Непоимливо ни е затоа што уште од мали нозе не имаат задоено во хипотезата на Дарвинизмот, уште од мали нозе не индоктринирале дека диносаурсите изумреле од некоја мистериозна комета пред. ни повеќе ни помалку, туку 65 милиони години, а демек човекот се појавил пред 3 милиони години. Човечкиот мозок работи на тој начин да кога ќе слушне конкретни бројки, речиси и да не се сомнева дека тоа се проверени факти, а всушност се работи за бројки извадени од изрежирани геолошки Дарвинистички таблици.
Околу доказот, мораме да бидеме претпазливи каков доказ очекуваме. Ако некој очекува фосил на диносаурус и човек како се држат за рака, или како човекот го шета со јаже врзан диносаурусот, тогаш за жал но таков доказ нема. Но нема ни фосил на човек како шета со јаже врзано куче, па сепак сведоци сме дека денес ние живееме заедно со кучињата итн.
Секундарни докази, какви и што може да се очекува, има повеќе:
1. Најдени се на исто место стапки од диносаурс и човек. Погледни го линков:
http://www.answersingenesis.org/creation/v18/i4/dinosaurs.asp
2. Имаме докази и од етнологијата. Имено постојат многу антички документи каде што луѓето пишувале за разни змејови, ѕверови, животни кои ги опишувале неверојатно слично како подоцна најдените фосили од диносаурси. Нормално тие не ги нарекувале „диносауруси“, затоа што тој термин и релативно нов и поттекнува од 19 век. Дури и во Библијата се спомнуваат овие животни, со карактеристики на диносауруси. Очигледно е дека античките луѓе ги имале видено диносаурусите и затоа оралната традиција (а и пишаната) веродостјно го пренела сето тоа. Во спротивно античките луѓе воопшто не би знаеле за диносаурусите.
3. Минатиот век археолозите во Веракруз, Мексико пронашле занимливо археолошко наоѓалиште. Меѓу бројните предмети археолозите пронашле повеќе од30 000глинени фигури од кои
неколку илјади ги претставувало диносаурусите.
http://www.answersingenesis.org/creation/v24/i2/thunderbirds.asp
http://www.genesispark.com/genpark/ancient/ancient.htm
Од каде знаеле тогашните луѓе како изгледаат диносаурсите за да ги обликуваат од глината или да ги насликаат на неа? Очигледно или виделе, или пак нивните предци им пренеле.
4. Најдени се фосили од диносаурус кој што содржел ткиво со се уште нераспаднати делови од хемоглобин, нешто што теоретски е невозможно да опстане 65 милиони години.
http://adsabs.harvard.edu/abs/1997PNAS...94.6291S
"Finally, when dinosaurian tissues were extracted for protein fragments and were used to immunize rats, the resulting antisera reacted positively with purified avian and mammalian hemoglobins. The most parsimonious explanation of this evidence is the presence of blood-derived hemoglobin compounds preserved in the dinosaurian tissues."
(Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, Volume 94, Issue 12, pp. 6291-6296)
Ова се некои од доказите, а за повеќе можеш да прочиташ на овој веб сајт:
http://www.answersingenesis.org/get-answers#/topic/dinosaurs