Како што еднаш пишав порано занесен сум од азиското кино ама овојпат по многуте корејски решив да сменам малце и да изгледам и еден кинески филм. И една скајп-другарка од Кина ми го препорача
Ip Man (2008)
И самата оценка на имдб е доволна препорака да го погледнете филмов, посебно оние кои малку од малку сакаат филмови со боречки вештини. Одлично снимен, со драматични случувања, многу добри борбени сцени, како што читав на вики многу малку биле користени жици, јажиња, при снимањето пошто и главниот актер и самиот практикува боречки вештини па не му било посебен проблем снимањето на сцените. Инаку станува збор за биографски филм за еден од најголемите кунг-фу учители во Кина. Случувањата се во периодот пред и за време на Втората Светска Војна кога Јапонија ја напаѓа Кина. Јапонците дури и му нудат на Ip Man да ја тренира јапонската армија, што овој нормално го одбива. Погледнете што се случува потоа
П.С. И стандардно за кинеска...многу убаа женичка има Ip Man-ов
П.П.С. Уште на крај кога прочитав дека царов бил и учител на Брус Ли....