Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Протести во Велес против

полициската бруталност

Стоп за полициската бруталност и казна за убиецот на Мартин Нешкоски. Ова беше пораката која попладнето ја испратија педесетина велешани, на протестот по повод убиството на младиот скопјанец.
По Скопје, Битола и Струмца, Велес е четвртиот град во кој граѓаните го кренаа својот глас, против полициското насилство.
„Тука сме да изразиме едно незадоволство, бидејќи ниедно службено лице во нашата држава, неможе на никого да му пресуди и таков грозен чин. Затоа што сите знаеме, секој граѓанин си ги знае своите права и должности. Во нашава држава во законот стои, дека нема смртна казна, така да ниедно службено лице, неможе да му го пресуди тоа
- За да имаш лична одговорност, треба да имаш лице. За да плукнеш некому во лице, истиот тој треба да има лице. За се треба лице и тука лежи личната одговорност. Како можеме да бараме одговорност од некои што немаат лице. Инаку оној што нема одговорност, нормално немаат лична лична одговорност, зошто и самите тие немаат лик.
Како млад човек се чувствуваш ли безбеден во оваа држава?
- За некои работи може се чувствувам, а за некои не се чувствувам и не сум безбеден “, велат граѓаните на Велес.
Протестот почна сламежливо, околу 17 часот и 30 минути, кога дваесетина млади истакнаа транспарент. Но, откако се појавија камерите, велешани почнаа да се собираат во се поголем број.
Собирот на велешани во младинскиот парк, два дена беше организиран преку социјалните мрежи. Но очигледен е стравот кај младите луѓе од Велес, јавно да излезат и да го искажат својот револт, затоа и присутноста на денешниот собир беше мала.
Протестите во Велес ќе продолжат секој ден во 17 часот и 30 минути во младинскиот парк, а организаторите ги повикаа сите велеашни да го кренат својот глас против полициската бруталност.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=139225
 
С

Спенсер

Гостин
Дечкото чиј што пост од блог го имаше на Вашингтон Поуст, во понеделник преку Скајп во живо ќе оди на Ал Џезеира.
--- надополнето: Jun 12, 2011 1:34 AM ---
Далеку стигнал мојот комшија значи :)

Иначе,каде може да се види тој пост?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Да има кај нас Геј Парада 90% од форумот би се радувале ако полицијата ги тепа хомосексуалците;).И неможе никој да ме убеди во спротивното.
http://www.hrt.hr/index.php?id=48&tx_ttnews[tt_news]=119414&tx_ttnews[backPid]=38&cHash=86ab617ff2
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=76324
Истиве овдека што фрлале со камења,петарди врз друга група луѓе, истите тие утре ќе излезат да протестираат затоа што полицијата ги привела.Е што да им прави?Цуцла да им даде?
и која е поентава на твојов пост ?Oсвен ако сакаш метафорички да кажиш дека и покојниот бил геј (па така би го оправдале убиството)? Слободно искажи се,не чувај го во себе , и така веќе некои го направија најтежок наркоман,криминалец , "терорист"...

иначе браво за Внукот .
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Дечкото чиј што пост од блог го имаше на Вашингтон Поуст, во понеделник преку Скајп во живо ќе оди на Ал Џезеира.
.
Ќе му снема интернет во понеделник. Миљон посто.
 

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
31
Абе какво распуштање што ви е??? Не живиме у Норвешкаааа -знаете дека деца носат калаши по улица пљачкаат убиваат. Единствено треба да се побара зголемена контрола врз припадниците како и нивно дисциплинирање.

И јас сум за истото ако не се тие ке владее дрогата оружјето и многу други работи.Тие спречуваат многу работи да се разбереме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=610111925365&id=13&prilog=0&setIzdanie=22302
Но јас нема да се задоволам само со казнувањето на крвникот и со вистинско реформирање на МВР, а не само за потребите на онаа досадна Европска Унија, оти ако ја реформираат полицијата како шпанската или грчката, фала им, не сакам. Мене ме интересира кој и како ќе ги казни медиумите и политичките партии, нивното перверзно однесување за профит, погазувањето на секоја човечка особина заради лични потреби и омаловажувањето на сопствениот народ, третирајќи го како неписмена раја. Каде да се бара правдата за гнасотиите што се излеваат сиве овие денови по убиството на момчето?

Една колумна која мислам дека треба да се прочита.
Прекрасен текст,особено овој дел:
Но јас нема да се задоволам само со казнувањето на крвникот и со вистинско реформирање на МВР, а не само за потребите на онаа досадна Европска Унија, оти ако ја реформираат полицијата како шпанската или грчката, фала им, не сакам. Мене ме интересира кој и како ќе ги казни медиумите и политичките партии, нивното перверзно однесување за профит, погазувањето на секоја човечка особина заради лични потреби и омаловажувањето на сопствениот народ, третирајќи го како неписмена раја. Каде да се бара правдата за гнасотиите што се излеваат сиве овие денови по убиството на момчето? И не само овие денови. Пред неколку дена, точно на 5 јуни вечерта, откако во Македонија се одржаа најмирните досега избори, мене ми дојде желбата да поднесам тужба против СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и преостанатата ситна политичка помија, А1 и Сител на чело, а преостанатите медиуми по нив, затоа што цел месец нé убедуваа и паничеа, поттикнувајќи на изборно крвопролевање. Јас сакам правда, дефинирање на злото и казнување на истото. Цел месец нé држеа под стрес, фармацевтските компании кренаа профит, се молевме да не ги впрегнат своите малоумни партиски војски, кои ќе донесат крв, уредниците на двете гореспоменати телевизии ни го покажаа дното на немање новинарска етика, за на крајот сите партиски лидери да излезат и да кажат дека народот докажал, демек знае што е демократија. Напротив, народот не докажа дека знае што е демократија, затоа што НАРОДОТ ЗНАЕ ШТО Е ДЕМОКРАТИЈА. Народот докажа дека сите вие до еден сте луди, спремни за изолирано набљудување, оти сте подготвени на сé за материјална профит. А таму кај што е материјалната профит, нема Бог, нема душа, нема човечност, затоа и сте непотребни на оваа земја и планета.

-------------------------------------------

Потребно е и протест против медиумите! И против оние кој не сметаат за мајмуни,племето нивно крвничко.
Како што би рекол авторот, или нека не бранат или нека не остават да се наоружаме за сами да се браниме.
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Потребно е и протест против медиумите! И против оние кој не сметаат за мајмуни,племето нивно крвничко.
Како што би рекол авторот, или нека не бранат или нека не остават да се наоружаме за сами да се браниме.

Во тоа те подржувам. Мора да престанат да прават идиоти од нас. За пофалба е што конечно се обедини младината и го крена својот глас и покажа дека народот не е закржлавен како они што мислат па не фарбаат со нивни евтини финти!! Мора ли тоа медиумите да бидат нечии платеници?? Зошто политичарите секогаш се обраќаат како да сме идиоти - како да сме некое неписмено племе!!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Потребно е и протест против медиумите! .
Најуспешен протест против медиумите е нивен бојкот, прекинете да им ги гледате глупите утрински емисии, нивните вести, турско индиско јужноамерикански серии и има да се струполат на земја толку бргу и ненадејно колку што ќе си заминат тие што плаќаат реклама кај нив.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најуспешен протест против медиумите е нивен бојкот, прекинете да им ги гледате глупите утрински емисии, нивните вести, турско индиско јужноамерикански серии и има да се струполат на земја толку бргу и ненадејно колку што ќе си заминат тие што плаќаат реклама кај нив.
Јас оддамна не ги гледам,но еве уште постојат и создаваат револт. Можеби ако организирано ги блокираме преку социјалните мрежи ќе изгнијат.
 
K

kalimer0

Гостин
Најуспешен протест против медиумите е нивен бојкот, прекинете да им ги гледате глупите утрински емисии, нивните вести, турско индиско јужноамерикански серии и има да се струполат на земја толку бргу и ненадејно колку што ќе си заминат тие што плаќаат реклама кај нив.
Последен пат сум гледал тв 1974...
Сериозно тв гледам само кога има некој настан како евровизија, спортски натпревар и слично инаку воопшто не гледам.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас оддамна не ги гледам,но еве уште постојат и создаваат револт. Можеби ако организирано ги блокираме преку социјалните мрежи ќе изгнијат.
Па целната група е повозрасна публика, и да се организира општ бојкот сеуште остануваат јавувачите во емисии.

Значи ќе застанеш пред телевизор од денеска натаму нема телевизија гледање, ти мамо ќе везиш гоблени нема да гледаш индиски серии, а ти тато ќе ги баталиш вестите и ќе одиш да играш со другарите билијард со чинетки :).

Немам видено таков билијард сто години.....
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Премногу е жалосно тоа што се случи и навистина револтира тој полициски гнев стекнат на којзнае каква основа кој што буквално се истура на невини луѓе. Знаеме дека премногу и си дозволуваат оние што се на некој чин во државава, макар и да е најнизок. Убиецот мора да си ја добие заслужената казна, да биде санкциониран на соодветен начин и покрај тоа што еден млад живот е згаснат и што болката кај семејството нема да згасне. Не се согласувам со тоа да се распушти целата специјална полициска единица, тука би требало да се изврши повторна селекција на луѓе кои што физички (многу нормално) и психички се спремни да ја извршуваат својата одговорност и да се воведат најстроги казни за оние што ќе ги прекршат законите и човековите права.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom