A ako sakas da stedis ne moras sekoj den cigari i kafe da kupuvas pa taka ke imas i za kirija. A namesto sekoj den da te gledat deka si na kafe toa vreme sedni malku doma i napravi si nesto za jadenje taka uste poveke ke zastedis.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Мислам...не гледате дека правиме мизерни муабети?
Се прави кој од кој попаметен како потроши плата од 300 евра? И тоа што важи за висока плата...

Е македончиња мои...зато ќе си тапкаме в место. Та ни Скопје ни Битола, ни Охрид никаде нема да се живее убаво.

Преку к** ми е да неможам едно кафе да испијам ако сакам и да мачкам дома леб и маргарин.
Преку к** ми е да гледам какви ретардирани фаци се прават газди, бизнисмени и сл.
Преку к** ми е од тоа неединственост на сите нас кога се работи за државата и самите како народ.

Нека ви е на чест.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Мислам...не гледате дека правиме мизерни муабети?
Се прави кој од кој попаметен како потроши плата од 300 евра? И тоа што важи за висока плата...

Е македончиња мои...зато ќе си тапкаме в место. Та ни Скопје ни Битола, ни Охрид никаде нема да се живее убаво.

Преку к** ми е да неможам едно кафе да испијам ако сакам и да мачкам дома леб и маргарин.
Преку к** ми е да гледам какви ретардирани фаци се прават газди, бизнисмени и сл.
Преку к** ми е од тоа неединственост на сите нас кога се работи за државата и самите како народ.

Нека ви е на чест.
:cuc:
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Мислам...не гледате дека правиме мизерни муабети?
Се прави кој од кој попаметен како потроши плата од 300 евра? И тоа што важи за висока плата...

Е македончиња мои...зато ќе си тапкаме в место. Та ни Скопје ни Битола, ни Охрид никаде нема да се живее убаво.

Преку к** ми е да неможам едно кафе да испијам ако сакам и да мачкам дома леб и маргарин.
Преку к** ми е да гледам какви ретардирани фаци се прават газди, бизнисмени и сл.
Преку к** ми е од тоа неединственост на сите нас кога се работи за државата и самите како народ.

Нека ви е на чест.
Тоа не зависи од тебе сите ние го сакаме тоа ама ретко кој може да си го дозволи тоа. Ние не сме криви што сме се родиле во едно такво општество можеме само да се обидеме да го промениме тоа што на нас не ни се допаѓа. И размисли ретко кој од тие што се прчат со нови коли знае да ги цени вистинските вредности на човекот и парите. Кога ти самиот ќе успееш да спечалиш во едно општество ќе ги цениш повеќе парите и самиот себеси зошто знаеш само ти колкав труд си вложил за да напредниш.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
Прво,Авторот на текстот и темава е супер,и мнооооогу држи вода напишаното.Помирете се со ова Скопјани и ГРАЃАНИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ-оптимисти,на кои им се свидело Скопје.Размислувајте како посматрачи,непристрасно за ништо и никого.
Да не цитирам никого...но,дали може некој да ми објасни,ДАЛИ ЗНАЕ некој да ми објасни...што е тоа провинцијалец?
Дали сите градови во Македонија наликуваат на провинции?
И зошто ПРОВИНЦИЈАЛЕЦ КАКО ЗБОР ИЛИ КАКО ТИТУЛА е толку често умотребуван од страна на ДЕЛ од Скопјаните и од страна на дел од ЛУЃЕ ОД ОСТАНАТИТЕ ГРАДОВИ(wanna be како гореспоменатиов дел од Скопјани)?

На крај краева,да се отцепиме бе? Нека се викаме Република Скопје. Нека се повтори популарната историјата за време турско,дека Македонија била поделена на кнежевства,а и гледам уште е. Срамота.Ко да сме 3358038535923485249582493 жители.

Ја зедовте горе гледам како некој инфраструктурален пример Словенија.Ете ја земам...ја земам за пример...Србија. Воооооооооопшто таму не игра улога,дали си од Јагодина,дали си од Београд или Пожаревац или Нови Сад.Ако си просечен човек,не игра улога. Треба да не знаеш сопствениот јазик да го говориш,да смрдиш практично,па да те наречат тежок провинцијалец од некоја рурална средина.

Секоја промена е тешка,од Карпош 1 во Нова Железничка се преселив па тешко е.Шок е,без разлика дали сум некое забаталено селско девојченце со 8-мо одд. или од фамилија чистокрвни скопјани.

се извинувам на печатни грешки.Убав ден :D
--- надополнето: Aug 26, 2011 2:41 PM ---
Чистокрвно...пфффф,чистокрвно...
--- надополнето: Aug 26, 2011 2:45 PM ---
Со раце под глава во темната соба бдеам во таванот. Менталниот клип за тоа каков ќе ми биде животот во Скопје штотуку се одмота. Безмилосно и со презир ја погледнав Саат Кулата од мојот прозор. „Конечно ќе мрднам од градов, ќе одам некаде каде што никој кур да го боли кој сум, чиј сум, на кого сум...и ќе бидам она што навистина сум“.


Со нетрпение го очекував знакот под мостот каде што пишуваше Добронидојдовте на влезот во Скопје.

Низ главата ми се вртеше помислата, „Живеам сега во Скопје, работам сега во Скопје,...еј фак...не е мала работа човек да се одлучи на ваков чекор“. Низ главата ми се вртеа филмови на еманципирани луѓе, желни нешто да направат во животот.


Конечно ќе се движам во кругови како интелектуалниот труд е далеку повреднуван од оној на кого си/чиј си и како ако мрднеш само малку на интелектуално ниво (си издал збирка мочана поезија) се доживува со лицемерен крик на нискобуџетната локална телевизија, која уствари си пополнува место во емисијата „Локални дијагонали“.

Ги замислував седенките на кафе во Аја Лезет, како пијам чај Earl Grey со млеко, бидејќи во Битола ме гледаа како да сум паднал од друга планета, а не дај Боже да те земат на „удолу“ во смисла „Шо му е на чооооеко бе браааат?! (М)Ооооооре ненормалееен“.

...


Деновите се нижеа. Декаденцијата на градот полека, полека започна да се отвора. Морзеова азбука. Бетон, асфалт, бетон, бетон, асфалт. Сето тоа спомешано со миризба на плин, бензин и огромни количество дизел.

Стрес на секое лице. Не знам дали е до Сонцето, сињакот или нешто друго, ама брчките на лицето овде изгледаат подлабоки.

Ефектот на добро настегани сардини во смрдливите автобуси те следи на секој чекор. Веќе го научив ритамот и на тоа. 7.30 сабајле, 3.30 попладне, 11.30 навечер. Секои осум саати автобусите крцкаа од луѓе испозалепени како плакати врз гнасните прозори на 5-ка, 23-ка,15-ка,57-ка...

И тука некаде низ сиот песок од нормални луѓе ќе фрлиш поглед и ќе ги забележиш малите бисерчиња - богати луѓе со гнасен материјалистички фетиш, кои со своите џипови, ферарија, масерати, бентли фрчаат низ улиците.
Успат излегуваат пред Holiday Inn да ги мрднат своите дебели машки и ултра слаби женски газови со „екслузивната“ солунска викенд роба.

Штета што кај нас нема мали лепенки за браници на коли (bumper stickers) на кои ќе пишува „Го фатив Господ за мадиња“.

...


Ги нема седенките во Аја Лезет. Премногу сум/сме зафатени да се избориме за егзистенција или сме пропаднати во длабока меланхолија за викендот кој едвај чекаме да дојде, а кога ќе дојде ...само ја сумираме измината недела и гледаме уствари колку ни е шит животот.

Контактите замираат. Градот е голем. Кој ќе се влечка од Аеродром до Радишани, од Радишани во Капиштец, од Капиштец во Ново Лисиче.

Старите...ги гледаат глупавите турско/индиски серии и приспонуваат на топлото време и бесцелното шеткање покрај кеј, собирајќи ги миризбите на смрдливот Вардар.

Сивилото е насекаде околу мене. Градот нема дух. Вештачка творевина исполнет со лажен лицеремен интелект во форма на навидум успешен човек кој својата репутација ја креира со лажен себе-идол (малку различно од егоцентричност и нарцисоизам) за она што сте го постигнал.

Со други зборови - учев многу (жими пајка), отворив бизнис, иам пари, купив јака кола, други работат за мене и општеството ми дава признание. Yeah right!

Веќе ги научив сите места низ целиот Центар и Аеродром. Кога имав некој динар, тркнав и до Тафталиџе, Маџари (која факинг дупка) и други елитни населби низ Скопје, како Чаир (транзит), Бутел и елитната Радишани (читај: Богу иза леџа).

Малото брдо, не многу поголемо до Тумбе кафе, се величи како да е Монт Блан и постојано се шират приказни до посер за тоа каааааков триумф е да се искачиш до крстот (која дебилна идеја ама ајде) и каков секс може да падне покрај патот до Видиковец или средно Водно (постојано да бидеш освелтуван од дебили со „долги“ светла...а-ха...ооуккеј...no thanks).

Младите „провинцијалци“ одвај чекаат да тркнат до родниот град. Студентите, кур ги боли. Нема мама, нема тато, цело друштво им е тука, шо ќе им се оди дома. Ќе дремат тука месец-два и ќе излегуваат во елитните ноќни клубови, при тоа неминовно е двочасовното чекање ред како за леб во 90-тите (читај: глумат лудило, пуштени од синџир).


Читај драги провинцијалецу:

Плата имаш висока во Скопје, во споредба со Битола (ова пополни го со твојот роден град). Но, те молам одбиј за кирија, сметки, живот, транспорт, окапани коски по автобуси како градски, така меѓу градски. 120 денари за шише 0,33 Скопско во Ноќен клуб, ...

Ете тоа.

Повеќе друг пат...

П.С Не одговарам на провокативни одговори на темава. Ова е јас како го гледам Скопје, ништо посебно за вас и вашето его.
Сума сумарум,си дошол тука,да речам свесно или потсвесно барајќи да те разберат,да ја најдеш сродната душа,сродниот пријател,работа-Бидејќи изборот е голем,се разбира. Е сега на што си НАИШОЛ,КАКВА ТИ Е "СРЕЌАТА" тоа е друга работа.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Едно големо браво за постот на V V not W.
Се кладам дека пола и повеќе на форумов не ни знаат што е провинција,провинцијалец. И ако така веќе размислуваме нема потреба да се викаме Македонија. Му доаѓа муабетов некако како останатите градови и села од Македонија да се окупирани од Скопје.А и во мојот живот до сега не сум слушнал некој, кој е од друг град да го употребува зборот ,,провинцијалец,, што значи ова дека ние Скопјани имаме комплекс од останатите жители на Македонија?
 
С

сашенко

Гостин
Едно големо браво за постот на V V not W.
Се кладам дека пола и повеќе на форумов не ни знаат што е провинција,провинцијалец. И ако така веќе размислуваме нема потреба да се викаме Македонија. Му доаѓа муабетов некако како останатите градови и села од Македонија да се окупирани од Скопје.А и во мојот живот до сега не сум слушнал некој, кој е од друг град да го употребува зборот ,,провинцијалец,, што значи ова дека ние Скопјани имаме комплекс од останатите жители на Македонија?
Ако го викаш провинцијалец не значи дека имаш комплекс.Дечкото што ја отвори темава сам се нарече провинцијалец иначе ;).Не е ниту навреда, ниту пак оние кои го користат зборов сакаат да навредат некого.Тоа е нормален збор и јас знам многу луѓе кои за себе си велат дека се од провинција и тука нема ништо страшно во користењето на тој збор.Што точно значи тој збор можеби ни ти незнаеш а го поставуваш овде прашањево и не направи пола форум неписмени.Луѓето го користат, и самите оние кои ние (од Скопје) ги нарекуваме така го користат тој збор.И не гледам зошто да не го користам и јас во мојот речник.Бар со луѓе кои знаат да се разберат со човек и кои не сваќаат се и сешто за навреда.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Еве бе јас не се нарекувам така и нит сакам да ме нарекуваат.Провинција е нешто од надвор во подалечна околина.Нема никаква логика Скопјани на Битолчани да ги нарекуваат провинцијалци,кога тие си се две посебни места,а и во однесувањето се прави граѓани кои не се дојдени од пичкеси.... како што се во СК од права провинција.Провинцијалци вие можете да ги викате драчевци,лисичани,чентовци итн ,за мене провинција се селата во околина.Зашто тие се тие што се вртат околу градот а не другите градови околу Скопје,не е тој центарот на светот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom